«Назад

КОНКУРС за доделување стипендии за студии од прв и втор циклус на Академијата за филмска и ТВ уметност (ФАМУ), Прага, Република Чешка за академската 2

../common/calendar Почетен датум:
26.2.12
../common/calendar Краен датум:
Никој
../common/time Траење:
20:18 – 21:18
../common/attributes Внесете:
Настан

Министерството за образование и наука за академската 2012/2013 година ќе додели по 2 (две) стипендии за студии од прв и втор циклус на Академијата за филмска и ТВ уметност (ФАМУ) Прага, Република Чешка. 1. СТИПЕНДИИ ЗА СТУДИИ ОД ПРВ ЦИКЛУС: УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА: Право на стипендија имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови: 1. да завршиле средно образование; 2. да бидат прифатени од Академијата за филмска и ТВ уметност (ФАМУ); 3. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми; 4. да се државјани на Република Македонија; 5. добро познавање на англискиот јазик. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ: Кандидатите, кои се пријавуваат по конкурсот, потребно е до Министерството за образование и наука, Ул.„Мито Хаџи-Василев Јасмин„ бб - Скопје, најдоцна до 20.08.2012 година лично да ги достават потребните документи. Ранг листата со избраните кандидати ќе биде објавена на 31.08.2012 година на интернет порталот http:// mon.gov.mk. Предност при изборот ќе има кандидатот кој остварил подобар успех во средното образование. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: 1. Пријава (се добива од Министерството за образование и наука); 2.Фотокопии од свидетелствата за завршени I, II III и IV година на средно образование, заверени на нотар; 3. Писмо за прифаќање (Letter of acceptance) од Академијата за филмска и ТВ уметност (ФАМУ); 4. Изјава заверена на нотар дека кандидатот не е корисник на друга стипендија или кредит; 5. Фотокопија од уверение за државјанство на Република Македонија; 6. Потврда за познавање на англискиот јазик (TOEFL,IELTS или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје); Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се рангираат. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА: Стипендиите се доделуваат до завршување на студиите од прв циклус, предвидени со актот на Академијата за филмска и ТВ уметност (ФАМУ). На корисниците на стипендијата целосно ќе им бидат покриени трошоците за студирање (уписнина) и месечна стипендија согласно Решението за утврдување на висината на стипендијата донесено од Министерот за образование и наука. 2. СТИПЕНДИИ ЗА СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС: УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИЈА : Кандидатите кои ќе конкурираат треба да ги исполнуваат следните услови: - да имаат завршено академски студии од прв циклус во траење од три, односно четири години и постигнат просечен успех од најмалку 8,50; - да се примени на студии од втор циклус првпат во прва година во академската 2012/2013 година; - активно знаење на јазикот на кој се изведува наставата (освен за кандидатите кои еден дел од своето образование го завршиле на јазикот на кој се изведува наставата); - да не се корисници на стипендија од други даватели. Предност при изборот ќе имаат кандидатите кои при приемот оствариле подобар успех. Стипендиите се доделуваат за три години. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ: Кандидатите, кои се пријавуваат по конкурсот, потребно е до Министерството за образование и наука, Ул.„Мито Хаџи-Василев Јасмин„ бб - Скопје, најдоцна до 20.08.2012 година лично да ги достават потребните документи. Ранг листата со избраните кандидати ќе биде објавена на 31.08.2012 година на интернет порталот http//mon.gov.mk. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА: На корисниците на стипендијата целосно ќе им бидат покриени трошоците за студирање (уписнина) и месечна стипендија согласно Решението за утврдување на висината на стипендијата донесено од Министерот за образование и наука. Документите кои се издаваат од институциите од другите земји потребно е да бидат преведени од овластен судски преведувач. Потребните документи за доделување на стипендија за студии од втор циклус во странство може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ: - уверение за постигнатиот успех од прв циклус на студиите; - потврда дека кандидатот е примен првпат во прв семестар на студии од втор циклус во академската 2012/2013 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите; - потврда за познавање на јазикот (TOEFL, IELTS или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје); - изјава дека не е корисник на стипендија за студии од втор циклус од други даватели (заверена на нотар). Потребните документи по Конкурсот се поднесуваат исклучиво лично во Министерството за образование и наука. Некомплетните документи и документите доставени по изминатиот рок на Конкурсот нема да се примаат. Пријавата по Конкурсот со упатството за потребната документација која треба да ја приложат во врска со Конкурсот, заинтересираните лица можат да ја подигнат во Министерството за образование и наука или на сајтот на МОНwww.mon.gov.mk Документите да се достават во писарницата на: Министерство за образование и наука Ул.„Мито Хаџи-Василев Јасмин„ бб (Зграда на Нова Македонија) 1000 Скопје (со назнака:стипендии за студии од прв или втор циклус) Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука и тоа контакт лице: 1. За студии од прв циклус: Билјана Зафировска E-mail адреса:biljana.zafirovska@mon.gov.mkили на телефон (00) 389-2 3140 -165 и контакт лице за студии од втор циклус: 2. За студии од втор циклус: Вита Турчевска E-mail адреса:vita.turcevska@mon.gov.mkили на телефон (00) 389-2 3140-183 МИНИСТЕР, м-р Панче Кралев Линк до целиот документ:конкурс

../file-system/large/calendar

КОНКУРС за доделување стипендии за студии од прв и втор циклус на Академијата за филмска и ТВ уметност (ФАМУ), Прага, Република Чешка за академската 2

Коментари