Врз основа на член 55став 1 од Законот за организација и работа на органите на државнaта управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), врз
Министерството за образование и наука повторно распишува Конкурс за  доделување на 130 стипендии од ТИП “В” за студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и
РСС (Отвора нов прозорец)
Прикажани резултати 2.

«Назад

КОНКУРС за доделување стипендии на студенти запишани на додипломски студии од прв циклус во Република Македонија за студиската 12/13 год. од ТИП “В”

Врз основа на член 55став 1 од Законот за организација и работа на органите на државнaта управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), врз основа на член 53 од Законот за ученичкиот и студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија“ бр, 37/98 и 40/03) и Решение бр. 08– 9200/1од 04.12.2012година, Mинистерството за образование и наука распишува

КОНКУРС

за доделување  стипендии на студенти запишани на додипломски студии  од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија за студиската 2012/2013 година

 

Министерството за образование и наука за студиската 2012/2013 годинаќе додели стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и тоа по следните видови:

ТИП “A” – Стипендија на министерот за образование и наука за талентирани студенти

-       170 стипендии за студенти од јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија;

-       30 стипендии за студенти од приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија.

ТИП Б– Стипендија за студенти

-       850 стипендии за студенти од јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија;

-       150 стипендии за студенти од приватните универзитети и високообразовни      

      установи во Република Македонија.

ТИП “В” – Стипендија за студенти од социјални категории

-       1.500 стипендии за студенти од јавните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија;

-      100 стипендии за студенти од приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломските студии од прв циклус кои студираат во јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и ги исполнуваат следните услови:

  1. да се редовни студенти;
  2. да не повторувале година во текот на студирањето;
  3. да не се корисници на стипендија или кредит од други установи, институции или компании;
  4. студентите од II-та  студиска година да не се постари од 22 години;
  5. да се државјани на Република Македонија.

 Критериуми за доделување на стипендиите се:

ТИП “A” – Стипендија на министерот за образование и наука за талентирани студенти

  1. Остварен успех во текот на студирањето – студентите на техничките факултети и медицинските науки да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.5, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9 просечен успех. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 80 бодови.
  2. Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите добиваат 6.5 бодови.
  3. За критериумот материјални можности на студентите и нивното потесно семејство, се земаат вкупните месечни примања по член на семејството на студентот (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од УЈП – приходи: од вршење на земјоделска дејност, од вршење на стопанска дејност, од вршење на самостојна дејност, од имот и имотни права, од авторски права и права на индустриска сопственост, од дивиденди, од остварени капитални добивки, од добивки од игри на среќа и други приходи) во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 10 бодови.
  4. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

ТИП “Б” – Стипендија за студенти

  1. Остварен успех во текот на студирањето – студентите на техничките факултети и медицинските науки да имаат постигнат просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 8.5 просечен успех. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 50 бодови.
  2. Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови, а студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите добиваат 7.5 бодови.
  3. За критериумот материјални можности на студентите и нивното потесно семејство, се земаат вкупните месечни примања по член на семејството на студентот (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од УЈП – приходи: од вршење на земјоделска дејност, од вршење на стопанска дејност, од вршење на самостојна дејност, од имот и имотни права, од авторски права и права на индустриска сопственост, од дивиденди, од остварени капитални добивки, од добивки од игри на среќа и други приходи) во однос на просечно исплатената месечна нето плата по вработен во Република Македонија за последните три месеци утврдена од Државниот завод за статистика. По основ на овој критериум може да се добие најмногу 40 бодови.
  4. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

ТИП “В” – Стипендија за студенти од социјални категории

  1. Остварен успех во текот на студирањето за сите студиски програми. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 20 бодови.
  2. За критериумот материјални можности на студентите и нивното потесно семејство, се земаат вкупните месечни примања по член на семејството на студентот (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од УЈП – приходи: од вршење на земјоделска дејност, од вршење на стопанска дејност, од вршење на самостојна дејност, од имот и имотни права, од авторски права и права на индустриска сопственост, од дивиденди, од остварени капитални добивки, од добивки од игри на среќа и други приходи), но вкупниот месечен износ да не надминува над 30.000,00 денари. По основ на овој критериум се добива најмногу 70 бодови.
  3. Студенти – деца без родители, деца со посебни потреби, деца на самохрани родители, деца на корисници на социјална помош и деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок добиваат 10 бодови.
  4. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани.

II. НАЧИН  И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот konkursi.mon.gov.mk почнувајќи од 07.12.2012 година до 21.12.2012 година.

Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијатаќе биде објавен на 05.02.2013 година на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk.

III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Студентите, кои електронски се пријавиле по конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука (во просториите на Државниот студентски дом “Кузман Јосифовски Питу”, на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 26, Скопје), од 24.12.2012 година до 11.01.2013 година (освен деновите 31.12.2012 година, 01.01.2013 година и 07.01.2013 година), од 9 – 16 часот, да ги донесат следните документи:

  1. Евидентен лист, објавен на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk;
  2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2012/2013 година;
  3. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
  4. Уверение со бројот на предвидените и положени испити од претходните години, заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавена на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk;
  5. Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за 2011 година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
  6. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството  за месец октомври 2012 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потрда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да достави документ за висина на пензија; за невработените членови на семејството да се достави потврда од Заводот за вработување дека се невработени или примаат – не примаат паричен надоместок (во потврдата да биде наведен износот на паричниот надоместок, доколку го примаат); за починат родител да се достави копија од извод на умрените; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку прима алиментација истата како приход да биде прикажана под други приходи, за корисници на социјална помош да се достави решение или чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за учениците и студентите (браќа, сестри) потврда од училиштето, односно факултетот или др.;
  7. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија или кредит, објавена на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk;
  8. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk;
  9. Изјава - согласност за користење на личните податоци на кандидатот, објавена на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk,
  10. Копија од уверение за државјанство на Република Македонија;
  11. Индекс на увид.

Документите на кандидатите кои се некомплетни, ненавремено доставени и не се идентични со податоците кои се внесени во електронската пријава, нема да бидат разгледувани.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИИТЕ

Висината на стипендијата за тип “А” – стипендија на министерот за образование и наука за талентирани студенти ќе изнесува 4.000,00 денари месечно за девет месеци во текот на студиската година.

Висината на стипендијата за тип “Б” – стипендија за талентирани студенти ќе изнесува 3.000,00 денари месечно за девет месеци во текот на студиската година.

Висината на стипендијата за тип “В” – стипендија за студенти од социјални категории ќе изнесува 2.500,00 денари месечно за девет месеци во текот на студиската година.

            Секој студент може да користи само еден тип на стипендија.

            Доколку кај еден тип на стипендија не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи од истиот тип и обратно, доколку кај еден тип на стипендија не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи од истиот тип.

Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.

 

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА  

 

Линкови до потребни документи:

Евидентен лист за ТИП - А

Евидентен лист за ТИП - Б

Евидентен лист за ТИП - В

Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија


Изјава за обработка на лични податоци


Изјава за точност и идентичност на податоците

UPPI Образец

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области