«Назад

Конкурс за доделување стипендии за академски студии од втор циклус во странство (Шангајскиот Џио Тонг универзитет)

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 52 од Законот за научно-истражувачка дејност (“Службен весник на Република Македонија” бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12 и 24/13) и член 4 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри (“Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13 и 98/13) Министерството за образование и наука распишува

К  О  Н  К  У  Р  С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС ВО СТРАНСТВО ЗА АКАДЕМСКАТА 2014/2015 ГОДИНА

 

            Министерството за образование и наука за академската 2014/2015година ќе додели стипендии за академски студии од втор циклус за студенти примени на академски студии од втор циклус на првите сто рангирани универзитети, односно еден од првите сто најдобро рангирани универзитети од соодветното научно подрачје, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет.

 

 I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

 

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

1.    Да има завршено академски студии од прв циклус во траење од три, односно четири години и постигнат просечен успех од најмалку 8,50 или да има нострифицирано диплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство со остварен еквивалентен просечен успех од најмалку 8,50;

2.    Да е примен на академски студии од втор циклус прв пат во прва година во академската 2014/2015година на еден од првите сто рангирани универзитети, односно еден од првите сто најдобро рангирани универзитети од соодветното научно подрачје, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг Универзитет;

3.    Да има доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата;

4.    Да не е корисник на стипендија од други даватели;

5.    Да е државјанин на Република Македонија.

 

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

 

·Пријава;

·Диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех (заверени на нотар)или нострифициранадиплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство;

·  Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на академски студии од втор циклус во академската 2014/2015година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите;

·   Уверение-потврда за активно познавање на јазик (TOEFL, IELTS, DELFT или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје), освен за кандидатите кои дел од своето средно, односно високо образование го завршиле на јазикот на кој се изведува наставата,

·  Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за академски студии од втор циклус од други даватели (заверена на нотар).

·  Две препораки од универзитетски професори од установата/те во кои кандидатот се стекнал со додипломски студии од прв циклус и препорака од својот работодавач(доколку е во работен однос);

·  Мотивациско писмо;

·  Меница во форма на нотарски акт како средство за обезбедување на поврат на исплатените средства;

·  Уверение за државјанство на Република Македонија.

 

Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

 

Потребните документи за доделување на стипендиите за академските студии од втор циклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

 

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:

            На корисникот на стипендијата ќе му бидат покриени трошоците за студирање во согласност со член 4 став 3 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачките кадри („Службен весник на Република Македонија” бр.18/12, 64/13 и 98/13).

IV. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

 

1.    Избраниот кандидат со договор се обврзува дека доколку ја добие стипендијата, за секоја година помината на студии во странство ќе работи две години во Република Македонија. По завршувањето на студиите и враќањето во Република Македонија кандидатот е должен шест месеци да биде на располагање за вработување во органите на државната управа, како и во државните високо-образовни и научни установи при што неговата работна позиција ќе биде соодветна на видот и степенот на неговите образовни квалификации. Доколку во периодот од шест месеци на кандидатот не му е понудена соодветно вработување во органите на државната управа, државните високо-образовни и научни установи тој може да бара вработување во приватниот сектор во Република Македонија.


2.   Кандидатот ќе бидат ослободен од обврската да се врати во Република Македонија по завршувањето на студиите доколку во рок од три месеци од дипломирањето се вработи во компанија од Fortune top 500 листата во странство. Во ваквите случаи тие можат да останат во странство максимум три години со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство, по што се обврзани да се вратат во Република Македонија и да ја одработат обврската специфицирана во обврската бр. 1.


3.   Во случај кандидатот да одлучи по завршувањето на студиите, со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство да не се врати во Република Македонија, и не ја исполни обврската од став 1,  потребно е да ги врати сите исплатени средства доделени за стипендија во износ три пати поголем од износот на стипендијата, најдоцна во рок од една година од завршувањето на студиите.

 

V. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на академски стипендии за студии од втор циклус во странство е најдоцна до 1.09.2014 година.

 

Документите да се достават на адреса или во писарницата на Министерството за образование и наука ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, 1000 Скопје (со назнака стипендии за академски студии од втор циклус во странство)

 

Комисијата формирана во врска со Конкурсот за доделување стипендии за студии од втор циклус за академската 2014/2015 година за кандидати примени на студии од втор циклус на првите сто универзитети во светот, односно еден од првите сто најдобро рангирани универзитети од соодветното научно подрачје, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобалните универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет, должна е веднаш по приемот на комплетната документација од кандидатот, а најдоцна во рок од 15дена, да одлучи дали кандидатот ги исполнува или не сите предвидени услови и дополнителни критериуми од Конкурсот, односно дали на кандидатот му се доделува или не стипендијата.

 

Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема дасе разгледуваат.

 

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука.

 

Контакт лица:

Дарко Томовски +389 2 3140 183, e-mail  darko.tomovski@mon.gov.mk

Андреа Алексовски + 389 2 3140 185, e-mail andrea.aleksovski@mon.gov.mk

Коментари
Trackback URL:

Додади коментар

dadenite telefonski broevi se nepostoecki

Пратено на 27.1.14 10:51.

Прати одговор Најактивни
Kogo treba da barame vo Ministerstvo za informacii?

Пратено на 29.1.14 22:56.

Прати одговор Најактивни
Контакт лица за Конкурсот се:
Дарко Томовски +389 2 3140 183, e-mail darko.tomovski@mon.gov.mk
Андреа Алексовски + 389 2 3140 185, e-mail andrea.aleksovski@mon.gov.mk

Пратено на 18.3.14 10:25 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
За подетални информации можете и да се обратите и на горенаведените електонски пошти или да дојдете лично во Министерството за образование и наука на 14 кат

Пратено на 18.3.14 10:29 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
kade se naoga shangajskata lista na univerziteti za koi dodeluvate stipendii

Пратено на 12.4.16 12:46.

Прати одговор Најактивни