«Назад

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии за студиската 2015/2016 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државнaта управа (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), врз основа на член 49 од Законот за студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13, 120/13, 41/14 и 146/15) и Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/13), Mинистерството за образование и наука распишува

 

КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија 
за студиската 2015/2016 година

 

Министерството за образование и наука за студиската 2015/2016 година ќе додели стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и тоа по следните групи:

 

а) Прва група – 1.500 стипендии за студенти од социјални категории;
б) Втора група:
630 стипендии (590 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 40 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9,00 просечен успех;
125 стипендии (105 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето, и тоа за студенти запишани на студиски програми по информатика кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 9,00 просечен успех;
в) Трета група – 650 стипендии (620 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 30 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 7,00 просечен успех.

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат студентите запишани на додипломски студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:
1. да се редовни студенти;
2. да не повторувале година во текот на студирањето;
3. да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании;
4. да се државјани на Република Македонија.

Критериуми за доделување на стипендиите се:

 

а) Прва група - стипендии за студенти од социјални категории

1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2015/2016 година за сите студиски програми. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 20 бодови.
2. Студентите на техничките факултети и медицинските науки добиваат дополнителни 10 бодови.
3. За критериумот материјални можности на студентите и нивното потесно семејство, се земаат вкупните месечни примања по член на семејството на студентот (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од Управа за јавни приходи – приходи: од вршење на земјоделска дејност, од вршење на стопанска дејност, од вршење на самостојна дејност, од имот и имотни права, од авторски права и права на индустриска сопственост, од дивиденди, од остварени капитални добивки, од добивки од игри на среќа и други приходи). По основ на овој критериум се добива најмногу 60 бодови. 
4. Дополнителни 10 бодови добиваат студенти деца на самохран родител, студенти деца на невработени родители, студенти деца без родители и родителска грижа, студенти деца со посебни потреби и студенти деца на корисници на надоместок по основ на престанок на работен однос од деловни причини за кои вкупните приходи во семејството се под нето минималната плата утврдена во Република Македонија.
5. Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
6. Документите на студентите, кои ќе освојат 0 бодови по основ на критериумот материјални можности (прикажани во точката 3 на оваа група), нема да се разгледуваат.

 

б) Втора група - стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето

1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2015/2016 година за сите студиски програми. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 100 бодови.
2. Студентите кои немаат положено најмалку 90% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 90 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само еден испит помалку од вкупно предвидениот број на испити.
3. Доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи и обратно, доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи.

 

в) Трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки

1. Постигнат успех од претходните студиски години до тековната 2015/2016 година. По основ на овој критериум може да се добијат најмногу 100 бодови. 
2. Студентите кои немаат положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години нема да бидат рангирани. За студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи каде што вкупниот број на предвидени испити за една студиска година е помалку од 10 (десет) испити, за критериумот да имаат положено најмалку 80 % од предвидените испити ќе се земе критериумот да имаат положено само два испита помалку од вкупно предвидениот број на испити.
3. Доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од јавните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од приватните универзитети и високообразовни установи и обратно, доколку не се пополни квотата со доволен број на студенти од приватните универзитети и високообразовни установи, комисијата може да ја пополни квотата со студенти, кои ги исполнуваат условите од јавните универзитети и високообразовни установи.

 

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk почнувајќи од 17.11.2015 година до 27.11.2015 година.
Препорачливо е пред електронското пријавување, кандидатите да ги комплетираат потребни документи согласно стипендијата за која аплицираат, за да можат во електронската пријава да ги внесуваат точните податоци од документите . 
За студентите кои се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава.

 

III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ

 

Студентите, кои електронски се пријавиле по конкурсот, потребно е во Министерството за образование и наука, ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 30.11.2015 година до 15.12.2015 година, во избраниот термин, да ги донесат следните документи:
1. Евидентен лист, објавен на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk;
2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2015/2016 година;
3. Идентификационен број од успешно пополнета електронска пријава;
4. Уверение со бројот на предвидените и положени испити од претходните години;
5. заверен образец “УППИ” во форма и содржина објавен на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk;
6. Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот:
• За вработените членови на семејството да се достават потврди за остварена плата за месец септември 2015 година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата за оваа година (за родителите-старатели, брат/сестра кои се вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели, брат/сестра кои се вработени во приватни фирми да се достави потврда за плата како и заверена декларација за прием на платата);
• За пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; 
• За разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;
• За корисници на социјална помош да се доставува последно решение или последен чек;
• За инвалидитет да се достави наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој и 
• За браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција.
7. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk;
8. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk;
9. Изјава за обработка и користење на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која кандидатот се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од одредени институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет порталот http://stipendii.mon.gov.mk.
10. Индекс на увид.
Кандидатите кои се пријавуваат за стипендија од прва група ги доставуваат сите документи (од бр.1 - бр.10), додека студентите кои се пријавуваат за стипендија од втората и третата група ги доставуваат документите под реден број 1, 2, 3, 4, 5, 7, 8, 9 и 10.
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните податоци:
-Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели, брат/сестра на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;
-статус за членовите на потесното семејство на кандитите, од Агенцијата за вработување на Република Македонија;
-за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги; 
-за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

IV. КАНДИДАТИТЕ НЕМА ДА БИДАТ РАНГИРАНИ АКО:

1. Доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена. 
2. Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

V. ОБЈАВА НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на 30.12.2015 година на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk.

 

VI. ВИСИНА НА СТИПЕНДИИТЕ

Висината на стипендијата за Прва група - стипендии за студенти од социјални категории изнесува 3.300,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Втора група - стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година на техничките факултети и медицинските науки од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато од најмалку 9,00 просечен успех изнесува 4.400,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Втора група - стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето од најмалку 9,00 на студиските програми по информатика изнесува 6.050,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за Трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки изнесува 3.300,00 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.

Студентот кој конкурирал за два или повеќе групи на стипендии и ги исполнил условите за добивање, му се доделува стипендијата според приоритетот кој го направил во евидентниот лист.

Стипендијата се доделува за толку семестри за додипломски студии, колку што се предвидени со општиот акт на високообразовната установа, без апсолвентски стаж за студирање.

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

Изјава за точност и прецизност на податоците

Евидентен лист

Изјава за лични податови

Изјава дека не сте корисник на друга стипендија

Изјава за семејна положба

Образец УППИ

 

Në bazë të nenit 55 paragrafi 1 të Ligjit për organizim dhe punë të organeve të administratës shtetërore (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 dhe 51/11), në bazë të nenit 49 të Ligjit për standardin e studentëve (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 15/13, 120/13, 41/14 dhe 146/15) dhe Rregullores për llojin e bursave të studentëve dhe mënyrën e ndarjes së bursave të studentëve (“Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë” nr. 169/13), Ministria e arsimit dhe shkencës shpallë


KONKURS
Për ndarjen e bursave për studentët e rregullt të regjistruar në studime deridiplomike të ciklit të parë në universitetet publike dhe private dhe institucione për arsim sipëror në Republikën e Maqedonisë për vitin akademik 2015/2016


Ministria e arsimit dhe shkencës për vitin akademik 2015/2016 do të ndajë bursa për studentët e rregullt të regjistruar në studime deridiplomike të ciklit të parë në universitetet publike dhe private dhe institucionet për arsim sipëror në Republikën e Maqedonisë edhe atë sipas grupeve në vijim:

а) Grupi i parë – 1.500 bursa për studentët e kategorive sociale;
b) Grupi i dytë:
630 bursa (590 për studentët e regjistruar në studime deridiplomike të ciklit të parë në universitetet dhe institucionet publike për arsim sipëror dhe 40 bursa për studentët e regjistruar në studime deridiplomike të ciklit të parë në universitetet dhe institucionet private për arsim sipëror), për studentët të cilët kanë arritur sukses posaçërisht të lartë gjatë mësimit, edhe atë për studentë të regjistruar në fakultetet teknike dhe shkencat mjekësore që kanë arritur sukses mesatar nga viti i I deri në vitin e regjistruar aktual prej së paku 8.50, ndërsa për studentët në fakultetet e shkencave shoqërore dhe fakulteteve të arteve të arrijnë së paku suksesin mesatare prej 9.00;
125 bursa (105 bursa për studentët e regjistruar në studime deridiplomike të ciklit të parë në universitetet dhe institucionet publike për arsim sipëror dhe 20 bursa për studentët e regjistruar në studime deridiplomike të ciklit të parë në universitetet dhe institucionet private për arsim sipëror), për studentët të cilët kanë arritur sukses posaçërisht të lartë gjatë mësimit, edhe atë për studentë të regjistruar në programet studimore për informatikë që kanë arritur sukses mesatar pre vitit të I deri në vitin e regjistruar aktual prej së paku 9.00 të suksesit mesatar;
c) Grupi i tretë – 650 bursa (620 bursa për studentët e regjistruar në studime deridiplomike të ciklit të parë në universitetet dhe institucionet publike për arsim sipëror dhe 30 bursa për studentët e regjistruar në studime deridiplomike të ciklit të parë në universitetet dhe institucionet private për arsim sipëror), për studentët e regjistruar në programet studimore nga sferat shkencore të shkencave matematiko-natyrore, tekniko-teknologjike, bioteknike dhe/ose shkencave të medicinës dhe të cilët kanë arritur sukses mesatar prej vitit të I deri në vitin e regjistruar aktual prej së paku 7.00 të suksesit mesatar.

 

I. KUSHTET PËR NDARJE TË BURSAVE STUDENTORE 
Të drejtë për bursa kanë studentët e regjistruar në studimet deridiplomike të ciklit të parë të cilët studiojnë në universitetet dhe institucionet publike dhe private për arsim sipëror në Republikën e Maqedonisë dhe të cilët i plotësojnë kushtet në vijim:
1. Të jenë studentë të rregullt;
2. Të mos kishin përsëritur vit gjatë studimeve;
3. Të mos jenë shfrytëzues të bursave nga ndonjë institucion, ose kompani tjetër;
4. Të jenë shtetas të Republikës së Maqedonisë.

Kriteret për ndarje të bursave janë:

а) Grupi i parë – bursa për studentë nga kategoritë sociale 
1. Sukses i arritur nga vitet e kaluara studimore deri në vitin aktual 2015/2016 për të gjitha programet studimore. Në bazë të këtij kriteri mund të merren më së shumti 20 pikë. 
2. Studentët e fakulteteve teknike dhe shkencave mjekësore fitojnë në mënyrë plotësuese 10 pikë.
3. Për kriterin mundësi materiale të studentëve dhe familjes së tyre më të ngushtë, merren pagesat e përgjithshme mujore për anëtar të familjes së studentit (neto pagesat mujore dhe të hyrat vjetore në baza të ndryshme të shfaqura në formularin nga Drejtoria e të hyrave publike – të hyrat: nga kryerja e veprimtarive bujqësore, nga kryerja e veprimtarive ekonomike, nga kryerja e veprimtarive individuale, nga prona dhe e drejta e pronës, nga të drejtat autoriale dhe të drejtat të pronësisë industriale, nga dividendët, nga fitimet e realizuara kapitale, nga fitimet prej lojërave të fatit dhe të hyrave të tjera). Në bazë të këtij kriteri fitohen më së shumti 60 pikë. 
4. Shtesë prej 10 pikëve fitojnë studentët fëmijë të një prindi, student fëmijë të prindërve të papunë, studentë fëmijë pa prindër dhe përkujdesje prindërore, studentët fëmijë me nevoja të posaçme dhe studentë fëmijë të përdoruesve të kompensimit në bazë ndërprerjes së marrëdhënies së punës për shkaqe afariste për të cilat të hyrat e përgjithshme në familje janë nën neto pagesën minimale të përcaktuar në Republikën e Maqedonisë.
5. Studentët të cilët nuk kanë dhënë së paku 80% të provimeve të parapara për vitet e kaluara studimore nuk do të jenë të radhitur. Për studentët të cilët studiojnë në universitetet dhe institucionet publike dhe private për arsim sipëror ku numri i përgjithshëm i provimeve të parapara për një vit studimor është më pak se 10 (dhjetë) provime, për kriterin të kenë të dhënë së paku 80% të provimeve të parapara do të merret kriteri të kenë të dhënë vetëm dy provime më pak nga numri i përgjithshëm i paraparë i provimeve. 
6. Dokumentet e studentëve, që do të fitojnë 0 pikë në bazë të kriterit mundësi materiale (të shfaqura në pikën 3 të këtij grupi), nuk do të merren parasysh.

b) Grupi dytë – bursa për studentët që kanë arritur sukses posaçërisht të lartë në mësim
1. Sukses i arritur nga vitet e kaluara studimore deri në vitin aktual 2015/2016 për të gjitha programet studimore. Në bazë të këtij kriteri mund të merren më së shumti 100 pikë.
2. Studentët të cilët nuk kanë dhënë së paku 90% të provimeve të parapara për vitet e kaluara studimore nuk do të jenë të radhitur. Për studentët të cilët studiojnë në universitetet dhe institucionet publike dhe private për arsim sipëror ku numri i përgjithshëm i provimeve të parapara për një vit studimor është më pak se 10 (dhjetë) provime, për kriterin të kenë të dhënë së paku 90% të provimeve të parapara do të merret kriteri të kenë të dhënë vetëm një provim më pak nga numri i përgjithshëm i paraparë i provimeve. 
3. Nëse nuk përmbushet kuota me numër të mjaftueshëm të studentëve nga universitetet dhe institucionet publike për arsim sipëror, komisioni mund të plotësojë kuotën me studentë, të cilët i përmbushin kushtet nga universitetet dhe institucionet private për arsim sipëror dhe anasjelltas, nëse nuk përmbushet kuota me numër të mjaftueshëm të studentëve nga universitetet dhe institucionet private për arsim sipëror, komisioni mund të plotësojë kuotën me studentë, të cilët i përmbushin kushtet nga universitetet dhe institucionet publike për arsim sipëror.

c) Grupi i tretë – bursa për studentët e regjistruar në programe studimore nga sferat shkencore të shkencave matematiko-natyrore, tekniko-teknologjike, bioteknike dhe/ose të mjekësisë 
1. Sukses i arritur nga vitet e kaluara studimore deri në vitin aktual 2015/2016 për të gjitha programet studimore. Në bazë të këtij kriteri mund të merren më së shumti 100 pikë. 
2. Studentët të cilët nuk kanë dhënë së paku 80% të provimeve të parapara për vitet e kaluara studimore nuk do të jenë të radhitur. Për studentët të cilët studiojnë në universitetet dhe institucionet publike dhe private për arsim sipëror ku numri i përgjithshëm i provimeve të parapara për një vit studimor është më pak se 10 (dhjetë) provime, për kriterin të kenë të dhënë së paku 80% të provimeve të parapara do të merret kriteri të kenë të dhënë vetëm dy provime më pak nga numri i përgjithshëm i paraparë i provimeve.
3. Nëse nuk përmbushet kuota me numër të mjaftueshëm të studentëve nga universitetet dhe institucionet publike për arsim sipëror, komisioni mund të plotësojë kuotën me studentë, të cilët i përmbushin kushtet nga universitetet dhe institucionet private për arsim sipëror dhe anasjelltas, nëse nuk përmbushet kuota me numër të mjaftueshëm të studentëve nga universitetet dhe institucionet private për arsim sipëror, komisioni mund të plotësojë kuotën me studentë, të cilët i përmbushin kushtet nga universitetet dhe institucionet publike për arsim sipëror.

II. MËNYRA DHE AFATI I PARAQITJES
Studentët të cilët paraqiten në konkurs, duhet të plotësojnë fletëparaqitje elektronike e cila gjendet në internet portalin http://konkursi.mon.gov.mk duke filluar prej më 17.11.2015 deri më 27.11.2015.
Rekomandohet që para paraqitjes elektronike, kandidatët t’i kompletojnë dokumentet e nevojshme në pajtim me bursën për të cilën aplikojnë, që të mund në fletëparaqitjen elektronike të fusin të dhënat e sakta nga dokumentet. 
Për studentët të cilët janë paraqitur më shumë herë, si valide do llogaritet fletëparaqitja e fundit.

 

III. VENDI DHE AFATI PËR PARASHTRIMIN E DOKUMENTEVE TË NEVOJSHME 
Studentët, të cilët janë paraqitur në mënyrë elektronike në konkurs, duhet që në Ministrinë e arsimit dhe shkencës, rr. “Sv. Kiril i Metodi” nr. 54, Shkup, prej më datë 30.11.2015 deri më 15.12.2015, në terminin e zgjedhur, të parashtrojnë dokumentet në vijim:
1. Listë evidentuese, të publikuar në internet portalin http://stipendii.mon.gov.mk;
2. Vërtetim për regjistrim të rregullt në semestrin dimëror për vitin akademik 2015/2016;
3. Numër identifikimi nga fletëparaqitja e plotësuar elektronike në mënyrë të suksesshme;
4. Certifikatë me numrin e provimeve të parapara dhe të dhëna nga vitet i kaluar;
5. Formular të vërtetuar “UPPI” në formë dhe përmbajtje të publikuar në internet portalin http://stipendii.mon.gov.mk;
6. Dokumentet për përcaktimin e gjendjes materiale të kandidatit:
• Për anëtarët e punësuar të familjes të dorëzohen vërtetime për pagesën e marrë për muajin shtator të vitit 2015 ose nëse gjatë këtij muaji nuk është marrë pagesa, të dorëzohet vërtetim për pagesën e marrë në muajin e fundit për këtë vit (për prindërit-kujdestarët, vëlla/motër që janë të punësuar në institucione shtetërore dhe publike të dorëzohet vërtetim për pagesë të vërtetuar nga organi i autorizuar, ndërsa për prindërit-kujdestarët, vëlla/motër që janë të punësuar në firma private të dorëzojnë vërtetim për pagesë si dhe deklaracion të vërtetuar për pranim të pagesës);
• Për anëtarët e pensionuar të familjes të dorëzohet dokument për shumën e pensionit – çek; 
• Për prindërit e shkurorëzuar të dorëzohet dëshmi për shkurorëzimin dhe nëse kandidati merr alimentacion, e njëjta të tregohet si e hyrë mujore;
• Për shfrytëzuesit e ndihmës sociale të dorëzohet vendimi i fundit ose çeku i fundit;
• Për invaliditet të dorëzohet rezultati dhe mendimi për llojin dhe shkallën e pengesës në zhvillimin fizik ose psikik dhe nevojat specifike të dhënë nga institucioni kompetent, ndërsa në pajtim me Rregulloren për vlerësim të nevojave specifike të personave me pengesa në zhvillim fizik dhe psikik dhe 
• Për vëllezër/motra të kandidatit, të cilët janë nxënës/studentë, dorëzohet vërtetim nga shkolla, gjegjësisht fakulteti ose institucion tjetër. 
7. Deklaratë të kandidatit se nuk është shfrytëzues i ndonjë burse tjetër, të publikuar në internet portalin http://stipendii.mon.gov.mk;
8. Deklaratë të kandidatit se dokumentet e dorëzuara janë të vërteta dhe të dhënat janë identike me ato të dhëna të futura në fletëparaqitjen elektronike, të publikuar në internet portalin http://stipendii.mon.gov.mk;
9. Deklaratë për përpunim dhe shfrytëzim të të dhënave personale të kandidatit dhe familjes së tij më të ngushtë (prindërve-kujdestarëve, vëllezërve, motrave), me të cilën kandidati pajtohet Ministria e arsimit dhe shkencës përmes detyrës zyrtare ti sigurojë dokumentet e nevojshme nga institucione me të cilat ka lidhur marrëveshje për bashkëpunim, të publikuar në internet portalin http://stipendii.mon.gov.mk.
10. Indeksin në vend.
Kandidatët të cilët paraqiten për bursë nga grupi i parë dorëzojnë të gjitha dokumentet (prej nr. 1 – nr. 10), ndërsa studentët të cilët paraqiten për bursë nga grupi i dytë dhe i tretë i dorëzojnë dokumentet me numër rendor 1, 2, 3, 4, 5, 7, 8, 9 dhe 10.
Ministria e arsimit dhe shkencës përmes mënyrës zyrtare, në pajtim me marrëveshjet e nënshkruara për bashkëpunim, do të sigurojë të dhënat në vijim:
-Certifikatë nga Drejtoria për të ardhura publike, për të ardhurat e realizuara në baza të ndryshme për vitin paraprak (të hyra nga veprimtaria e pavarur, nga kryerja e veprimtarive bujqësore, nga prona dhe e drejta e pronës, nga kapitali, fitimet e realizuara kapitale, nga fitimet prej lojërave të fatit dhe të hyrave të tjera) për të dy prindërit – kujdestarët, vëlla/motër e kandidatit veç e veç edhe për vet kandidatin;
-status për anëtarët e familjes më të ngushtë të kandidatëve, nga Agjencia e punësimeve të Republikës së Maqedonisë;
-për vëllain/motrën nën moshën 6 vjeçare, si dhe certifikatë të vdekjes për prindin e vdekur nga Drejtoria për udhëheqje me librat e amzës; 
-për shtetësi të Republikës së Maqedonisë nga Ministria e punëve të brendshme.

 

IV. KANDIDATËT NUK DO TË RADHITEN NËSE: 
1. Dokumentacioni i dorëzuar është i pakompletuar dhe i vonuar. 
2. Komisioni vërteton se të dhënat të cilat janë futur në fletëparaqitjen elektronike nuk janë identike me të dhënat nga dokumentacioni i dorëzuar.

V. PUBLIKIMI I REZULTATEVE 


Lista e kandidatëve të cilëve u ndahet bursa do të publikohet më datë 30.12.2015 në internet portalin http://stipendii.mon.gov.mk.

VI. SHUMA E BURSAVE 


Shuma e bursave për Grupin e parë – bursa për studentë të kategorive sociale është 3.300,00 denarë në muaj, për nëntë muaj gjatë vitit studimor.
Shuma e bursave për Grupin e dytë – bursa për studentët të cilët kanë arritur sukses posaçërisht të lartë gjatë mësimit dhe të cilët kanë arritur sukses mesatar prej vitit të I deri në vitin e regjistruar aktual studimor në fakultetet teknike dhe shkencat mjekësore prej së paku 8.50, ndërsa për studentët e fakulteteve të shkencave shoqërore dhe fakulteteve të arteve të kenë të arritur sukses mesatar prej së paku 9,00 është 4.400,00 denarë në muaj, për nëntë muaj gjatë vitit studimor.
Shuma e bursave për Grupin e dytë – bursa për studentë të cilët kanë arritur sukses posaçërisht të lartë në mësim prej së paku 9,00 në programet studimore për informatikë është 6.050,00 denarë në muaj, për nëntë muaj gjatë vitit studimor.
Shuma e bursës për Grupin e tretë – bursa për studentët e regjistruar në programet studimore nga sferat shkencore të shkencave matematiko-natyrore, tekniko-teknologjike, bioteknike dhe/ose të mjekësisë është 3.300,00 denarë në muaj, për nëntë muaj gjatë vitit studimor. 
Studenti i cili ka konkurruar për një ose më shumë grupe të bursave dhe plotëson kushtet për marrje, i ndahet bursa sipas prioritetit të cilin e ka bërë në listën evidentuese.
Bursa ndahet për aq semestra për studime deridiplomike, sa janë të parapara me aktin e përgjithshëm të institucionit për arsim sipëror, pa stazh të absolventit për studime.

 

DOKUMENTEVE TË NEVOJSHME

Изјава за точност и прецизност на податоците

Евидентен лист

Изјава за лични податови

Изјава дека не сте корисник на друга стипендија

Изјава за семејна положба

Образец УППИ

Коментари
Trackback URL:

Додади коментар

Kako ke stignam do identifikacioniot broj za prijavuvanje ?

Пратено на 16.11.15 11:48.

Прати одговор Најактивни
koga apliciras elektronski na kraj ti dava koj ti e identifikacionen broj

Пратено на 16.11.15 15:38 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Дали ќе има конкурс за талентирани студенти како што имаше минатата година?
http://stipendii.mon.gov.mk/talentirani-studenti

Пратено на 16.11.15 20:57.

Прати одговор Најактивни
Дали може студент од прва година на технички факултет да аплицира за првата група на стипендии?

Пратено на 16.11.15 23:10.

Прати одговор Најактивни
дали студент од прва година може да аплицира за стипендија.

Пратено на 17.11.15 08:50.

Прати одговор Најактивни
не може, значи за стипендија аплицираат студенти од втора година, врз основа на остварен просек од првата студиска година

Пратено на 17.11.15 13:18 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
може да аплицираат и од трета година, зависно колку години трае факултетот, (и од четврта ако е за медицински и од петта,) а не може од прва година, сеуште не поминала прва година за да се пресмета просек

Пратено на 17.11.15 13:21 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Dali treba da ja dostavuvame Izjavata za semejna polozba dokolku konkurirame za stipendii kaj koi ne zavisi statusot na vrabotenosta na clenovite od semejstvoto?

Пратено на 17.11.15 14:41.

Прати одговор Најактивни
Па кога ќе ја пополниш електронската пријава ќе добиеш идентификационен број.

Пратено на 17.11.15 16:30 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Зошто во евидентниот лист не е ставена изјавата од кандидатот со која потврдува дека не е корисник на друга стипендија или кредит

Пратено на 18.11.15 06:51 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Во уверенијата за остварени приходи податоците се даваат во бруто износ.Во конкурсот не е нагласено кај потврдата за остварена плата за септември 2015 дали податоците да се во бруто или во нето износ-ШТО Е МНОГУ ВАЖНО

Пратено на 18.11.15 06:54 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
дали ако имаме брат или сестра постари од нас кои се веќе самостојни треба да ги внесуваме во електронската апликација?

Пратено на 18.11.15 14:06.

Прати одговор Најактивни
Трета година сум на факс, лани не ми одобрија стипендија,годинава од ново ќе аплицирам,дали треба да извадам уверение со просек од предходните две години или пак само од втора година ми треба просекот?

Пратено на 19.11.15 16:40.

Прати одговор Најактивни
KAJ BROJOT NA PREDVIDENI I POLOZENI ISPITI, DALI VAZI BROJOT NA ISPITI ZA OVAA GODINA ILI ZA SITE GODINI?

Пратено на 21.11.15 05:33.

Прати одговор Најактивни
Дали се потребни некои документи за брат/сестра кои живеат самостојно имаат свое семејство но сепак живеат на истата адреса?

Пратено на 21.11.15 15:20.

Прати одговор Најактивни
Здраво, дали може постари редовни студенти да аплицираат за стипендија. Знам претходните имаше еден услов кој гласеше “студентите од II-та студиска година да не се постари од 22 години“, а оваа година го нема? Дали е испуштен или пак оваа година и ние постарите студенти имаме право за апликација? Ве молам за одговор... И пишав на маил на МОН не враќаат

Пратено на 21.11.15 15:23.

Прати одговор Најактивни
jas sum vo cetvrta god. znaci ovaa mi e posledna godina dali mozam da apliciramm

Пратено на 21.11.15 22:36.

Прати одговор Најактивни
Izjavata za tochnost i preciznost na podatocite ne e tochna. Kaj navedenata studiska godina stoi 2014/2015, namesto 2015/2016. Dali treba da pechatime nova izjava, ili prifatena kje e i vaka?

Пратено на 24.11.15 17:31.

Прати одговор Најактивни
Sakav da prasam za pocinat roditel, EMBG treba da se napise pri online apliciranjeto?

Пратено на 24.11.15 19:25.

Прати одговор Најактивни
Ako i dvajcata roditeli se nevraboteni i ne se primateli na socijalna pomos treba nekakov dokument za reden br 6 ?

Пратено на 25.11.15 09:39.

Прати одговор Најактивни
Прикажани 1 - 20 од 27 резултати.
на 2

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2