«Назад

Конкурс за доделување стипендии за ученици запишани во Спортската академија за учебната 2015/2016 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 12-а од Закон за Спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/14, 129/15 и 146/15), а согласно Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на ученици во спортска академија („Службен весник на Република Македонија” бр.191/15) и Решението за распишување Конкурс за доделување на стипендии за учениците во Спортската академија во Република Македонија за учебната 2015/2016 година, Министерството за образование и наука распишува

К О Н К У Р С
за доделување стипендии за ученици запишани во Спортската академија
за учебната 2015/2016 година

Министерството за образование и наука за учебната 2015/2016 година ќе додели стипендии за учениците запишани во Спортската академија.


I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА 
Право на стипендија имаат учениците кои учат во Спортската академија и ги исполнуваат следните услови:
1. Да се редовни ученици во Спортската академија (од II, III и/или IV година)
2. Во текот на претходната учебна година да имаат постигнато најмалку општ успех многу добар 4,00 (четири) и одличен успех 5 (пет) од изборниот предмет тренинг од избраниот спорт на крајот на учебната година;
3. Да не повторувале година во текот на образованието;
4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
5. Да се државјани на Република Македонија.

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

1. Пријава која се презема од следниот линк;
2. Потврда дека е редовен ученик во Спортска академија во учебната 2015/2016 година;
3. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршена прва, втора и/или трета година на образованието;
4. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на следниот линк
5. Изјава од родителот за обработка и користење на неговите лични податоци и личните податоци на кандидатот, со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на следниот линк.


III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците, кои ги исполнуваат условите наведени во Глава I од овој Конкурс, ги доставуваат документите утврдени во Глава II од Конкурсот лично или по пошта до Министерството за образование и наука на ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје, од 30.11.2015 до 11.12.2015 година, од 09 часот до 15 часот секој работен ден.
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:
-уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.
На кандидатите нема да им се додели стипендија ако доставената документација е:
-некомплетна и/или
-ненавремено доставена.

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.000,00 денари месечно, за девет месеци во текот на учебната година.


V. ОБЈАВУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ 
Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен на 25.12.2015 година на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk и во училиштето

Лице за контакт: Пенка Здравковска Мантова, 076 485 054

Коментари
Trackback URL:

Додади коментар

Me interesira zosto seuste nemate objaveno rezultati od konkursot za stipendii od sportska akademija-neli deneska trebase da bidat objaveni?

Пратено на 25.12.15 19:41.

Прати одговор Најактивни
i,mene istoto me intersira!kade mozam da go najdam spisokot na iminja koi dobile stipendii od sportskata akdemicja-neli trebase da bide objaven na 25-ti.
Od drugastrana,bi sakale da prasame ,kako roditeli,koga decata ke mozat da si ja podignat stipendijata,dokolku se vo spisokot na stipenisti?

Пратено на 26.12.15 15:48.

Прати одговор Најактивни
Што се случува со стипендиите за спортската академија. Ние децата кога ги запишувавме таму немаше никакви услови. А што сега ќе ги оштетете ли децата Ве молам

Пратено на 26.12.15 17:44 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Ако не ги исполнува условите на МОН за колку време ќе можеме да се жалиме те. приговараме, дали сме изиграни

Пратено на 26.12.15 17:48 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Koga ke bide objaven konkurost za ztipenidite od sportksta akademija?!Ima li nekoj da oodgovori na nasite mailovi?Koga akadmcite bi dobile sredstvata?!Zar ne sme zaluzile kako roditeli da ni dadete odgovor i da ne udostoite so vaseto 1 min vnimanieje-odgovor

Пратено на 2.1.16 12:36.

Прати одговор Најактивни
mm

Пратено на 4.1.16 10:25 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
http://mon.gov.mk/images/Za_web_stipendii_za_sportska_akademija.pdf

Пратено на 5.1.16 17:21.

Прати одговор Најактивни
Do koga treba da se ispratat transakciskite smetki,kako i drugite preostanati dokumenti.Ako moze poveke informacii !?

Пратено на 6.1.16 02:31 во одговор на .

Прати одговор Најактивни

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области