«Назад

К О Н К У Р С за доделување на стипендии за специјализација во Велика Британија за 2012 година

../common/calendar Почетен датум:
20.3.12
../common/calendar Краен датум:
Никој
../common/time Траење:
15:06 – 16:06
../common/attributes Внесете:
Настан

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА К О Н К У Р С за доделување на стипендии за специјализација во Велика Британија за 2012 година Добротворната организација “Британски Фонд” (TheBritishScholarshipTrust) доделува стипендии за краток студиски престој (до 3 месеци), во Велика Британија, за кандидати од Република Македонија, со цел стручно усовршување. Стипендијата изнесува 800 фунти месечно (напомена: стипендијата за Лондон изнесува 915 фунти). Трошоците за сместување и исхрана се покриени од страна на британскиот фонд, додека патните трошоци ги покрива самиот кандидат. Неопходни услови што треба да ги исполнуваат кандидатите се: - да имаат завршено академски универзитетски студии од прв циклус со постигнат просечен успех од најмалку 8,00. - одлично познавање на англискиот јазик (се приложува потврда); - да не се постари од 30 години. Потребни документи - молба (со контакт адреса и телефон); - биографија (CV); - предлог програма за студискиот престој, истражување (една страна А-4 формат); - копии од уверение и диплома за завршено високо образование, (доколку бидете избрани од комисијата ќе ги доставите истите преведени на англиски јазик од судски овластен преведувач и судски заверени); - две писма со препораки од универзитетски професори од областа на студиите за коишто ќе се аплицира (затворени во плик); - потврда за познавање на англискиот јазик ( TOEFL, IELTS и др.) - формулар со 2 фотографии (документот да се преземе од www.britishscholarshiptrust.org). Горенаведените документи треба да бидат доставени на англиски јазик, во два примерока, на адреса: Бул. Мито Хаџивасилев-Јасмин б.б. 1000 Скопје, Министерсво за образование и наука , Сектор за наука и технолошко-технички развој (14-ти спрат). Крајниот рок за доставување на документите е 20-тифевруари 2012 година. За подетални информации обратете се во Министерството за образование и наука, на контакт телефон (02) 3 140-185, и на www.britishscholarshiptrust.org.

../file-system/large/calendar

К О Н К У Р С за доделување на стипендии за специјализација во Велика Британија за 2012 година

Коментари