Конкурс за доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство

Врз основа на извадок од Нацрт записникот од сто триесет и втората седница на Владата на Република Македонија оддржана на 01.05.2013 година, заведен под број 41-2908/1 од 01.05. 2013година, Министерството за образование и наука распишува:

 

Конкурс за доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство од областите на ликовната уметност, кинематографија, и филмска продукција, драмската уметност и музиката за учебната2013/2014 година

 

Министерството за образование и наука за академската 2013/2014 година ќе додели стипендии за додипломски студии од прв циклус за кандидати примени на додипломски студии на реномиранитеуниверзитетиво светот, согласно листата на реномирани универзитети во светот од областа на ликовната уметност, кинематографијата и филмската продукција, драмската уметност и музиката во прилог на овој Конкурс.

 

УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:


Право да се пријават на конкурсот имаат кандидатите кои ги исполнуваат следните услови:

-    Кандидатот да е последна година на образование во соодветно средно училиште, при тоа до денот на пријавувањето да остварил солиден успех во средно образование,

-    Кандидатот да е примен на додипломски студии од прв циклус прв пат во прва година во академската 2013/2014 година на еден од реномираните универзитети во светот, согласно листата на реномирани универзитети во светот од областа на ликовната уметност, кинематографијата и филмската продукција, драмската уметност и музиката во прилог на овој Конкурс
-    Кандидатот да има доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата,
-   Да не е корисник на стипендија од друг даватели,
-    Да е државјанин на Република Македонија.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ КРИТЕРИУМИ:
1. Во случај повеќе кандидати да бидат примени на ист универзитет на еден од реномираните универзитети во светот, согласно листата на реномирани универзитети во светот од областа на ликовната уметност, кинематографијата и филмската продукција, драмската уметност и музиката во прилог на овој Конкурс, предност за добивање на стипендија ќе имаат кандидатите кои се школувале во Република Македонија, односно немаат завршено средно образование во странство.

2. При еднаков број на бодови, предност во доделувањето на стипендијата ќе се даде на оној кандидат кој се определил само за стипендија за средства за уписнина.

 

ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

1.     Избраниот  кандидат со договор се обврзува дека доколку ја добие стипендијата, за секоја година помината на студии во странство ќе работи две години во Република Македонија. По завршувањето на студиите и враќањето во Република Македонија кандидатот е должен шест месеци да биде на располагање за вработување во органите на државната управа, како и во државните високо-образовни и научни установи при што неговата работна позиција ќе биде соодветна на видот и степенот на неговите образовни квалификации. Доколку во периодот од шест месеци на кандидатот не му е понудена соодветно вработување во органите на државната управа, државните високо-образовни и научни установи тој може да бара вработување во приватниот сектор во Република Македонија.

2.    Кандидатот ќе бидат ослободен од обврската да се врати во Република Македонија по завршувањето на студиите, доколку во рок од три месеци од дипломирањето се вработи во институција од соодветната уметноство странство. Во ваквите случаи тие можат да останат во странство максимум три години со цел стекнување на меѓународно искуство, по што се обврзани да се вратат во Република Македонија и да ја одработат обврската специфицирана во обврската број 1.

3.    Во случај кандидатот да одлучи по завршувањето на студиите а со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство да не се врати во Република Македонија, потребно е да ги врати сите исплатени средства доделени за стипендија во износ три пати поголем од износот на стипендијата, најдоцна во рок од една година од завршувањето на студиите.
             
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
-    Пријава,
-    Свидетелства за завршени I, II и III година од средно образование, како и потврда за запишана IV година, а дипломата за завршено средно образование дополнително да се достави при потпишување на договор (заверени на нотар),
-    Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на додипломски студии од прв циклус во академската 2013/2014година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите,
-    Уверение-потврда за активно познавање на јазик (TOEFL, IELTS, DELFT или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје, освен за кандидатите кои дел од своето средно образование го завршиле на јазикот на кој се изведува наставата,
-    Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за додипломски студии од прв циклус од други даватели (заверена на нотар).
-    Мотивациско писмо;
-    Меница во форма на нотарски акт како средство за обезбедување на исплатените средства;
-    Уверение за државјанство на Република Македонија.

 

Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

Потребните документи за доделување на стипендиите за додипломските студии од прв циклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

 

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на стипендии за студии од прв циклус во странство е најдоцна до 31 Август 2013 година.

 

Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат.

 

Документите да се достават на адреса или во писарницата на:
Министерство за образование и наукаул.„Кирил и Методиј” бр. 54
(Зграда на Нова Македонија)
1000 Скопје
(со назнака “Стипендии за додипломски студии од прв циклус”)

 

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука или на телефон (00389-02) 3140-165, Билјана Зафировска, e-mail: biljana.zafirovska@mon.gov.mk

 

ПРИЛОГ:

Ликовната уметност

 

•          The School of the Art Institute of Chicago, САД

•          Rhode Island School of Design, САД

•          University of Cincinnati, САД

•          Carnegie Mellon University School of Design, САД

•          Parsons The New School for Design, САД

•          Pratt Institute, САД

•          Royal College of Art, Обединето Кралство

•          D School: Institute of Design at Stanford University, Обединето Кралство

•          Copenhagen Institute of Interaction Design, Кралство Данска

•          International Fashion Academy - Paris & Shanghai

•          San Francisco Art Institute, САД

•          The School of Art and Design Berlin, СР Германија

•          University of Madrid, Кралство Шпанија

•          Central Saint Martins College of Art and Design, Обединето Кралство

•          The Academy of Fine Arts Prague, Р.Чешка

•          Ilya Repin St.Petersburg State Academic Institute of Fine Arts, Sculpture and Architecture, Русија

•          Wellesley College, САД

•          Accademia Belle Arti Bologna, Р. Италија

•          The Florence Academy of Arts, Р. Италија

•          Oslo National Academy of the Arts, Кралство Норвешка

 

Највисоко рангирани универзитети од областа на кинематографија и филмската продукција:

 

•          American Film Institute, Лос Анџелес, САД

•          Beijing Film Academy, Пекинг, Р. Кина

•          California Institute of the Arts, САД

•          The Film and TV School of the Academy of Performing Arts in Prague, Р. Чешка

•          Wesleyan University, Конетикат, САД

•          The National Film and Television School, Обединето Кралство

•          University of Television and Film (HFF) Munich, Германија

•          Centro de Capacitacion Cinematografica, Мексико

•          Italian National Film School, Рим , Италија

•          Gerasimov Institute of Cinematography, Москва, Русија

•          London Film School, Обединето Кралство

•          New York Film Academy, САД

•          VGIK, Moсква, Русија

•          La Fémis - France

•          Deutsche Film und Fernsehakademie, Берлин, Германија

•          Hong Kong International Film Academy, Р. Кина

•          INSAS, Brussels, Белгија

•          Vancouver Film School, Канада

•          Le Conservatoire de Paris, Франција

 

Највисоко рангирани универзитети од областа на драмската уметност:

 

•          California Institute Of The Arts School Of Theatre, Лос Анѓелес, САД

•          Suny Purchase Conservatory Of Theatre Arts, Њујорк, САД

•          The Juilliard School, Drama Division, Њујорк, САД

•          Syracuse University School Of Drama Њујорк, САД

•          UCLA , Лос Анѓелес, САД

•          University Of Essex, Колчестер, Обединето кралство

•          National Institute Of Dramatic Art, Кенсингтон, Австралија

•          Royal Academy Of Dramatic Art,  Лондон, Обединето кралство

•          Queen Mary, University of London, Обединето Кралство

•          Guildhall School of Music & Drama, Обединето Кралство

•          Trinity Laban Conservatoire of Music and Dance, Обединето Кралство

•          University of East Anglia, Обединето Кралство

•          Lancaster University, Обединето Кралство

•          Conservatoire for Dance and Drama, Обединето Кралство

•          University of Sussex, Обединето Кралство

 

 

Највисоко рангирани универзитети од областа на музиката:

 

•          Guildhall School of Music & Drama, Oбединето Кралство

•          Royal Academy of Music, Oбединето Кралство

•          Royal College of Music, Oбединето Кралство

•          Royal Conservatoire of Scotland, Глазгов, Шкотска

•          Appalachian State University, Северна Каролина, САД

•          Baldwin-Wallace Conservatory of Music, Охајо, САД

•          Bard College Conservatory of Music, Њујорк, САД

•          Berklee College of Music, Бостон, САД

•          Belmont University School of Music, Охајо, САД

•          Boston Conservatory, Бостон, САД

•          Bowling Green State University College of Musical Arts, Охајо, САД

•          Brigham Young University School of Music

•          Julliard School, Њујорк, САД

•          University of Rochester, Њујорк, САД

•          Vanderbilt University, Тенеси, САД

•          Oberlin College, Охајо, САД

•          Manhattan School of Music, Њујорк, САД

•          San Francisco Conservatory of Music, Сан Франциско, САД

•          Indiana University – Bloomington, Индијана, САД

•          Curtis Institute of Music- Пенсилванија, САД

•          New England Conservatory of Music, Масачусец, САД

•          University of Cincinnati, Охајо, САД

•          Cleveland Institute of Music, Охајо, САД

•          University of Hartford (Hartt), Конетикат, САД

•          SUNY – Stony Brook, New York, Њујорк, САД

•          Аton Bruckner Private University for Music, Drama, and Dance, Обединето Кралство

•          Mozarteum University of Salzburg, Салцбург, Австрија

•          University of Music and Performing Arts, Грац, Австрија

•          Gnessin State Musical College, Москва, Русија

•          N. A. Rimsky-Korsakov Saint Petersburg State Conservatory, Санкт Петерсбург, Русија

•          Saint Petersburg Court Capella, Санкт Петерсбург, Русија

•          Moscow Conservatory, Москва, Русија

Прикажани 6 - 6 од 6 резултати.
Предмети по страница 5
на 2

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области