«Назад

Конкурс за доделување 150 (стоипедесет) стипендии за талентирани ученици - спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата („Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 54 став 3 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15 и 30/16) и Решение за распишување Конкурс за доделување на 150 (стоипедесет) стипендии за талентирани ученици-спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2016/2017 година, Министерството за образование и наука распишува

КОНКУРС
за доделување 150 (стоипедесет) стипендии за талентирани ученици - спортисти од јавните и приватните средни училишта 
во Република Македонија за учебната 2016/2017 година

Министерството за образование и наука за учебната 2016/2017 година ќе додели 150 (стоипедесет) стипендии за талентирани ученици-спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. да се редовни ученици од I година, кои во текот на претходните две учебни освоиле најмалку две награди за освоено I или II место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на спортот организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт;

2. да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на претходната учебна година освоиле награда за освоено I или II место на меѓународен натпревар или на државен натпревар од областа на спортот организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт;

3. да имаат постигнат просечен успех од најмалку 4,00 во досегашното образование;

4. да не повторувале година во текот на образованието;

5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

6. да се државјани на Република Македонија.

Критериуми за доделување на стипендиите се континуирано остварен просечен успех од најмалку 4,00 и освоените награди на државни или меѓународни натпревари од областа на спортот (поединечни или екипни), при што за критериумот остварен просечен успех може да се добие најмногу до 40 бодови, а од освоените награди најмногу до 60 бодови.

При утврдување на вкупните бодови од освоените награди за ученици од I година ќе се вреднуваат двете највисоко рангирани-освоени награди, а за учениците од II, III и IV година ќе се вреднува само една највисоко рангирана-освоена награда.

Дополнителни 10 бодови ќе добијат учениците кои ќе достават повеќе од предвидените награди/дипломи, а се од ист вид на спорт.

За награди освоени на државен натпревар од областа на спортот ќе се признаваат само награди освоени на натпревари организирани од национални спортски федерации кои имаат решение за вршење на дејноста спорт издадено од Агенција за млади и спорт, а не од спортски клубови, здруженија и сл.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk, почнувајќи од 19.10.2016 година до 30.10.2016 година. 
Пред започнување со електронското пријавување, задолжително да ги комплетирате сите потребни документи од точка III на овој Конкурс. 
Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 05.12.2016 година на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk.

III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои се пријавиле електронски на конкурсот, до Министерството за образование и наука на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 31.10.2016 – 18.11.2016 година, од 09-15:30 часот, ги доставуваат следните документи:

1. Евидентен лист;
2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2016/2017 година;
3. Идентификационен број од успешно пополнета електронската пријава;
4. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
5. Заверени на нотар фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари; 
6. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk; 
7. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk;
8. Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk;

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16), ќе го обезбеди следниот документ:

-уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Наградите-дипломите каде што нема прецизно утврдено освоено место, односно награди-дипломи и пофалници за учество на натпревари без освоено место, наградите-дипломите кои не се освоени во претходните две учебни години за учениците од I година, или во претходната учебна година кај учениците од II, III и IV година нема да се земат во предвид.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:
-некомплетна и/или 
-ненавремено доставена.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.
Комисијата може да утврди дополнителни критериуми доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.970,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Коментари
Trackback URL:

Додади коментар

Здраво имам освоено и 2ро место со мојот клуб во кој настапувам во спортската 2014/15 година. Како што се нагласува во услоовите за пријава дека се приложуваат дипломи за меѓународен или на државен натпревар од областа на спортот организиран од Национални Спортски Федерации, во мојот случај е од КФМ, Кошаркарска Федерација на Македонија. Меѓутоа, дипломата која ја добивме е екипна и на неа не ги пишува посебно имињата на оние кои ја добиле само екипата. Дали таа диплома ќе ми биде важечка? Доколку не, како можам да докажам дека сум била дел од таа екипа?

Пратено на 22.10.16 17:04.

Прати одговор Најактивни
Здраво Ве замолувам да ми кажете кои документи ми се потребни ако веќе сум ја добил стипендијата и оваа година би сакал повторно да аплицирам. Дали повторно ги носам сите наведени документи? Ви благодарам однапред

Пратено на 25.10.16 07:19.

Прати одговор Најактивни
Pocituvani:na koja stranica ke mozi da ja vidime listata na stipendii koi se prodolzeni i vo ovaa ucebna godinaDokumentite se isprteni vo septemvri potvrda za upisana nova skolska godina,sveditelstvo os prethodnata ucebna godina i potvrda za transakciona smetka

Пратено на 8.11.16 13:58.

Прати одговор Најактивни
Zdravo.me interesira kade moze da se proverat rezultatite za stipendija za sportskata akademija vo skopje.pisuvase deka posle 5 dekemvri ke bidat objaveni.

Пратено на 23.12.16 16:51.

Прати одговор Најактивни
Здраво може ли да ми кажете кога ќе излезат услови за пријава за учебна 2017/2018 година

Пратено на 15.10.17 19:54.

Прати одговор Најактивни

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области