«Назад

Повик за аплицирање за стипендии во Република Словачка

../common/calendar Почетен датум:
12.3.12
../common/calendar Краен датум:
Никој
../common/time Траење:
19:48 – 20:48
../common/attributes Внесете:
Настан

Амбасадата на Република Словачка во Република Македонија известува за повик за апликации за истражување и студиски престој во Република Словачка за академската 2012/2013 година,врз основа на„Програма за соработка помеѓу Министерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка и Министерството за образование и наука на Република Македонија во областа на образование и наука за периодот 2011- 2015 година“. Потребни документи: - биографија - CV (curriculum vitae); - мотивационо писмо; - апликантите да достават детална програма за студирање/истражување; - покана или писмо за прифаќање; - препораки: • студенти на додипломски студии и магистерски студии: две препораки од професори на домашните универзитети; • студенти на докторски студии: една препорака од менторот; • универзитетски професори и истражувачи: една препорака од домашната институција (декан, раководител на истражувачката група итн.); - студенти на додипломски студии и магистерски студии: уверение од оценките од моменталното студирање од домашната институција; - студенти на докторски студии, универзитетски професори и истражувачи: листа на објавени трудови во врска со истражувачкиот програм од престојот; - фотографија прикачена на секоја копија од апликација. Корисни линкови:информации за високо образовните институции во Република Словачка може да се најдат на веб страните:www.studyin.sk.,www.saia.sk/en/иwww.portalVS.sk, а информации околу истражувачките организации на веб страната:www.euraxess.sk. Апликацијата е во прилог. Апликацијата со потребните документи треба да бидат доставени во два примерока ( еден оригинален примерок и еден примерок во фотокопија ) до Министерството за образование и наука на Република Македонија, бул. Мито Хаџивасилев – Јасмин б. б. Скопје, 14 кат, канцеларија 1410, Гоце Видановски тел. 3140185,најкасно до 23 март 2012 година, 16:00 часот. Некомплетна документација и апликации пристигнати после рокот нема да бидат земени во предвид. Линк до апликацијата.

../file-system/large/calendar

Повик за аплицирање за стипендии во Република Словачка

Коментари