Врз основа на член 55став 1 од Законот за организација и работа на органите на државнaта управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), врз
Министерството за образование и наука повторно распишува Конкурс за  доделување на 130 стипендии од ТИП “В” за студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и
РСС (Отвора нов прозорец)
Прикажани резултати 2.

«Назад

ПОВТОРЕН КОНКУРС за доделување 130 стипендии од ТИП “В” на студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните уни и високообразовни ...

Министерството за образование и наука повторно распишува Конкурс за  доделување на 130 стипендии од ТИП “В” за студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2011/2012 година и тоа:

 

ТИП “В” – Стипендија за студенти од социјални категории

-       125 стипендии за студенти од јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија;

-       5 стипендии за студенти, од приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија.

 

            Овој Конкурс не се однесува за студенти на кои Комисијата за доделување на стипендии согласно Конкурс за доделување на стипендии за студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2011/2012 година бр. 08-6930/2 од 04.11.2011 година, веќе им додели стипендии од ТИП “А”, ТИП “Б” и ТИП “В”.

 

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА

 

 

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломските студии кои студираат во јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:

  1. да се редовни студенти;
  2. да не повторувале година во текот на студирањето;
  3. да не се корисници на стипендија или кредит од други установи, институции или компании;
  4. студентите од II-та  студиска година да не се постари од 22 години;
  5. да се државјани на Република Македонија.

Критериуми за доделување на стипендијата се:

 

ТИП “В” – Стипендија за студенти од социјални категории

 

  1. Остварен успех во текот на студирањето заклучно со претходната студиска година. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 20 бодови.
  2. Материјални можности на студентот и неговото семејство – се земаат месечната плата за месец јануари 2012 година и годишните приходи по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 70 бодови.
  3. Студенти ; деца без родители, деца со посебни потреби, деца на самохрани родители, деца на корисници на социјална помош и деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок добиваат најмногу 10 бодови.
  4. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

 

II. НАЧИН  И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Студентите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://old.stipendii.mon.gov.mk почнувајќи од 17.04.2012 година до 26.04.2012 година.

Ранг-листата со избраните кандидати ќе биде објавен на 18.05.2012 година на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk/rezultati.

 

 

III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

 

Студентите, кои електронски се пријавиле по конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин бб – Скопје, од 02.05.2012 година до 10.05.2012 година, од 9 – 16 часот, да ги донесат следните документи:

  1. Потврда за редовно запишан летен семестар за студиската 2011/2012 година;
  2. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
  3. Уверение со бројот на предвидените и положени испити од претходните години, заверен образец “УППИ” -  ЛИНК
  4. Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
  5. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството  за месец јануари 2012 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата; за пензионираните членови на семејството да достави документ за висина на пензија; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат); за починат родител да се достави копија од извод на умрените; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку прима алиментација истата како приход да биде прикажана под други приходи, за корисници на социјална помош да се достави решение или чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за учениците и студентите (браќа, сестри) потврда од училиштето, односно факултетот или друг соодветен документ;
  6. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија или кредит - ЛИНК;
  7. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава - ЛИНК;
  8. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија;
  9. Индекс на увид.

 

Документите на кандидатите кои се некомплетни, ненавремено доставени и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.

 

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИИТЕ

 

Висината на стипендијата за ТИП “В” – Стипендија за студенти од социјални категории ќе изнесува 2.500,00 денари месечно за девет месеци во текот на студиската година.

            Секој студент може да користи само еден тип на стипендија.

            Доколку кај овој тип на стипендија не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи од истиот тип и обратно, доколку кај еден тип на стипендија не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи од истиот тип.

Стипендијата се доделува за толку семестри колку се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области