«Назад

К О Н К У Р С за доделување стипендии за додипломски студииод прв циклус во странство

../common/calendar Почетен датум:
20.3.12
../common/calendar Краен датум:
Никој
../common/time Траење:
15:07 – 16:07
../common/attributes Внесете:
Настан

Министерството за образование и наука распишува К О Н К У Р С ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ ЗА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИОД ПРВ ЦИКЛУС ВО СТРАНСТВО ЗААКАДЕМСКАТА 2012/2013 ГОДИНА Министерството за образование и наука за академската 2012/2013 година ќе додели стипендии за додипломски студии од прв циклус за студенти примени на додипломски студии на првите сто рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА: Право да се пријават на конкурсот имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови: - Кандидатот да е последна година на образование во соодветно средно училиште, при тоа до денот на пријавувањето да остварил успех во средно образование од 5.00, а доколку учи средно образование во странство, да остварил еквивалентен просечен успех 5,00; - Кандидатот да е примен на додипломски студии од прв циклус прв пат во прва година во академската 2012/2013 година на еден од првите сто рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет, - Кандидатот да има доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата, - Да не е корисник на стипендија од друг даватели, - Да е државјанин на Република Македонија. ДОПОЛНИТЕЛНИ КРИТЕРИУМИ: При селекцијата предност имаат кандидатите кои се примени на повисоко рангиран универзитет според последната објавена ранг листа од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет на првите сто рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки. Во случај повеќе кандидати да бидат примени на ист универзитет кој е меѓу првите сто рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет, предност за добивање на стипендија ќе имаат кандидатите кои се школувале во Република Македонија, односно немаат завршено средно образование во странство. При еднаков број на бодови, предност во доделувањето на стипендијата ќе се даде на оној кандидат кој се определил само за стипендија за средства за уписнина. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ: 1.Избраниот кандидат со договор се обврзува дека доколку ја добие стипендијата, за секоја година помината на студии во странство ќе работи две години во Република Македонија. По завршувањето на студиите и враќањето во Република Македонија кандидатот е должен шест месеци да биде на располагање за вработување во органите на државната управа, како и во државните високо-образовни и научни установи при што неговата работна позиција ќе биде соодветна на видот и степенот на неговите образовни квалификации. Доколку во периодот од шест месеци на кандидатот не му е понудена соодветно вработување во органите на државната управа, државните високо-образовни и научни установи тој може да бара вработување во приватниот сектор во Република Македонија. 2.Кандидатот ќе бидe ослободен од обврската да се врати во Република Македонија по завршувањето на студиите, доколку во рок од шест месеци од дипломирањето се вработи во компанија од Fortune top 500 листата во странство. Во ваквите случаи тие можат да останат во странство максимум три години со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство, по што се обврзани да се вратат во Република Македонија и да ја одработат обврската специфицирана во обврската број 1. 3.Во случај кандидатот да одлучи по завршувањето на студиите а со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство да не се врати во Република Македонија, потребно е да ги врати сите исплатени средства доделени за стипендија во износ три пати поголем од износот на стипендијата, најдоцна во рок од една година од завршувањето на студиите. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: - Пријава, - Свидетелства за завршени I, II и III година од средно образование, како и потврда за запишана IV година, а дипломатазазавршеносредно образованиеипостигнатиотуспех дополнително да се достави при потпишување на договор (заверени на нотар), - Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на додипломски студииодпрвциклус во академската 2012/2013 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите, - Уверение-потврда за активно познавање на јазик (TOEFL, IELTS, DELFT или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје, освен за кандидатите кои дел од своето средно образование го завршиле на јазикот на кој се изведува наставата, - Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за додипломски студииодпрв циклус од други даватели (заверена на нотар). - Препорака/и од наставничкиот совет на училиштето каде што се школува кандидатот; - Мотивациско писмо; - Меница во форма на нотарски акт како средство за обезбедување на поврат на исплатените средствата; - Уверение за државјанство на Република Македонија. Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач. Потребните документи за доделување на стипендиите за додипломските студиите одпрвциклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар. Рокот за пријавување на кандидатите за користење на стипендии за студии од прв циклус во странство е најдоцна до 15 мај 2012 година. Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат. Документите да се достават на адреса или во писарницата на: Министерство за образование и наука ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин” бб (Зграда на Нова Македонија) 1000 Скопје (со назнака стипендии за студии од прв циклус во странство за студенти) Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наукаи тоа контакт лице: Билјана Зафировска: Е-mail адреса: biljana.zafirovska@mon.gov.mk телефон (00) 389- 2-3140165. Образец за пријавување

../file-system/large/calendar

К О Н К У Р С за доделување стипендии за додипломски студииод прв циклус во странство

Коментари