«Назад

Професионална програма за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста започна со запишување студенти на Онлајн професионалната програма за иновативен менаџмент, лидерство и стратегиски комуникации - е-ПРОФМАН.

Програмата е финансирана со средства обезбедени преку “Еразмус плус“ програмата на Европската Унија и дава целосни стипендии за најдобрите 60 кандидати, млади луѓе до 35 години кои ќе имаат можат да усовршат менаџерски, лидерски и комуникациски вештини потребни за конкурентното бизнис опкружување, преку учење од меѓународни предавачи со долгогодишно професионално искуство.

Едногодишната програма се спроведува на англиски јазик, а се состои од пет онлајн курсеви - три задолжителни и два изборни, и од два настана - студентски камп и завршен семинар, кои ќе се реализираат од јануари 2017 до јануари 2018 година.

Уписот на студенти трае до 25 ноември. Заинтересираните може да добијат повеќе информации за програмата е-ПРОФМАН на www.e-profman.eu, односно на info@e-profman.eu

Претходно Следно
Коментари
Trackback URL:

Уште нема коментари. Бидете прв.

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области