«Назад

К О Н К У Р С за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Р.Словенија за академската 2012/2013 год.

../common/calendar Почетен датум:
20.3.12
../common/calendar Краен датум:
Никој
../common/time Траење:
15:04 – 16:04
../common/attributes Внесете:
Настан

Врз основа на Протоколот меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за високо образование, наука, и технологија на Република Словенија, Министерството за образование и спорт на Република Словенија за соработка во областа на образованието, потпишан на 15 февруари 2011 година во Љубљана, Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува К О Н К У Р С за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија за академската 2012/2013 година 1. Две (2) едносеместрални стипендии за студенти по словенечки јазик од Република Македонија; 2. Осумнаесет (18) месечни стипендии за студиско усовршување на високообразовните установи во Република Словенија, со поединечно траење од 3-6 месеци, за кандидати до 30 годишна возраст. Потребна документација за пријавување: 1.Образец за пријавување; 2.Мотивациско писмо; 3.Копија од диплома 4.Препорака од двајца професори од матичната институција; 5.Поканително писмо од словенечката институција кое ќе гласи на ваше име; 6.Копија од пасош; 7.Писмена согласност од институцијата; 8.Кандидатите уметници потребно е да приложат свое дело (фотографија, записи, дијапозитиви, ЦД со свои дела). Кандидатите потребно е да ги пополнат обрасците, кои се составен дел на овој конкурс. Пополнетите обрасци во три примероци се доставуваат до Министерството за образование и наука, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин б.б. Скопје. Краен рок за пријавување е 31 март 2012 година. Подетални информации можат да се добијат во Министерството за образование и наука, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин б.б. Скопје, тел. 3140-189, лице за контакт Билјана Василеска и на веб страницата на Министерството за образование и наука (http://www.mon.gov.mk). Линкови за превземање на документи за аплицирање: Application_2012-13 LETTER_OF_ACCEPTANCE_2012-13

../file-system/large/calendar

К О Н К У Р С за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Р.Словенија за академската 2012/2013 год.

Коментари