Министерство за образование и наукa
на Република Македонија

 

ул. Мито Хаџивасилев - Јасмин бб

1000 Скопје Република Македонија

e-пошта:  stipendii@mon.gov.mk

Помош, постави прашање...
Место каде што посетителите на порталот за стипендии, пракси, курсеви, семинари и научни конференции, може да постават прашање кое ке биде проследено до администраторите на порталот и доколку е потребно истото ќе биде одговорено...

БЕЛЕШКИ БЕЛЕШКИ

Место кое служи за поставување на одредени белешки, линкови во врска со порталот..

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Дали можам да пополнам електронска пријава доколку веќе еднаш имам пополнето, но со погрешен податок, или имам направено несакана грешка?

Веќе еднаш пополнета електронска пријава може да се провери, доколку сметате дека некои внесени податоци не се точни, само со идентификациониот број и со матичниот број во делот за Проверка на податоци. Доколку воочите грешни податоци, повторно пополнете ја електронската пријава.

Дали можам да си ги проверам податоците што ги имам внесено во електронската пријава?

Во делот за Проверка на податоци може да ги проверите веќе внесените податоци, со внесување на идентификациониот број и со Вашиот матични број.

Дали може да донесам копија од Уверение за државјанство и дали може да биде постаро од 6 месеци?

Може да донесете копија од Уверение за државјанство и може да биде и постаро од месеци.

Дали мора лично да ги доставам документите?

Документите може да ги достават и Ваши поблиски роднини, доколку сте оправдано отсутни и доколку документите се комплетирани.

Дали морам да го испечатам идентификациониот број?

Доколку немате принтер, идентификациониот број може и да го запишете, а истиот ќе треба да го доставите со целокупната документација наведена во Конкурсот.

До кога трае електронското пријавување?

Електронското пријавување за КОНКУРС за доделување стипендии на студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2011/2012 година почнувајќи од 22.11.2011 година од 12h до 12.12.2011 година.

Доколку имам потешкотии со пополнувањето на електронската пријава, каде може да се обратам за помош?

За дополнителни информации може да се информирате на тел 02 3 140 147 или на stipendii@mon.gov.mk.

Зошто кога внесувам приход од татко, (Пр. 10.000 денари) ми јавува грешка?

При внесување на плата од родителите (татко, мајка, други), како и во графите за приходи од УЈП, се внесува целиот износ без запирка, точка или празно место.

Каде,кои и кога се доставуваат документите за стипендии на студенти на додипломски студии од универзитети и високообразовни установи во Р.М за11/12год

Доколку сте аплицирале за стипендија потребно е во студенски дом Кузман Јосифовски Питу, ул. Митрополит Теодосиј Гологанов – Скопје, од 14.12.2011 – 28.12.2011 година, од 09-16 часот, да ги донесат следните документи:
1. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2011/2012 година
2. Идентификационен број од успешно пополнета електронската пријава
3. Уверение со бројот на предвидените и положени испити од претходните години, заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk
4. Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за 2010 година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат
5. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за месец септември 2011 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата; за пензионираните членови на семејството да достави документ за висина на пензија; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат); за починат родител да се достави копија од извод на умрените; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку прима алиментација истата како приход да биде прикажана под други приходи, за корисници на социјална помош да се достави решение или чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за учениците и студентите (браќа, сестри) потврда од училиштето, односно факултетот или др
6. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија или кредит, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk
7. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk
8. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија
9. Индекс на увид

Каде можам да ги најдам потребните документи кои што треба да ги приложам во дадениот термин?

На www.stipendii.mon.gov.mk, во делот Потребни документи, може да ги најдете и испечатите бараните документи.

Каде се доставува жалба, доколку ме нема на список?

Жалбите се доставуваат до Комисијата, односно до архивата на Министерството за образование и наука, ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин бб, 1000 Скопје, а исто така и на местата каде што се поднесуваат документите.