«Назад

Стипендии за 4 кандидати од Р.Македонија за учество на летни школи по чешки јазик, 2 стипендии Плзењ и 2 стипендии во Брно

../common/calendar Почетен датум:
21.3.12
../common/calendar Краен датум:
Никој
../common/time Траење:
07:05 – 08:05
../common/attributes Внесете:
Настан

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА Стипендии за 4 кандидати од Република Македонија за учество на летни школи по чешки јазик, 2 стипендии Плзењ и 2 стипендии во Брно, Република Чешка Министерството за образование и наука на Република Македонија соопштува дека во 2012 година Министерството за образование, млади и телесно воспитување на Република Чешка обезбедува четири стипендии за учество на кандидати на летни школи по чешки јазик во рамките на проектот за словенски студии, кои традиционално се одржуваат во Плзењ (2 места) од 09.07.2012 г. до 27.07.2012 г. и Брно (2 места) од 21.07.2012 г. до 18.08.2012 г.. Кандидатите потребно е да ги поднесат следниве документи во два примероци: ● Пополнет формулар за учество на летната школа; ● CV, кратка биографија; ● Диплома за завршено високо образование; ● За студентите: потврда дека е редовен студент на факултет. Стипендијата покрива школарина, сместување и исхрана во студентска кантина, а патните трошоци се на товар на самиот кандидат. Заинтересираните кандидати апликацијата можат да ја најдат овде Letni skoli Ceska Brno aplikacija.pdf или Letni skoli Ceska Pilsen aplikacija.pdf иистата треба да ја достават пополнета во два примерока најдоцна до 06.02.2012 година во Министерството за образование и наука на Република Македонија, Сектор за наука и технолошко -технички развој, Одделение за меѓународна соработка, (ул. Мито Хаџивасилев – Јасмин б. б. Скопје, Република Македонија). Лице за контакт – Видановски Гоце ( 02 ) 3140185, е-пошта: goce.vidanovski@mon.gov.mk . Подетални информации за летните школи можат да се добијат на веб страната: www.phil.muni.cz/kabcest/index.php.

../file-system/large/calendar

Стипендии за 4 кандидати од Р.Македонија за учество на летни школи по чешки јазик, 2 стипендии Плзењ и 2 стипендии во Брно

Коментари