«Назад

Курс на тема „Интегрирано менаџирање со штетни инсекти“

../common/calendar Почетен датум:
20.3.12
../common/calendar Краен датум:
Никој
../common/time Траење:
14:58 – 15:58
../common/attributes Внесете:
Настан

Министерството за образование и наука на Република Македонија известува дека Израелската агенција за меѓународна развојна соработка (MASHAV) во соработка со Центарот за меѓународна соработка за развој на земјоделството (CINADCO) организираат курс на тема „Интегрирано менаџирање со штетни инсекти“. Курсот ќе се одржи од 30 април до 23 мај 2012 година во CINADCO центарот во Волкани, Израел. Сите заинтересирани кандидати подетални информации за курсот како и за начинот на аплицирање можат да најдат на Brochure - RD Course on IPM 2012 FINAL.pdf Важно е да се наспомене дека организаторот ги покрива трошоците за: 1. Школарина и регистрација, 2. Сместување, 3. Здравствено осигурување и основна здравствена грижа (ова не вклучува трошоци за стоматолошки, очни и лекување поврзано со хронични болести). 4. Транспорт од и до аеродромот. Организаторот не покрива трошоци за интернационален авионски превоз и дневници. Заинтересираните кандидати треба да аплицираат најдоцна до 19 март 2012 година.

../file-system/large/calendar

Курс на тема „Интегрирано менаџирање со штетни инсекти“

Коментари