Конкурс за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија за академската 2017/18 година

Врз основа на член 3 од Протоколот меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование, наука и спорт на Република Словенија, за соработка во областа на образованието, потпишан на 23 февруари 2016 година во Љубљана, Министерството за образование и наука на Република Македонија распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување на стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија за академската 2017/2018 година

 

1. Три (3) едносеместрални стипендии (секоја по четири месеци) за студенти по словенечки јазик од Република Македонија;

2. Дваесет и четири (24) месечни стипендии за студиско усовршување на високообразовните установи во Република Словенија, со поединечно траење од 3-6 месеци, за кандидати до 26 годишна возраст.

3.  Две (2) стипендии со траење од две седмици, за посета на летниот курс по словенечки јазик за студенти по словенечки јазик од Република Македонија.

 

Потребна документација за пријавување:

 

1. Образец за пријавување;

2. Копија од диплома или заверен препис на нотар;

3. Копија од пасош (со страната на фотографија):

4. Оригинална потврда потпишана и заверена од страна на словенечка високообразовна установа за прием на студенти за размена;

5. Една препорака од страна на домашната установа за размена на студенти; 

6. Две препораки од страна на домашната установа за размени за истражување на докторски студии.

Kандидатите потребно е да ги пополнат и обрасците кои може да се обезбедат на следниот линк:

http://eng.cmepius.si/programmes/bilateral-scholarships/

Пополнетите обрасци, заедно со потребната документација, во три примероци, се доставуваат до Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје.

Краен рок за пријавување е 28 февруари 2017 година.

Подетални информации можат да се добијат во Министерството за образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје, тел. 076 485 044, лице за контакт Билјана Василеска. 

Конкурс за доделување на стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии во Република Хрватска за академската 2016/2017 година

Врз основа на Програмата за соработка од областа на науката, технологијата и образованието помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за наука, образование и спорт на Република Хрватска, потпишана на 23 февруари 2015 година во Скопје, Министерството за образование и наука  на Република Македонија распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување на стипендии за едносеместрални преддипломски/дипломски студии и студискoусовршување  во Република Хрватска за академската 2016/201година

 

1. Две (2) едносеместрални стипендии за преддипломски/ дипломски студии за изучување на хрватскиот јазик и литература,

2. .До осум (8) месеци стипендии за студиски престои, со поодделно траење од 1-2 месеци.

3. Две (2) стипендии за летниот курс по хрватски јазик и литература во рамки на Загребската славистичка школа.

 

Потребна документација за пријавување:

  

За точка број 1  потребни се следните документи:

 

1.    Образец за пријавување; (пополнетиот Образец потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2.    Фотографија од лична карта, поставена на образецот за пријавување;

3.    Фотокопија од пасош;

4.    CV,(Во Европски формат);

http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

5.    Препис од двата последни завршени семестри во домашната институција (копија од додипломски/дипломскистудии,  (копија од BA/ BSc програми);

6.    Мотивациско посмо;

7.    Препорака од соодветна домашна институција, зaверена и потпишана од одговорното лице;

8.    Потврда за редовен студент;

9.    Здравствена потврда.

.

За точка број 2  потребни се следните документи:

 

1.    Образец за пријавување; ( пополнетиот Образец,  потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2.    Фотографија од лична карта, поставена на Образецот за  пријавување;

3.    Фотокопија од пасош;

4.    CV, (Во Европски формат);

http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

5.    Листа на публикации;

6.    Копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот, заедно со придружен  соодветен документ од партнерот;

7.    Прецизен и детален план за работа – максимум две страни;

8.    Сертификат за владеење на Хрватски јазик – освен ако е договорено предложената програма да е на дру јазик. (Да е приложено во писмото за покана);

9.    Две препораки од компетентни професори/ експерти од областа на истражувањето;

10.  Писмо за покана од страна на институција во Хрватска;

11.  Здравствена потврда..

 

За точка број 3  потребни се следните документи:

1. Образец за пријавување; (пополнетиот Образец потребно е да биде доставен и во електронска форма) на http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2.Фотографија од лична карта поставена на образецот за   пријавување;

3.Фотокопија од пасош;

4.CV, (Во Европски формат)

http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

5. Копија од диплома со највисокото звање што го поседува апликантот;

6. Мотивациско писмо;

7.Писмо за препорака;

8.Доказ за владеење на хрватски јазик.

 

Напомена:Образецот за пријавување кој е составен дел на овој Конкурс, освен во електронска форма, потребно е пополнет да го испечатите и да го доставите во три примероци во хартиена форма,заедно со потребната документација

Наведените документи потребно е во три примероци да се достават до Министерството за образование и наука,  најдоцна до 8 Април, 2016 година.

Подетални информации можат да се добијат во Министерствотоза образование и наука, ул. Кирил и Методиј, бр. 54, Скопје, тел. 076 485 044, лице за контакт Билјана Василеска.

 

 

 

 

 

Në  bazë të Programit për bashkëpunim në lëmin e shkencës, teknologjisë dhe arsimit ndërmjet Ministrisë së Arsimit dhe Shkencës të Republikës së  Maqedonisë dhe Ministrinë e Shkencës, Arsimit dhe Sportit të Republikës së Kroacisë, të nënshkruar më 23 shkurt 2015 në Shkup, Ministria e Arsimit dhe Shkencës së Republikës së Maqedonisë shpall:

 

 

 

 

 

KONKURS

për ndarjen e bursave studimore  një semestrale para diplomike/ diplomike dhe avancime studimore në Republikën e Maqedonisë për vitin akademik 2016/2017

 

1. Dy ( 2) bursa një semestrale për studime para diplomike/ diplomike për mësimin e gjuhës dhe literaturës kroate,

2.Deri në tetë ( 8 ) muaj bursa për vizita studimore, me kohëzgjatje të ndarë prej 1-2 muaj.

3. Dy (2) bursa për kurs veror nga gjuha dhe literatura kroate në kuadër të Shkollës sllave të Zagrebit.

 

Dokumentet e nevojshme për aplikim:

 

Për pikën 1 janë të nevojshme dokumentet e më poshtme:

1.   Formular për aplikim; ( Formulari i plotësuar është i nevojshëm të dorëzohet edhe në formë elektronike) në http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2.   Fotografi nga Letërnjoftimi, të vendosur në formularin për aplikim;

3.   Fotokopje të pasaportës;

4.   CV, ( në formë evropiane);

http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

 5. Kopje të dy semestrave të fundit të kryer në institucionin vendor  ( kopje nga studimet deridiplomike/ diplomike, ( kopje nga program BA/BSc);

 6. Letër motivimi; 

7.Rekomandim nga institucioni përkatës nga vendi, të vërtetuar dhe të nënshkruar nga  person i autorizuar;

8. Vërtetim - studentë i rregullt;

9. Vërtetim mjeksor.

 

 

Për pikën 2 janë të nevojshme dokumentet e më poshtme:

1.   Formular për aplikim; ( Formulari i plotësuar është i nevojshëm të dorëzohet edhe në formë elektronike) në http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2.   Fotografi nga Letërnjoftimi, të vendosur në formularin për aplikim;

3.   Fotokopje të pasaportës;

4.   CV, ( në formën evropiane);

http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

5. Lista e publikimeve;

6. Kopje të Diplomës metitullin më të lartë që posedon aplikanti, së bashku me dokumentin përkatës nga partneri;

7.Plan preciz dhe detal për punë - maksimum dy faqe;

8.Certifikatë për njohjen e gjuhës kroate - përveç nëse është dakorduar që programi i propozuar të jetë në gjuhë tjetër. ( të jetë e bashkangjitur në letrën për ftesë);

9. Dy rekomadime nga ana e profesorëve/ ekspert kompetent nga lëmia e hulumtimit;

10. Letër për ftesë nga ana e institucionit në Kroaci;

11. Vërtetim mjeksor.

 

Për pikën 2 janë të nevojshme dokumentet e më poshtme:

1.   Formular për aplikim; ( Formulari i plotësuar është i nevojshëm të dorëzohet edhe në formë elektronike) në http://www.mobilnost.hr/scholarship_application/

2.   Fotografi nga Letërnjoftimi, të vendosur në formularin për aplikim;

3.   Fotokopje të pasaportës;

4.   CV, ( në formën evropiane);

http://europass.cedefop.europa.eu/europass/home/hornav/Downloads/EuropassCV/CVTemplate.csp

5.Kopje të Diplomës metitullin më të lartë që posedon aplikanti;

 6. Letër motivimi;

 7. Letër rekomandimi;

 8. Dëshmi për njohjen e gjuhës kroate.

 

     Shënim: Formulari për aplikim i cili është pjesë përbërëse e këtij konkursi, përveç se në formë elektronike, është e nevojshme që e plotësuar të shtypet dhe të dorëzohet  në tre ekzemplarë në formë - letër  së bashku me dokumentet e nevojshme.

 

Dokumentet e shënuara është e nevojshme që në tre ekzemplarë të dorëzohen në Ministrinë e Arsimit dhe Shkencës, më së voni deri më 8 Prill, 2016.

 

Informacionet më të hollësishme mund të merren në Ministrinë e Arsimit dhe Shkencës në Rr. Kirili dhe Metodi, nr.54, Shkup, tel. 076 485 044, kontakt personi Biljana Vasileska.

Конкурс за доделување на стипендии на Владата на Руската Федерација

КОНКУРС за доделување на стипендии на Владата на Руската Федерација

 

Владата на Руската Федерација за академска 2014/2015 година ќе додели 60 (шеесет)  државни стипендии, од кои 44 (четириесет и четири) за редовни додипломски студии, 7 (седум) за магистерски студии, 8 (осум) за специјалистички студии и 1 (една) за кандидатски, односно докторски студии во универзитетите на Руската Федерација: во технички области, односно на техничките универзитети и факултети на Руската федерација, области на технолошко - металуршкиот развој, како што се развојот на гасот, електроенергетскиот сектор, математиката и физиката, уметност, спорт, меѓународни односи и сл.

 

Кандидатите треба да одберат специјалност за своите студии од листите на специјалности. Руската страна за македонските државјани обезбедува:

-          висината на стипендијата (месечно) ќе биде еднаква како и стипендијата на руските студенти во соодветната категорија;

-          условите и висината на цената за сместување во студентските домови се еднакви како и за руските студенти;

Потребни документи за пријавување:

  • пријава (Application Form) со фотографија, со наведена шифра и полн назив на одбраната специјалност, пополнета на рускиили англискијазик.Секој кандидат може да аплицира за една до шест високообразовни институции како место за обука (но не повеќе од две во ист федерален регион, Москва или Санкт-Петербург);
  • копија од документот за завршено образование, преведена на руски јазик и заверена на нотар со листа на наставните предмети и оценки добиени на испитите;
  • лекарско уверение, заверено од официјална државна здравствена установа, преведено на руски јазик;
  • потврда за извршен медицински тест за ХИВ-вирусот, заверена од официјална државна здравствена установа; преведена на руски јазик;
  • копија од изводот од матичната книга на родените со апостил, заверена кај нотар, преведена на руски јазик;
  • копии од страниците на пасошот со основните податоци за составување покана за студии (број на пасошот, со рок на важење не помалку од 1,5 година до влегувањето во Руската Федерација);
  • 1 фотографија 4 х 6 см.

Пријавата да се пополни на руски јазик ако се познава добро рускиот јазик, односно само на англиски јазик ако не се познава добро рускиот јазик (дополнително ќе се пополни пријавата на руски јазик за да не се направат грешки во пополнувањето).

Документите да се достават во 1 (еден) примерок заверен на нотар, преведен на руски јазик и заверен во конзулатот на Руска Амбасада и 1 (еден) примерок обична фотокопија од преведените документи .

Кандидатите за додипломски студии треба да имаат завршено 4 годишно средно образование еквивалентно на руското завршено општо образование со оценки по предметите од одбраната струка не пониски од 80% од максималната оценка и со преодни оценки по сите останати предмети.

Кандидатите за магистерски  студии треба да имаат диплома за завршено високо образование и уверение за положени испити.

 

Кандидатите за последипломски студии треба добро да го познаваат рускиот јазик и треба освен горенаведените документи да ја достават дипломата за високо образование на ниво на магистер по науки/уметности и уверение на положените предмети со оценки, како и список на објавените научни трудови (доколку ги има) и краток реферат по тема на идното истражување (не повеќе од две страници) на руски јазик. За обука во ординатура (последипломска пракса и обука во медицинските науки)  се примаат само дипломци на руски високообразовни установи.

 

За местото на студирање (високообразовна установа и град) на кандидатот одлучува Руската страна, зависно од апликацијата на кандидатот и слободните места на факултетите.

 

Краен рок за поднесување на документите е 15.04.2014 година, до Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија,

Скопје .

 

Конкурсот е објавен и на веб страната на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mkи на веб страната на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија www.russia.org.mk.

 

Апликација и листа на специјалности: www.russia.edu.ru/enter/2013/

 

Подетални информации зауслови за доделување државни стипендии за студии во високо образовни установи на Руската Федерација се достапни на сајтот: http://rs.gov.ru  и http://минобрнауки.рф

Директни линкови:

Апликациска форма

Бакалаварски студии

Специјалистички студии

Магистерски студии

Конкурс за доделување на 20 целосни стипендии за македонски државјани за додипломски студии од областа на инженерските и земјоделските науки

Стипендии  Унгарија

 

Повеќе од сто години унгарските високообразовни институции  им овозможуваат студии на странските студенти. Дипломите од унгарските високообразовни институции се прифатени и ценети ширум светот.

Веќе неколку децении унгарските универзитети и институти учествуваат на меѓународен план во сите сфери на науката .

Програмата Stipendium Hungaricum е основана од страна на Владата на Република Унгарија во 2013 година. Република Унгарија преку Одборот за стипендии на унгарскиот институт Balassi нуди стипендии за странски државјани заинтересирани за додипломски, постдипломски или докторски студии во акредитирани високообразовни институции во Унгарија за општествени или технички науки.

Согласно потпишаната „Работна програма за образовна и научна соработка помеѓу Република Македонија и Република Унгарија“, Владата на Република Унгарија во рамките на програмата Stipendium Hungaricum објави Конкурс за доделување на 20 целосни стипендии за македонски државјани за додипломски студии од областа на инженерските и земјоделските науки.

 

За прием на избраната виоскообразовна институција се полага приемен испит.

Ако јазикот на настава е на странски јазик, кандидатот треба да го знае дадениот јазик на нивото потребно од страна на домашниот институт. Доколку јазикот на настава е на унгарски јазик, кандидатите ќе учествуваат во подготвителна настава во период од една година  обезбедена од страна на BalassiИнститутот пред да започнат со своите студии.

Студентите кои ќе студираат во Република Унгарија мора да останат во земјата за време на целиот период на студирање.

 

За стипендија неможе да се пријават следниве кандидати:

- Странски државјани кои имаат дозвола за престој/имиграција или се во процес на аплицирање за таква дозвола;

- Странски државјани со постојано место на живеење во Република Унгарија;

- Странски државјани вработени во редовен работен однос во Република Унгарија , согласно законот за работни односи на Република Унгарија;

- Вработени кандидати кои се пријавуваат за вонредни или дописни студиски програми.

 

                 Потребни документи за аплицирање се:

1.       Формулар за аплицирање

2.       Кратка биографија (CV)

3.       Писмо за изразување на интерес

4.      Сертификат за познавање на англиски јазик

5.       Доказ за завршен степен на образование:

-копија од диплома за завршено средно образование (превод на англиски во  оригинал, со нотарска заверка)

-уверение, диплома од завршено високо образование, доколку има (превод на англиски  во оригинал, со нотарска заверка)

-копија диплома за завршени додипломски студии (превод на англиски во оригинал, со нотарска заверка)

6.   Копија од пасош

7.   Лекарско уверение за задоволителна здравствена состојба

8.   Лична изјава

 

Заинтересираните кандидати  апликацијата за стипендија и потребните документи треба  да ги достават до  Министерството за образование и наука на адреса ул.  Св. Кирил и Методиј  бр.54, 1000 Скопје.

Апликацијата за стипендија може да се преземе на веб страната на Министерството за образование и наука.

Рокот за поднесување на апликации е 19.03.2014 година.

  Сите дополнителни информации се достапни на веб страната http://www.scholarship.hu/Englishsite/tabid/184/language/en-EN/Default.aspx.

Контакт лице: Катерина Шумановска

Тел: 02 3140 185

Конкурс за доделување стипендии (уметнички) за додипломски студии од прв циклус во странство за академската 2014/2015 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02,82/08,167/10 и 51/11),  член 49 од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13,30/13 и 120/13) и член 2, став 1, алинеја 3 од Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии на студенти кои студираат во странство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/13), Министерството за образование и наука распишува:

Конкурс за доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство од областите на ликовната уметност, кинематографија, и филмска продукција, драмската уметност и музиката за академската 2014/2015 година

 

Министерството за образование и наука за академската 2014/2015 година ќе додели стипендии за додипломски студии од прв циклус за кандидати примени на додипломски студии на реномираните универзитети во светот, согласно листата на реномирани универзитети во светот од областа на ликовната уметност, кинематографијата и филмската продукција, драмската уметност и музикатаво прилог на конкурсот.

 I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

 

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

 

1.    Да има завршено соодветно средно училиште, при тоа до денот на пријавувањето да остварил солиден успех во средно образование, а доколку учи средно образование во странство,

2.    Да е примен на додипломски студии од прв циклус за прв пат во прва година во академската 2014/2015 година на еден од реномираните универзитети во светот, согласно листата на реномирани универзитети во светот од областа на ликовната уметност, кинематографијата и филмската продукција, драмската уметност и музиката објавенaво прилог на конкурсот.

3.    Да има доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата

4.    Да не е корисник на стипендија од друг даватели

5.    Да е државјанин на Република Македонија.

 

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

 

·  Пријава

·  Свидетелства за завршени I, II, III и IV година од средно образование, и/или потврда за запишана IV година, а дипломата за завршено средно образование и постигнатиот успех дополнително да се достави при потпишување на договор (заверени на нотар).

·  Доколку кандидатот за доделување на стипендија средното образование го има завршено во странство да се достави доказ за извршена нострификација од страна на Министерството за образование и наука,

·  Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на додипломски студии од прв циклус во академската 2014/2015 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите и цената на уписнината

·  Уверение-потврда за активно познавање на јазик (TOEFL, IELTS, DELFT или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје, освен за кандидатите кои дел од своето средно образование го завршиле на јазикот на кој се изведува наставата,

·  Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за додипломски студии од прв циклус од други даватели (заверена на нотар).

·  Мотивациско писмо;

·  Меница во форма на нотарски акт како средство за обезбедување нисплатените средства;

·  Уверение за државјанство на Република Македонија.

 

Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

Потребните документи за доделување на стипендиите за додипломските студии од прв циклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

 

III.ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

На корисниците на стипендијата ќе им бидат подмирени трошоците согласно член 5 од Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии на студенти кои студираат во странство

 

IV. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

 

1.     Избраниот  кандидат со договор се обврзува дека доколку ја добие стипендијата, за секоја година помината на студии во странство ќе работи две години во Република Македонија. По завршувањето на студиите и враќањето во Република Македонија кандидатот е должен шест месеци да биде на располагање за вработување во органите на државната управа, како и во државните високо-образовни и научни установи при што неговата работна позиција ќе биде соодветна на видот и степенот на неговите образовни квалификации. Доколку во периодот од шест месеци на кандидатот не му е понудена соодветно вработување во органите на државната управа, државните високо-образовни и научни установи тој може да бара вработување во приватниот сектор во Република Македонија.

2.    Кандидатот ќе бидат ослободен од обврската да се врати во Република Македонија по завршувањето на студиите, доколку во рок од три месеци од дипломирањето се вработи во институција од соодветната уметноство странство. Во ваквите случаи тие можат да останат во странство максимум три години со цел стекнување на меѓународно искуство, по што се обврзани да се вратат во Република Македонија и да ја одработат обврската специфицирана во обврската број 1.

3.    Во случај кандидатот да одлучи по завршувањето на студиите,со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство,да не се врати во Република Македонијаи не ја исполни обврската од став 1, потребно е да ги врати сите исплатени средства доделени за стипендија во износ три пати поголем од износот на стипендијата, најдоцна во рок од една година од завршувањето на студиите.


   V. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на стипендии за студии од прв циклус во странство е најдоцна до 1 септември 2014 година.

 

 Документите да се достават на адреса или во писарницата на:
Министерство за образование и наукаул.„Кирил и Методиј”бр. 54(Зграда на Нова Македонија)1000Скопје(со назнака “Стипендии за додипломски студии од прв циклус”)

Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат.

Комисијата формирана во врска со Конкурсотза доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство од областите на ликовната уметност, кинематографија, и филмска продукција, драмската уметност и музиката за академската 2014/2015 година, должна е веднаш по приемот на комплетната документација од кандидатот, а најдоцна во рок од 15 дена, да одлучи дали кандидатот ги исполнува или не сите предвидени услови од Конкурсот, односно дали на кандидатот му се доделува или не стипендијата.

 

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука или на телефон (00389-02) 3227-761, Биљана Зафировска, e-mail: biljana.zafirovska@mon.gov.mk

Прикажани 1 - 5 од 6 резултати.
Предмети по страница 5
на 2

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области