«Назад

Конкурс за доделување на 20 целосни стипендии за македонски државјани за додипломски студии од областа на инженерските и земјоделските науки

Стипендии  Унгарија

 

Повеќе од сто години унгарските високообразовни институции  им овозможуваат студии на странските студенти. Дипломите од унгарските високообразовни институции се прифатени и ценети ширум светот.

Веќе неколку децении унгарските универзитети и институти учествуваат на меѓународен план во сите сфери на науката .

Програмата Stipendium Hungaricum е основана од страна на Владата на Република Унгарија во 2013 година. Република Унгарија преку Одборот за стипендии на унгарскиот институт Balassi нуди стипендии за странски државјани заинтересирани за додипломски, постдипломски или докторски студии во акредитирани високообразовни институции во Унгарија за општествени или технички науки.

Согласно потпишаната „Работна програма за образовна и научна соработка помеѓу Република Македонија и Република Унгарија“, Владата на Република Унгарија во рамките на програмата Stipendium Hungaricum објави Конкурс за доделување на 20 целосни стипендии за македонски државјани за додипломски студии од областа на инженерските и земјоделските науки.

 

За прием на избраната виоскообразовна институција се полага приемен испит.

Ако јазикот на настава е на странски јазик, кандидатот треба да го знае дадениот јазик на нивото потребно од страна на домашниот институт. Доколку јазикот на настава е на унгарски јазик, кандидатите ќе учествуваат во подготвителна настава во период од една година  обезбедена од страна на BalassiИнститутот пред да започнат со своите студии.

Студентите кои ќе студираат во Република Унгарија мора да останат во земјата за време на целиот период на студирање.

 

За стипендија неможе да се пријават следниве кандидати:

- Странски државјани кои имаат дозвола за престој/имиграција или се во процес на аплицирање за таква дозвола;

- Странски државјани со постојано место на живеење во Република Унгарија;

- Странски државјани вработени во редовен работен однос во Република Унгарија , согласно законот за работни односи на Република Унгарија;

- Вработени кандидати кои се пријавуваат за вонредни или дописни студиски програми.

 

                 Потребни документи за аплицирање се:

1.       Формулар за аплицирање

2.       Кратка биографија (CV)

3.       Писмо за изразување на интерес

4.      Сертификат за познавање на англиски јазик

5.       Доказ за завршен степен на образование:

-копија од диплома за завршено средно образование (превод на англиски во  оригинал, со нотарска заверка)

-уверение, диплома од завршено високо образование, доколку има (превод на англиски  во оригинал, со нотарска заверка)

-копија диплома за завршени додипломски студии (превод на англиски во оригинал, со нотарска заверка)

6.   Копија од пасош

7.   Лекарско уверение за задоволителна здравствена состојба

8.   Лична изјава

 

Заинтересираните кандидати  апликацијата за стипендија и потребните документи треба  да ги достават до  Министерството за образование и наука на адреса ул.  Св. Кирил и Методиј  бр.54, 1000 Скопје.

Апликацијата за стипендија може да се преземе на веб страната на Министерството за образование и наука.

Рокот за поднесување на апликации е 19.03.2014 година.

  Сите дополнителни информации се достапни на веб страната http://www.scholarship.hu/Englishsite/tabid/184/language/en-EN/Default.aspx.

Контакт лице: Катерина Шумановска

Тел: 02 3140 185

Коментари
Trackback URL:

Уште нема коментари. Бидете прв.

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области