«Назад

Конкурс за доделување на стипендии за последипломски студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија - Охрид

            Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14 и 145/15) и член 3-аод Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13, 98/13, 10/14, 88/14, 74/15 и 140/15),Mинистерството за образование и наука распишува

           

КОНКУРС

за доделување на стипендии за последипломски студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија - Охрид за академската 2015/2016 година

 

1. Министерството за образование и наука за студиската 2015/2016 година ќе додели 20(дваесет) стипендии за последипломските студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија - Охрид.      

 

 I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

 1.да е запишан на студии од втор циклус на ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија - Охрид првпат во прва година, односно ја запишалвторатагодина со освоени најмалку две третини од предвидените кредити по ЕКТС системот;

2.да има завршено академски студии од прв циклус во траење од три, односно четири години и постигнат просечен успех од прв циклус на студии од најмалку 7,50;

3. да не е корисник на друга стипендија и

4. да има активно познавање на англиски јазик, зашто е потребно да достави сертификат.

 

 

 

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Кандидатите, кои се пријавиле по конкурсот, потребно е да ги достават следните документи:

·  Пријава

·Диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех (заверени на нотар);

· Потврда дека кандидатот е примен првпат во прва година на студии од втор циклус во академската 2015/2016година на ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија - Охрид.  

· Своерачно потпишана изјава дека кандидатотне е корисник на стипендија за последипломски студии од вторциклус од други даватели (заверена на нотар);

· Потврда за познавање на англиски jазик,

Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

Потребните документи за доделување на стипендиите за академските студии од втор циклус може да се доставуваатво оригинал или копии заверени на нотар. 

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

На корисникот на стипендијата ќе  му бидат покриени трошоците за студирање во согласност со член 3-астав 2од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13, 98/13, 10/14, 88/14, 74/15 и 140/15).

 

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Рок за доставување на документите до Министерствотозаобразование и наука:30.10.2015 година.

Документите да се достават на адреса или во писарницата на:

Министерството заобразование и наука

ул.„Св. Кирил и Методиј” бр. 54

(Зграда на Нова Македонија)

1000 Скопје

(со назнака стипендии за студии од вто рциклус  на ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија - Охрид)

 

Основен критериум за добивање на стипендијата е пријавата на кандидатот да биде прифатена од ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија - Охрид.

При еднаков број на бодови при рангирањето на пристигнатите пријави, предност ќе се даде на кандидатот кој остварил подобар успех од додипломските студии.

Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат.

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука.

Контакт лица:

Дарко Томовски +389 2 3140 183, e-mail: darko.tomovski@mon.gov.mk

Андреа Алексовски + 389 2 3140 185, e-mail:andrea.aleksovski@mon.gov.mk

Коментари
Trackback URL:

Уште нема коментари. Бидете прв.

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области