«Назад

Конкурс за доделување на стипендии за последипломски студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија - Охрид за академската 2016/2017 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16) и член 3-а од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13, 98/13, 10/14, 88/14, 74/15, 140/15 и 178/15),Mинистерството за образование и наука распишува

           

КОНКУРС

за доделување на стипендии за последипломски студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија - Охрид за академската 2016/2017година

 

1. Министерството за образование и наука за студиската 2016/2017 година ќе додели 30 (триесет) стипендии за последипломските студии на ЈНУ Институт за филм, Филмска академија – Охрид и тоа:      

Сценарио и драматуригија (screenwriting) 5 стипендии

Режија  (directing) 5 стипендии

Креативна продукција  (creative production) 5 стипендии

Kамера (cinematography) 5 стипендии

Монтажа (film editing) 5 стипендии 

Монтажа и дизајн на звук (sound design) 5 стипендии

 

 I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

 1. да е запишан на студии од втор циклус на ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија - Охрид првпат во прва година

2. да има завршено академски студии од прв циклус во траење од три, односно четири години;

3. да не е корисник на друга стипендија и

4. да има активно познавање на англиски јазик, за што е потребно да достави сертификат.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Кандидатите, кои се пријавиле по конкурсот, потребно е да ги достават следните документи:

•  Пријава

• Диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех (заверени на нотар);

• Потврда дека кандидатот е примен првпат во прва година на студии од втор циклус во академската 2016/2017 година на ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија – Охрид и катедрата на која  е примен

• Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за последипломски студии од втор циклус од други даватели (заверена на нотар);

• Потврда за познавање на англиски jазик, 

Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

Потребните документи за доделување на стипендиите за академските студии од втор циклус може да се доставуваатво оригинал или копии заверени на нотар. 

Кандидатите од странство кои се пријавиле на Конкурсот и ги доставиле сите потребни документи на англиски јазик имаат право во рок од еден месец од пристигнувањето во Република Македонија да ги достават преводите на македонски јазик на овие документи до Министерството за образование и наука. 

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

На корисникот на стипендијата ќе  му бидат покриени трошоците за студирање во согласност со член 3-а став 2 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13, 98/13, 10/14, 88/14, 74/15 и 140/15). 

Годишната стипендија (уписнина) изнесува 9000 евра во денарска противвредност.  Министерството за образование и наука ќе ги исплати  средствата за уписнина на високообразовната установа за првата година од студиите, а уплатата на уписнината ќе продолжи во наредните години доколку корисникот ги исполнил обврските од првата односно втората година утврдени во статутот на високообразовната установа, за што треба да достави доказ до Министерството.

 

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Рок за доставување на документите до Министерството за образование и наука: 30.09.2016 година.

Документите да се достават на адреса или во писарницата на:

Министерството за образование и наука

ул. „Св. Кирил и Методиј” бр. 54

(Зграда на Нова Македонија)

1000 Скопје

(со назнака стипендии за студии од втор циклус  на ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија - Охрид)

 

Основен критериум за добивање на стипендијата е пријавата за студирање на кандидатот да биде прифатена од ЈНУ Институтот за филм, Филмска академија - Охрид.

При еднаков број на бодови при рангирањето на пристигнатите пријави, предност ќе се даде на кандидатот кој остварил подобар успех од додипломските студии.

Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат.

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука.

Контакт лица:

Дарко Томовски +389 2 3140 183, e-mail: darko.tomovski@mon.gov.mk

Анастасија Трајковска e-mail:anastasija.trajkovska@mon.gov.mk

 

 

Në bazë të nenit 55 paragrafi 1 nga Ligji për organizimin dhe funksionimin e administratës shtetërore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 dhe 51/11), nenit 52 nga Ligji për veprimtarinë kërkimore-shkencore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14 dhe 145/15) dhe nenit 3-a nga Rregullorja mbi procedurën për financimin, krijimin dhe trajnimin e kuadrit kërkimor-shkencor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 18/12, 64/13, 98/13, 10/14, 88/14, 74/15, 140/15 dhe 178/15), Ministria e Arsimit dhe Shkencës shpall:

KONKURS
Për ndarjen e bursave për studime postdiplomike në ISHP Institutin e filmit, Akademia e filmit – Ohër për vitin akademik 2016/2017

 

1. Ministria e Arsimit dhe Shkencës për vitin akademik 2016/2017 do të ndajë 30 (tridhjetë) bursa për studime postdiplomike në ISHP Institutin e Filmit, Akademia e filmit – Ohër:


 Skenari dhe dramaturgjia (screenwriting) 5 bursa
 Regji (directing) 5 bursa
 Produksioni kreativ (creative production) 5 bursa
 Kamerë (cinematography) 5 bursa
 Montazh (film editing) 5 bursa dhe 
 Montazh dhe dizajn i zërit (sound design) 5 bursa


I. KUSHTET PËR NDARJEN E BURSAVE

Të drejtë për bursë ka kandidati i cili plotëson kushtet e mëposhtme:
1. të jetë i regjistruar në studime të ciklit të dytë në ISHP Institutin e filmit, Akademia e Filmit Ohër- për herë të parë në vitin e pare; 
2. të ketë përfunduar studimet akademike të ciklit të parë me kohëzgjatje tre apo katër vjet;
3. të mos jetë shfrytëzues i një burse tjetër dhe
4. të ketë njohuri aktive të gjuhës angleze, për të cilën është e nevojshme të dorëzon çertifikatë.

II. DOKUMENTET E NEVOJSHME
Kandidatët, të cilët kanë aplikuar në konkurs, duhet t’i dorëzojnë dokumentet e mëposhtme:

• Fletëparaqitje
• Diplomë e studimeve të kryera akademike të ciklit të parë dhe çertifikatë e notave (të noterizuar); 
• Vërtetim se kandidati është pranuar për herë të parë në vitin e parë të studimeve të ciklit të dytë në vitin akademik 2016/2017 në ISHP Institutin e Filmit, Akademia e Filmit – Ohër dhe dega në të cilën është i/e pranuar. 
• Deklaratë e nënshkruar nga vetë kandidati që ai nuk është përfitues i një burse për studime postdiplomike të ciklit të dytë nga ofrues tjetër (e noterizuar);
• Vërtetim për njohjen e gjuhës angleze. 
Dokumentet e lëshuara nga institucionet në vendet e tjera duhet të përkthehen në gjuhën maqedonase nga përkthyesi gjyqësor përkatës. 
Dokumentet e nevojshme për aplikim mund të dorëzohen në formë origjinale ose kopje të noterizuara.

III. LARTËSIA E BURSËS

Përfituesve të bursave do t’u mbulohen shpenzimet sipas nenit 3-a paragrafi 2 nga Rregullorja mbi procedurën për financimin, krijimin dhe trajnimin e kuadrit kërkimor-shkencor (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 18/12, 64/13, 98/13, 10/14, 88/14, 74/15 dhe 140/15). 
Bursa vjetore (pagesa e regjistrimit) është 9000 euro në denarë. Ministria e Arsimit dhe Shkencës do t'i paguajë mjetet për regjistrim institucionit të arsimit të lartë për vitin e parë të studimeve, dhe pagesa e shkollimit do të vazhdojë edhe në vitet e ardhshme, nëse përfituesi ka përmbushur detyrimet nga viti i parë, respektivisht vitit të dytë të përcaktuar në statutin e institucionit të arsimit të lartë, meqë duhet të paraqet dëshmi në Ministrinë.

IV. MËNYRA DHE AFATI I APLIKIMIT

Afati për dorëzimin e dokumenteve në Ministrinë e Arsimit dhe Shkencës: 30.09.2016
Dokumentet duhet të dorëzohen në adresën ose arkivin:
Ministria e Arsimit dhe Shkencës 
Rr. "Shën Qirili dhe Metodi" nr. 54 
(Ndërtesa e Nova Makedonija), 
1000 Shkup 
(me shënim "Bursa për studime të ciklit të dytë në ISHP Institutin e Filmit, Akademia e Filmit - Ohër.

Kriteri kryesor për marrjen e bursës është që aplikacioni i kandidatit të pranohet nga ISHP Instituti i Filmit, Akademia e Filmit - Ohër.
Në raste të paraqitjes së numrit të barabartë të pikave gjatë rangimit të aplikacioneve të pranuara, përparësi do t'i jepet kandidatit i cili ka arritur rezultate më të mira nga studimet deridiplomike.
Dokumentacioni i pakompletuar dhe i dorëzuar me vonesë nuk do të merret parasysh. 
Të dhëna mbi kushtet dhe kriteret në bazë të cilave do të ndahen bursat mund të merren në Ministrinë e Arsimit dhe Shkencës.

 


Personat për kontakt:
Darko Tomovski +389 2 3140 183, e-mail: darko.tomovski@mon.gov.mk
Anastasija Trajkovska, e-mail:anastasija.trajkovska@mon.gov.mk

Следно
Коментари
Trackback URL:

Уште нема коментари. Бидете прв.

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области