«Назад

Конкурс за стипендии на француската влада за постдипломски студии во Франција (едногодишни, за ниво мастер или докторат)

../common/calendar Почетен датум:
20.3.12
../common/calendar Краен датум:
Никој
../common/time Траење:
19:24 – 20:24
../common/attributes Внесете:
Настан

Приоритетот ќе им биде даден на студиите на ниво мастер 2 и на домените на студии кои не постојат или се недоволно развиени во земјава. Кандидатите треба да презентираат потврда дека конкурирале или дека оствариле контакт со француски универзитет. Стипендијата се активира после добивањето на официјален документ за прием. Напомена: Барања за студии на приватни универзитети во Франција нема да бидат разгледувани. Потребни документи за пријавување : - Пополнето барање за стипендија; - Потврда дека кандидатот конкурирал на Мастер или Докторат ; - Копија од диплома и уверение за положени испити со заверен превод на француски јазик ; - Две препораки од професори ; - Писмо за мотивација во кое кандидатот треба да ги изнесе своите видувања за начинот и конкретната примена на здобиените знаења од студирањето, после враќањето во земјата ; - Потврда за познавање на францускиот јазик ; - Една фотографија Некомплетните барања нема да бидат разгледувани. По извршената претселекција врз основа на документите, кандидатите ќе бидат повикани на разговор. Целосната документација во вкупно три истоветни примероци од кои два на француски и еден на македонски јазик, треба да биде доставена во предвидениот рок во Одделот на Кампус Франс, на адресата дадена подолу. За сите дополнителни информации, можете да се обратите во: Одделот на Кампус Франс во Францускиот институт Градски ѕид, блок 5, П. Фах 388, 1000 Скопје Тел: 02 / 3129 288 Лице за контакт : Г-ѓа Сузана ПЕШИЌ Suzana.pesik@ccfskopje.edu.mk Краен рок за пријавување : 30-ти април 2012 Линк доформулар

../file-system/large/calendar

Конкурс за стипендии на француската влада за постдипломски студии во Франција (едногодишни, за ниво мастер или докторат)

Коментари