«Назад

К О Н К У Р С за доделување стипендии за академски студии од втор циклус во странство

../common/calendar Почетен датум:
21.3.12
../common/calendar Краен датум:
Никој
../common/time Траење:
07:12 – 08:12
../common/attributes Внесете:
Настан

Министерството за образование и наука распишува К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА АКАДЕМСКИ СТУДИИОД ВТОР ЦИКЛУС ВО СТРАНСТВО ЗААКАДЕМСКАТА 2012/2013 ГОДИНА       Министерството за образование и наука за академската 2012/2013 година ќе додели стипендии за академски студии од втор циклус за студенти примени на академски студии од втор циклус на првите сто рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА: Право да се пријават на конкурсот имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови: - Кандидатот да има завршено додипломски студии од прв циклус во траење од три, односно четиригодини и постигнат просечен успех од најмалку 8,50или да има нострифицирано диплома за академски студии од прв циклус стекнати во странство со остварен еквивалентен просечен успех од најмалку 8,50; - Кандидатот да е примен на академски студии од втор циклус прв пат во прва година во академската 2012/2013 година на еден од првите сто рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет, - Кандидатот да има доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата, - Да не е корисник на стипендија од други даватели, - Да е државјанин на Република Македонија. ДОПОЛНИТЕЛНИ КРИТЕРИУМИ: При селекцијата предност имаат кандидатите кои се примени на повисоко рангиран универзитет според последната објавена ранг листа од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет на првите сто рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки. Во случај повеќе кандидати да бидат примени на ист универзитет кој е меѓу првите сто рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет, предност за добивање на стипендија ќе имаат кандидатите со поголем просечен успех остварен на додипломските студии, односно кандидати кои немаат завршено додипломски студии во странство. При еднаков број на бодови, предност во доделувањето на стипендијата ќе се даде на оној кандидат кој се определил само за стипендија за средства за уписнина. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ: 1.Избраниот кандидат со договор се обврзува дека доколку ја добие стипендијата, за секоја година помината на студии во странство ќе работи две години во Република Македонија. По завршувањето на студиите и враќањето во Република Македонија кандидатот е должен шест месеци да биде на располагање за вработување во органите на државната управа, како и во државните високо-образовни и научни установи при што неговата работна позиција ќе биде соодветна на видот и степенот на неговите образовни квалификации. Доколку во периодот од шест месеци на кандидатот не му е понудена соодветно вработување во органите на државната управа, државните високо-образовни и научни установи тој може да бара вработување во приватниот сектор во Република Македонија. 2.Кандидатот ќе бидат ослободен од обврската да се врати во Република Македонија по завршувањето на студиите доколку во рок од шест месеци од дипломирањето се вработи во компанија од Fortune top 500 листата во странство. Во ваквите случаи тие можат да останат во странство максимум три години со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство, по што се обврзани да се вратат во Република Македонија и да ја одработат обврската специфицирана во обврската број 1. 3.Во случај кандидатот да одлучи по завршувањето на студиите, а со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство да не се врати во Република Македонија, потребно е да ги врати сите исплатени средства доделени за стипендија во износ три пати поголем од износот на стипендијата, најдоцна во рок од една година од завршувањето на студиите. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: - Пријава, - Диплома за завршени академски студии од прв циклус и/или уверение за постигнат успех (заверени на нотар), - Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на академски студииодвторциклус во академската 2012/2013 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите, - Уверение-потврда за активно познавање на јазик (TOEFL, IELTS, DELFT или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје), освен за кандидатите кои дел од своето средно, односно високо образование го завршиле на јазикот на кој се изведува наставата, - Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за академски студииодвтор циклус од други даватели (заверена на нотар). - Две препораки од универзитетски професори од установата/те во кои кандидатот се стекнал со додипломски студии од прв циклус и препорака од својот работодавач (доколку е во работен однос); - Мотивациско писмо; - Меница во форма на нотарски акт како средство за обезбедување на поврат на исплатените средства; - Уверение за државјанство на Република Македонија. Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач. Потребните документи за доделување на стипендиите за академските студии одвторциклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар. Рокот за пријавување на кандидатите за користење на академски стипендии за студии од втор циклус во странство е најдоцна до 15 мај 2012 година. Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат. Документите да се достават на адреса или во писарницата на: Министерство за образование и наука ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин” бб (Зграда на Нова Македонија) 1000 Скопје (со назнака стипендии за академски студии во странство од втор циклус за студенти) Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука и тоа контакт лице: Вита Турчевска Е-mail адреса: vita.turcevska@mon.gov.mk или на телефон (00) 389-2 3140-183 Пријава

../file-system/large/calendar

К О Н К У Р С за доделување стипендии за академски студии од втор циклус во странство

Коментари