Entries with tag <em>вторциклус</em>.

Конкурс за доделување на стипендии на Владата на Руската Федерација

КОНКУРС за доделување на стипендии на Владата на Руската Федерација

 

Владата на Руската Федерација за академска 2014/2015 година ќе додели 60 (шеесет)  државни стипендии, од кои 44 (четириесет и четири) за редовни додипломски студии, 7 (седум) за магистерски студии, 8 (осум) за специјалистички студии и 1 (една) за кандидатски, односно докторски студии во универзитетите на Руската Федерација: во технички области, односно на техничките универзитети и факултети на Руската федерација, области на технолошко - металуршкиот развој, како што се развојот на гасот, електроенергетскиот сектор, математиката и физиката, уметност, спорт, меѓународни односи и сл.

 

Кандидатите треба да одберат специјалност за своите студии од листите на специјалности. Руската страна за македонските државјани обезбедува:

-          висината на стипендијата (месечно) ќе биде еднаква како и стипендијата на руските студенти во соодветната категорија;

-          условите и висината на цената за сместување во студентските домови се еднакви како и за руските студенти;

Потребни документи за пријавување:

  • пријава (Application Form) со фотографија, со наведена шифра и полн назив на одбраната специјалност, пополнета на рускиили англискијазик.Секој кандидат може да аплицира за една до шест високообразовни институции како место за обука (но не повеќе од две во ист федерален регион, Москва или Санкт-Петербург);
  • копија од документот за завршено образование, преведена на руски јазик и заверена на нотар со листа на наставните предмети и оценки добиени на испитите;
  • лекарско уверение, заверено од официјална државна здравствена установа, преведено на руски јазик;
  • потврда за извршен медицински тест за ХИВ-вирусот, заверена од официјална државна здравствена установа; преведена на руски јазик;
  • копија од изводот од матичната книга на родените со апостил, заверена кај нотар, преведена на руски јазик;
  • копии од страниците на пасошот со основните податоци за составување покана за студии (број на пасошот, со рок на важење не помалку од 1,5 година до влегувањето во Руската Федерација);
  • 1 фотографија 4 х 6 см.

Пријавата да се пополни на руски јазик ако се познава добро рускиот јазик, односно само на англиски јазик ако не се познава добро рускиот јазик (дополнително ќе се пополни пријавата на руски јазик за да не се направат грешки во пополнувањето).

Документите да се достават во 1 (еден) примерок заверен на нотар, преведен на руски јазик и заверен во конзулатот на Руска Амбасада и 1 (еден) примерок обична фотокопија од преведените документи .

Кандидатите за додипломски студии треба да имаат завршено 4 годишно средно образование еквивалентно на руското завршено општо образование со оценки по предметите од одбраната струка не пониски од 80% од максималната оценка и со преодни оценки по сите останати предмети.

Кандидатите за магистерски  студии треба да имаат диплома за завршено високо образование и уверение за положени испити.

 

Кандидатите за последипломски студии треба добро да го познаваат рускиот јазик и треба освен горенаведените документи да ја достават дипломата за високо образование на ниво на магистер по науки/уметности и уверение на положените предмети со оценки, како и список на објавените научни трудови (доколку ги има) и краток реферат по тема на идното истражување (не повеќе од две страници) на руски јазик. За обука во ординатура (последипломска пракса и обука во медицинските науки)  се примаат само дипломци на руски високообразовни установи.

 

За местото на студирање (високообразовна установа и град) на кандидатот одлучува Руската страна, зависно од апликацијата на кандидатот и слободните места на факултетите.

 

Краен рок за поднесување на документите е 15.04.2014 година, до Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија,

Скопје .

 

Конкурсот е објавен и на веб страната на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mkи на веб страната на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија www.russia.org.mk.

 

Апликација и листа на специјалности: www.russia.edu.ru/enter/2013/

 

Подетални информации зауслови за доделување државни стипендии за студии во високо образовни установи на Руската Федерација се достапни на сајтот: http://rs.gov.ru  и http://минобрнауки.рф

Директни линкови:

Апликациска форма

Бакалаварски студии

Специјалистички студии

Магистерски студии

Прикажани 1 резултат.

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области