«Назад

Стипендија за студирање на Московскиот државен институт за меѓународни односи

Согласно одлуката на Претседателот на Руската Федерација, Московскиот државен институт за меѓународни односи при Министерството за надворешни работи на Руската Федерација за академската 2017/2018 година доделува една стипендија за студирање на кандидат од Република Македонија.

За аплицирање потребни се следните документи:

1) Документ за завршено средно образование (во прилог на документот, составен на еден од националните јазици на Руската Федерација или на странски јазик, потребно е да се приложи и превод на руски јазик, заверен во руско нотаријално биро, или во конзулатот на Руската Федерација во земјата каде е издаден документот);
2) Копија од лична карта и пасош;
3) 2 фотографии 3 x 4 цм (црно – бели);
4) Лична биографија;
5) Мотивациско писмо;
6) Две препораки
7) Пријава на македонски јазик и
8) Пријава на англиски јазик

Документите во два примерока се доставуваат до Министерството за образование и наука, Сектор за наука и технолошки развој, ул. „Свети Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје, Република Македонија. Краен рок за аплицирање е 16.06.2017 година.

Доколку нема познавања на рускиот јазик, предвидено е избраниот кандидат да посетува подготвителна јазична настава пред уписот на високо образовната установа.

Подетални информации можат да се обезбедат на www.mgimo.ru.
Лице за контакт во Министерството за образование и наука - Гоце Видановски, (02) 3 140 185 и 076 485 061

Следно
Коментари
Trackback URL:

Уште нема коментари. Бидете прв.

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области