«Назад

Конкурс за доделување стипендии (уметнички) за додипломски студии од прв циклус во странство за академската 2014/2015 година

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02,82/08,167/10 и 51/11),  член 49 од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13,30/13 и 120/13) и член 2, став 1, алинеја 3 од Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии на студенти кои студираат во странство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/13), Министерството за образование и наука распишува:

Конкурс за доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство од областите на ликовната уметност, кинематографија, и филмска продукција, драмската уметност и музиката за академската 2014/2015 година

 

Министерството за образование и наука за академската 2014/2015 година ќе додели стипендии за додипломски студии од прв циклус за кандидати примени на додипломски студии на реномираните универзитети во светот, согласно листата на реномирани универзитети во светот од областа на ликовната уметност, кинематографијата и филмската продукција, драмската уметност и музикатаво прилог на конкурсот.

 I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

 

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

 

1.    Да има завршено соодветно средно училиште, при тоа до денот на пријавувањето да остварил солиден успех во средно образование, а доколку учи средно образование во странство,

2.    Да е примен на додипломски студии од прв циклус за прв пат во прва година во академската 2014/2015 година на еден од реномираните универзитети во светот, согласно листата на реномирани универзитети во светот од областа на ликовната уметност, кинематографијата и филмската продукција, драмската уметност и музиката објавенaво прилог на конкурсот.

3.    Да има доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата

4.    Да не е корисник на стипендија од друг даватели

5.    Да е државјанин на Република Македонија.

 

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

 

·  Пријава

·  Свидетелства за завршени I, II, III и IV година од средно образование, и/или потврда за запишана IV година, а дипломата за завршено средно образование и постигнатиот успех дополнително да се достави при потпишување на договор (заверени на нотар).

·  Доколку кандидатот за доделување на стипендија средното образование го има завршено во странство да се достави доказ за извршена нострификација од страна на Министерството за образование и наука,

·  Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на додипломски студии од прв циклус во академската 2014/2015 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите и цената на уписнината

·  Уверение-потврда за активно познавање на јазик (TOEFL, IELTS, DELFT или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје, освен за кандидатите кои дел од своето средно образование го завршиле на јазикот на кој се изведува наставата,

·  Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за додипломски студии од прв циклус од други даватели (заверена на нотар).

·  Мотивациско писмо;

·  Меница во форма на нотарски акт како средство за обезбедување нисплатените средства;

·  Уверение за државјанство на Република Македонија.

 

Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

Потребните документи за доделување на стипендиите за додипломските студии од прв циклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

 

III.ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

На корисниците на стипендијата ќе им бидат подмирени трошоците согласно член 5 од Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии на студенти кои студираат во странство

 

IV. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

 

1.     Избраниот  кандидат со договор се обврзува дека доколку ја добие стипендијата, за секоја година помината на студии во странство ќе работи две години во Република Македонија. По завршувањето на студиите и враќањето во Република Македонија кандидатот е должен шест месеци да биде на располагање за вработување во органите на државната управа, како и во државните високо-образовни и научни установи при што неговата работна позиција ќе биде соодветна на видот и степенот на неговите образовни квалификации. Доколку во периодот од шест месеци на кандидатот не му е понудена соодветно вработување во органите на државната управа, државните високо-образовни и научни установи тој може да бара вработување во приватниот сектор во Република Македонија.

2.    Кандидатот ќе бидат ослободен од обврската да се врати во Република Македонија по завршувањето на студиите, доколку во рок од три месеци од дипломирањето се вработи во институција од соодветната уметноство странство. Во ваквите случаи тие можат да останат во странство максимум три години со цел стекнување на меѓународно искуство, по што се обврзани да се вратат во Република Македонија и да ја одработат обврската специфицирана во обврската број 1.

3.    Во случај кандидатот да одлучи по завршувањето на студиите,со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство,да не се врати во Република Македонијаи не ја исполни обврската од став 1, потребно е да ги врати сите исплатени средства доделени за стипендија во износ три пати поголем од износот на стипендијата, најдоцна во рок од една година од завршувањето на студиите.


   V. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на стипендии за студии од прв циклус во странство е најдоцна до 1 септември 2014 година.

 

 Документите да се достават на адреса или во писарницата на:
Министерство за образование и наукаул.„Кирил и Методиј”бр. 54(Зграда на Нова Македонија)1000Скопје(со назнака “Стипендии за додипломски студии од прв циклус”)

Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат.

Комисијата формирана во врска со Конкурсотза доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус во странство од областите на ликовната уметност, кинематографија, и филмска продукција, драмската уметност и музиката за академската 2014/2015 година, должна е веднаш по приемот на комплетната документација од кандидатот, а најдоцна во рок од 15 дена, да одлучи дали кандидатот ги исполнува или не сите предвидени услови од Конкурсот, односно дали на кандидатот му се доделува или не стипендијата.

 

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука или на телефон (00389-02) 3227-761, Биљана Зафировска, e-mail: biljana.zafirovska@mon.gov.mk

Коментари
Trackback URL:

Уште нема коментари. Бидете прв.

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области