Јавен повик од Универзитетскиот центар на Франкофонијата од Сегедин за Европски Магистерски студии на француски јазик

Јавен повик од Универзитетскиот центар на Франкофонијата од Сегедин за Европски Магистерски студии на француски јазик

 

 

            Факултетот за правни и политички науки на Универзитетот во Сегедин организира меѓународни магистерски студии на француски јазик, наменети  за европски и меѓународни студенти.

            Студиите траат две години, а по нивното завршување студентите добиваат диплома од Универзитетот во Сегедин и од Универзитетот за политички науки во Лил, Франција.

Сите информации (вклучувајќи и детален план за обука, правилата за стипендија, како и информации за процесот на аплицирање) можат да се обезбедат на следната веб страна:

http://www2.u-szeged.hu/cuf/specialite-en-etudes-europeennes

 

Рокот за пријавување е 15 јуни 2015 година.

Известување за стипендии од Италијанска Влада за македонски државјани за академската 2015/2016 година

Известување

за стипендии од Италијанска Влада за македонски државјани за академската 2015/2016 година

 

Италијанска Влада доделува стипендии за македонски државјани за академската 2015/2016 година наменети за:

·         Напредни курсеви за усовршување на италијанскиот јазик за студенти по италијански јазик ( до 3 месеци);

·         Курсеви за италијански јазик и култура за доценти по италијански јазик

(до 1 месец);

·         Студии за високо  уметничко и музичко образование;

·         Додипломски (редовни ) студии (само за лицата кои сакаат да ја обноват стипендијата веќе доделена во претходната академска година);

·         Последипломски студии:

-       Магистерски,

-       Истражувачки докторски студии,

-       Специјализации и

-       Други истражувачки активности.

Подетални информации и целосна објава на Конкурсот се достапни на веб страницата:www.ambskopje.esteri.it, како и при одделот за култура во Амбасадата на Италија во Скопје.

Апликацијата треба да биде целосно пополнета и испратена online до 13 мај 2015 година.

Конкурс за доделување на стипендии за последипломски студии во Јапонија за 2016-2018 година

К О Н К У Р С

за доделување на стипендии за последипломски студии од Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија (Monbukagakusho: MEXT) на Јапонија за 2016-2018 година

 

Доделените стипендии се однесуваат за усовршување или последипломски студии.

а) Усовршување: времетраењето на стипендиите е 2 години (април 2016 - март 2018 год.) или 1,5 години (октомври 2016 -  март  2018 год.).

б) Последипломски студии - магистратура или докторат (април или октомври 2016година).

Првите шест месеци од престојот се посветени на изучување на јапонскиот јазик.

 

Стипендиите се наменети за усовршување или последипломски студии во сите научни области. На кандидатите не им е дозволено да се усовршуваат или да ги реализираат последипломските студии во Јапонија во област која што не е сродна со областа во која што ги завршиле своите додипломски студии.

 

Заинтересираните кандидатитреба да ги исполнуваат следните услови:

1.     да се државјани на Република Македонија;

2.     да не се постари од 35 години во времето на отпочнување на престојот во Јапонија;

3.     да се имаат стекнато со универзитетска диплома, или да се пред завршување на студиите (да дипломираат до март или септември 2016 год.);

4.     да бараат усовршување во својата или сродна научна област;

5.     да се согласни да го изучуваат јапонскиот јазик.

 

Стипендијата вклучува:

1.     месечен надоместок:~143.000–145.000 јапонски јени/месец;

2.     авионски билет (Македонија –Јапонија-Македонија);

3.     школарина.

 

Потребни документи за конкурирање:

(1)     Пријава (веб страна на МОН);

(2)     Пополнета апликација (веб страна на МОН);

(3)     Област на студии и Програма за планот на истражување (веб страна на МОН);

(4)     Четири (4) оригинални фотографии  (4,5 x 3,5 см)

(5)     Диплома за завршен факултет (оригинал или фотокопија заверена на нотар) и  нејзин превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;

(6)     Уверение за положените испити со оцени и просечен успех (оригинал или фотокопија заверена на нотар) и негов превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;

(7)     Препорака од универзитетски професор (веб страна на МОН);

(8)     Препорака од работодавецот на англиски јазик (за кандидатите кои се вработени);

(9)     Абстракт од тезите на англиски јазик;

(10)   За кандидати од областа на уметноста или музиката: фотографија на лично изработено дело или снимено музичко дело на ЦД.

 

Сите документи се приложуваат во  3 примероци (1 оригинал и 2 обични фотокопии) во архивата на Министерството за образование и наука (поранешна зграда на Нова Македонија – приземје) или по пошта на адреса: Министерство за образование и наука, Сектор за наука и технолошко-технички развој, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.

 

Потребните документи за поднесување на кандидатитурите, како и подетални информации може да се најдат тука.

 

Лице за контакт: Јулијана Балевска, Сектор за наука и технолошко-технички развој, e-mail: julijana.balevska@mon.gov.mk тел: +389 2 3140 186.

 

Краен рок за пријавување: 22 мај 2015 година

 

 

KONKURS

 

për ndarjen e bursave për studime pasdiplomike nga Ministria e Arsimit, Kulturës, Sportit, Shkencës  dhe Teknologjisë (Monbukagakusho: MEXT) të Japonisë për vitin 2016/2018

 

Bursat  e dhëna dedikohen   për aftësim   profesional ose studime  pasdiplomike .

 

a) Për aftësim: kohëzgjatja e bursave është 2 vite ( prill 2016 - mars 2018 ) ose 1vit e gjysëm ( tetor 2016 - mars 2018).

b) Studime pasdiplomike  - magjistratur ose doktoratur  ( prill ose tetor 2016).

Gjashtë muajt e parë të qëndrimit i  përkushtohen mësimit të gjuhës japoneze.

Bursat janë dedikuar për aftësim  ose për  studime pasdiplomike në të gjitha lëmit shkencore. Kandidatëve nuk u lejohet të aftësohen ose t'i realizojnë studimet pasdiplomike në Japoni në lëmin e cila nuk ka ngjajshmëri  me lëmin  në të cilën i kanë përfunduar studimet deridiplomike,

 

Kandidatët e interesuar duhet t'i plotësojnë kushtet në vazhdim:

1. të jenë shtetas të  Republikës së Maqedonisë;

2. të mos jenë më të vjetër se  35 vjeç   në momentin  e  fillimit të qëndrimit në Japoni;

3. të jenë të  pajisur me diplomë universitare, ose të jenë para përfundimit të studimeve ( të diplomojnë deri në mars ose shtator të vitit 2016);

4. të kërkojnë aftësim në lëmin  e vetë ose lëmin e ngjajshme  shkencore;

5. të pajtohen për të mësuar gjuhën japoneze.

 

Bursa përfshinë:

 

1. pagesë mujore: ~143.000–145.000jeni japoneze / muaj;

2. biletë aeroplani ( Maqedoni - Japoni - Maqedoni);

3. pagesë për shkollim

 

      Dokumentet e nevojshme për konkurrim:

 

(1) Fletëparaqitje  ( në  web faqen  e MASH - it)

(2) Aplikacion i plotësuar ( në web faqen  e MASH - it)

(3) Lëmia e studimeve dhe Programi për plan hulumtimin  ( në web faqen  e MASH - it);

(4) Katër ( 4) fotografi origjinal  ( 4,5 x3,5 cm)

(5) Diplomë për fakultetin e kryer ( origjinal ose fotokopje të vërtetuar në noter) dhe përkthimi  në gjuhën angleze nga përkthyes gjyqësore.

(6)Vërtetim për provimet e dhëna me  notë mesatare  ( origjinal ose fotokopje të vërtetuar në noter) dhe përkthim  në gjuhën angleze nga përkthyes gjyqësore.

(7)Rekomandim nga profesor universitar ( në web faqen  e MASH-it)

(8) Rekomandim nga punëdhënësi në gjuhën angleze ( për kandidatët të cilët janë të punësuar);

(9) Abstrakt të tezave në gjuhën angleze;

(10) Për kandidatët nga fusha e artit ose muzikës : fotografi nga  vepra  e  punuar personalisht ose vepër muzikore të incizuar në CD.

 

Të gjitha dokumentet dorëzohen në tri shembuj ( 1 origjinal dhe 2 fotokopje të zakonshme ) në Arkivin e Ministrisë së Arsimit dhe Shkencës ( ndërtesa e mëparshme “ Nova Makedonija” - kati përdhesë ) ose perms postës  në adresën : Ministria e Arsimit dhe Shkencës, Sektori për shkencë dhe zhvillim teknologjik - teknik), Rr. “ Shën. Kirili dhe  Metodi” nr. 54, 1000 Shkup.

 

Dokumentet e nevojshme për parashtrimin e kandidaturave, si dhe informacione më të hollësishme mund të gjenden këtu.

 

Kontakt personi : Juliana Balevska, Sektori për shkencë dhe zhvillim teknologjik - teknik, e-mail

julijana.balevska@mon.gov.mkтел: +389 2 3140 186.

 

Afati i fundit për aplikim : 22 Maj viti 2015

Конкурс за стипендии на француската влада за постдипломски студии во Франција

Конкурс за стипендии на француската влада за постдипломски студии во Франција
едногодишни, за ниво Mастер или Докторат.



Конкурсот е отворен за кандидати кои се заинтересирани да следат студии во Франција, на ниво Мастер или Докторат.

Приоритет ќе им биде даден на студиите на ниво Мастер 2 и на домените на студии кои не постојат или се недоволно развиени во земјава.

Кандидатите треба да презентираат потврда дека конкурирале или дека оствариле контакт со француски универзитет. Стипендијата се активира по добивањето на официјален документ за прием.
Напомена: Барања за студии на приватни универзитети во Франција нема да бидат разгледувани.

Потребни документи за пријавување :
•    Пополнето барање за стипендија ;
•    Потврда дека кандидатот конкурирал на Мастер или Докторат ;
•    Копија од диплома и уверение за положени испити со заверен  судски превод на француски јазик ;
•    Две препораки од професори ;
•    Писмо за мотивација во кое кандидатот  треба да ги изнесе своите видувања за начинот и конкретната примена на здобиените знаења од студирањето, после враќањето  во земјата ;
•    Потврда за познавање на францускиот јазик ;
•    Една фотографија
Некомплетните барања нема да бидат разгледувани.

По извршената претселекција врз основа на документите, кандидатите ќе бидат повикани на разговор.
Целосната документација во вкупно три истоветни примероци од кои два на француски и еден на македонски јазик, треба да биде доставена во предвидениот  рок  во  Одделот на Кампус Франс, на адресата дадена подолу. Ниеден друг документ нема да биде примен по тој датум (освен потврдата за дефинитивниот прием на Универзитетот).

За сите дополнителни информации, можете да се обратите во:
Одделот на Кампус Франс во Францускиот институт
Градски ѕид, блок 5, П. Фах 388, 1000 Скопје
Тел: 02 / 3129 288
skopje@campusfrance.org
Краен рок за пријавување : 30-ти април 2015 година

 

Konkurs për bursa të qeverisë franceze për studime postdiplomike në Francë
njëvjeçare, për nivelin Master ose Doktoraturë



Konkursi është i hapur për kandidatët të cilët janë të interesuar për të ndjekur studime në Francë, në nivelin Master ose Doktoraturë.    

Prioritet do t'i jepet studimeve të nivelit Master 2 dhe fushave të studimeve të cilat nuk ekzistojnë ose nuk janë të zhvilluara mjaftueshëm në vend.

Kandidatët duhet të paraqesin një vërtetim se kanë konkuruar ose se kanë kontaktuar me ndonjë universitet francez. Bursa aktivizohet pas marrjes së  dokumentit zyrtar për pranim.

Shënim: Kërkesat për studime në universitete private në Francë nuk do të merren parasysh.
Dokumentet e nevojshme për aplikim:
•    Aplikacioni për bursë (i plotësuar);
•    Vërtetim që kandidati ka konkuruar për Master ose Doktoraturë;
•    Kopje e diplomës dhe vërtetim për provimet e dhëna, të përkthyer në frengjisht nga përkthyes i autorizuar gjyqësorë i gjuhës frënge;    
•    Dy rekomandime nga profesorë;  
•    Letër motivimi në të cilën kanidati duhet t’i shpreh bindjet e tija për mënyrën dhe zbatimin konkret të njohuirve të marra nga studimet, pas kthimit në vendlindje;    
•    Vërtetim për njohjen e gjuhës frënge;
•    Një fotografi.

Aplikacionet e pakompletuara nuk do të merren parasysh.

Pas para-seleksionimit në bazë të dokumenteve, kandidatët do të ftohen për intervistë.
Dokumentacioni i plotë prej gjithsej tre kopjeve identike prej të cilave dy në gjuhën frënge dhe një në gjuhën maqedonase, duhet të dorëzohet brenda afatit të parashikuar në Departamentin e KampusFrans, në adresën e dhënë më poshtë. Asnjë dokument tjetër nuk do të pranohet pas kësaj date (me përjashtim të vërtetimit për pranim përfundimtar në Universitet)
Për informata më të hollësishme, mund të drejtoheni në:
Departamenti i KampusFrans në Institutin Francez
Gradski Zid, bllok 5, P.Fah 388, 1000 Shkup
Tel: 02/3129 288
skopje@campusfrance.org

Afati i fundit për aplikim: 30 prill 2015
 

Конкурс за доделување на стипендии за студии од втор циклус од областа на филмската уметностна (FAMU) во Прага, Република Чешка

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12 и 24/13) ичлен 4 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри(“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13 и 98/13), Mинистерството за образование и наука распишува

           

КОНКУРС

за доделување на стипендии за студии од втор циклус од областа на филмската уметностна Academy of Performing Arts (FAMU), во Прага, Република Чешка за академската 2015/2016 година

 

1. Министерството за образование и наука за студиската 2015/2016 година ќе додели 3 (три) стипендии на студии од втор циклус од областа на филмската уметност, која е од посебно научно, образовно значење за Република Македонија на Academy of Performing Arts (FAMU), во Прага, Република Чешка.      

 

 I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

  1.    Да имa завршено академски студии од прв циклус во траење од три, односно четири години и постигнат просечен успех од најмалку 8,50;

2.    Да е примен првпат во прва година на студии од втор циклус во академската 2015/2016 година на Academy of Performing Arts (FAMU), во Прага, Република Чешка.  

3.    Доброда го познава англискиот јазик, односно јазикот на кој се изведува наставата;    

4.    Да не е корисник на стипендија од други даватели;

5.    Да е државјанинна Република Македонија;

 

 

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Кандидатите, кои се пријавиле по конкурсот, потребно е да ги достават следните документи:

·  Пријава

· Диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех (заверени на нотар)или нострифициранадиплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство;

·  Потврда дека кандидатот е примен првпат во прва година на студии од втор циклус во академската 2015/2016 година на Film Academy of Performing Arts (FAMU), во Прага, Република Чешка.  

· Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на  стипендија за последипломски студииодвторциклусод други даватели (заверена на нотар);

·  Мотивациско писмо;

· Потврда за познавање на англиски јазик, односно јазикот на кој се изведува наставата (TOEFL, IELTS или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје);

·  Уверение за државјанство на Република Македонија. 

Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

Потребните документи за доделување на стипендиите за академските студии од втор циклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар. 

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

На корисникот на стипендијата ќе му бидат покриени трошоците за студирање во согласност со член 4 став 3 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13 и 98/13).

 

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Рок за доставување на документите  до Министерството за образование и наука:20.08.2015година.

Документите да се достават на адреса или во писарницата на:

Министерство за образование и наука

ул.„Св. Кирил и Методиј” бр. 54

(Зграда на Нова Македонија)

1000 Скопје

(со назнака стипендии за студии одвтор циклус  на ФАМУ)

Ранг листата со избраните кандидати ќе бидe објавенa на 01.09.2015 година на веб страната на Министерството: www.mon.gov.mk

Основен критериум за добивање на стипендијата е пријавата на кандидатот да биде прифатена од универзитетот-FAMU.

При еднаков број на бодовипри рангирањето на пристигнатите пријави, предност ќе се даде на кандидатот кој остварил подобар успех оддодипломските студии.

Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема дасе разгледуваат.

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука.

Контакт лица:

Дарко Томовски +389 2 3140 183, e-mail:  darko.tomovski@mon.gov.mk

Андреа Алексовски + 389 2 3140 185, e-mail: andrea.aleksovski@mon.gov.mk

 


Në bazë të nenit 55 paragrafi 1 nga Ligji për organizimin dhe funksionimin e organeve të administratës shtetërore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 dhe 51/11), nenit 52 nga Ligji për veprimtari shkencore-kërkimore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12 dhe 24/13) dhe nenit 4 nga Rregullorja për mënyrën dhe procedurën për financimin, krijimin dhe zhvillimin e kuadrove shkencoro-hulumtuese (“Gazeta zyrtaree Republikës së Maqedonisë” nr. 18/12, 64/13 dhe 98/13), Ministria e Arsimit dhe Shkencës shpall:

 

KONKURS

përndarjen e bursave të ciklit të dytë nga fusha e artit filmik të Film Academy of Performing Arts (FAMU) në Pragë, Republika Çeke për vitin akademik 2015/2016


 

           

Ministria e Arsimit dhe Shkencës për vitin akademik 2015/2016 do të ndajë tre (3) bursa për studime të ciklit të dytë nga fusha e artit filmik,i cili është i rëndësisë së veçantë shkencore dhe arsimorepër Republikën e Maqedonisë, të Film Academy of Performing Arts (FAMU) në Pragë, Republika Çeke.

    

 I. KUSHTET PËR NDARJEN E BURSAVE

Të drejtë për bursë ka kandidati i cili plotëson kushtet e mëposhtme:

 

  1.    Të ketë përfunduar studimet akademike të ciklit të parë në kohëzgjatje prej tre, ose katër viteve, dhe të ketë arritur notë mesatare prej të paktën 8,50;

2.    Të jetë pranuar për herë të parë në vitin e parë të studimeve të ciklit të dytë në vitin akademik 2015/2016 të Academy of Performing Arts (FAMU), Pragë, Republika Çeke.

3.    Të njohë mirë gjuhën angleze, respektivisht gjuhën në të cilën ligjërohet mësimi

4.    Të mos jetë përfitues i një burse nga ofrues tjetër;

5.    Të jetë shtetas i Republikës së Maqedonisë.

 

II. DOKUMENTET E NEVOJSHME

 

Kandidatët, të cilët kanë aplikuar në konkurs, duhet t’i dorëzojnë dokumentet e mëposhtme:

 

·  Aplikacioni

· Diplomë e studimeve të kryera akademike të ciklit të parë dhe vërtetim për suksesin e arritur (të noterizuara) ose diplomë e nostrifikuar e studimeve akademike të ciklit të parë e fituar jashtë vendit;

· Vërtetim se kandidati është pranuar për herë të parë në vitin e parë të studimeve të ciklit të dytë në vitin akademik 2015/2016 të Film Academy of Performing Arts (FAMU), në Pragë, Republika Çeke.

· Deklaratë e nënshkruar nga vetë kandidati që ai nuk është përfitues i një burse për studime post-diplomike të ciklit të dytë nga ofrues tjetër (e noterizuar);

· Letër motivimi;

· Vërtetim për njohjen e gjuhës angleze, respektivisht gjuhës në të cilën ligjërohet mësimi (TOEFL, IELTS ose ekuivalent i tyre për fushën përkatëse gjuhësore)

· Çertifikatë e nënshtetësisë së Republikës së Maqedonisë

 

Dokumentet e lëshuara nga institucionet e vendevetjera duhet të përkthehennë gjuhën maqedonase ngapërkthyes i çertifikuar gjyqësor.

Dokumentet e nevojshme për ndarjene bursave për studime akademike të ciklit të dytë  mund të dorëzohen origjinale ose kopje të noterizuara.

III. LARTËSIA E BURSËS

Përfituesvetë bursave do t’umbulohen shpenzimet sipas nenit 4 paragrafi 3ngaRregullorjambi mënyrën dhe procedurën për financimin, krijimin dhe zhvillimin e kuadrove shkencorë-kërkimorë. (“Gazeta Zyrtare e Republikës sëMaqedonisë” nr.18/12, 64/13 dhe 98/13).  

 

IV. MËNYRA DHE AFATI I APLIKIMIT

Afati për dorëzimin e dokumenteve në Ministrinë e Arsimit dhe Shkencës: 20.08.2015.

Dokumentet duhet të dorëzohen me postë në adresën:

Ministria e Arsimit dhe Shkencës Rr. "Shën Qirili dhe Metodi" nr. 54 (Ndërtesa e Nova Makedonija), 1000 Shkup (me shënim "Bursa për studime të ciklit të dytë FAMU")

Rang lista e kandidatëve të përzgjedhur do të publikohet më 01.09.2015 në faqen e internetit të Ministrisë: www.mon.gov.mk

 

Kriteri kryesor për marrjen e bursës është që aplikacioni i kandidatit të pranohet nga universiteti FAMU.

Në rast të numrit  të barabartë të pikëve në renditjen e aplikacioneve të pranuara, përparësi do t'i jepet kandidatit që ka arritur sukses më të mirë në studimet deri-universitare.

Dokumentacioni i pakompletuar dhe i dorëzuar pas afatit të fundit nuk do të merret parasysh.

Informacione mbi kushtet dhe kriteret në bazë të cilave do të ndahen bursat mund të merren në Ministrinë e Arsimit dhe Shkencës.

 

Persona për kontakt:

Darko Tomovski +389 2 3140 183, e-mail:  darko.tomovski@mon.gov.mk

Andrea Aleksovski + 389 2 3140 185, e-mail: andrea.aleksovski@mon.gov.mk

Прикажани 1 - 5 од 37 резултати.
Предмети по страница 5
на 8

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 6 - 10 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области