Стипендии за студирање во Индонезија

Се информираат сите заинтересирани граѓани дека за академската 2017/2018 година достапни се две програми за доделување на стипендии за студии во Индонезија и тоа:

- Дармасисва програмата на Владата на Индонезија преку која се доделуваат стипендии за студии поврзани со изучување на индонезискиот јазик, уметност и култура на еден од 59-те универзитети кои се лоцирани во Индонезија. Аплицирањето и поднесувањето на потребните документи се врши исклучително по електронски пат, на интернет страницата http://darmasiswa.kemdikbud.go.id/, каде може да се обезбедат и дополнителни информации околу износот и условите за користење на стипендијата.

- БИПА програмата на УМП Универзитетот (Universitas Muhammadiyah Purwokerto) за изучување на индонезискиот јазик, уметност и култура, преку програми во времетраење од 1, 2, 3 или 6 месеци. Повеќе информации за овој тип на стипендии може да се обезбедат на http://international.ump.ac.id/index.php/international-programs/bipa/bipa-scholarship. Апликацијата и потребните документи се доставуваат на електронската адреса bipaump@gmail.com.

Стипендии за студирање во Шведска

Шведскиот институт со седиште во Стокхолм за академската 2017/2018 година  обезбедува 4 стипендии за кандидати од земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Република Македонија, наменети за магистерски студии, докторски студии и пост- докторски истражувања, од областа на социјалните науки во траење од најмногу 12  месеци.


Аплицирањето се врши исклучително по електронски пат, а крајниот рок е 10 јануари 2017 година.
Заинтересираните кандидати повеќе информации можат да обезбедат на www.si.se.

Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност, наменети за предавања, истражувања, студиски или уметнички престој на словачките јавни универзитети во академската 2016/2017 година.

Стипендиите ги обезбедува Владата на Словачката Република и истите во целост ги покриваат трошоците за живот на стипендистот за време на престојот. Додека, трошоците за меѓународен превоз ги покрива Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Пријавувањето трае до 31 октомври 2016 година, а повеќе информации за начинот, условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање се достапни на интернет страницата www.scholarships.sk

Конкурс за доделување на стипендии за додипломски студии од Министерството за образование на Јапонија за 2017 - 2022 година

Доделените стипендии се однесуваат за додипломски студии на некој од јапонските универзитети.

Времетраење: април 2017 - март 2022 година, вклучувајќи го и времето од една година за изучување на јапонскиот јазик.

Област на студии: кандидатите мора да одберат студии од (1) областа на Општествените и хуманистичките науки или (2) од областа на Природните науки, како што е наведено во упатството за аплицирање.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

1. да се државјани на Република Македонија;
2. да се родени помеѓу 2 април 1995 год. и 1 април 2000 год; 
3. да имаат завршено 12 години редовно образование (основно и средно) или да имаат завршено во училиште кое е еквивалентно на средно училиште во Јапонија (да матурираат до март 2017 год.);
4. да се согласни да го изучуваат јапонскиот јазик.

Стипендијата вклучува:

1. месечен надоместок:~117.000 јапонски јени/месец;
2. авионски билет (Македонија – Јапонија - Македонија);
3. школарина.

Потребни документи за конкурирање:

(1) Пополнета апликација (веб страница на МОН) и две (2) оригинални фотографии (4,5 x 3,5 см)
(2) Сведителства за последните 3 академски години (оригинал или фотокопија заверена на нотар) и нивен превод на англиски јазик од овластен судски преведувач;
(3) Диплома за положена државна матура (или потврда издадена и потпишана од директорот на училиштето, во која ќе биде наведено дека кандидатот е редовен ученик во завршна година од средното образование и истиот ќе матурира до крајот на јуни 2016 година - оригинал или фотокопија заверена на нотар) и нејзин превод на англиски јазик од овластен судски преведувач; 
(4) Препорака од директор или педагог/психолог од училиштето кое што кандидатот последно го посетувал, на англиски јазик;
(5) Потврда дека кандидатот е запишан на факултет (за кандидати кои во време на аплицирањето се запишани на факултет -оригинал или фотокопија заверена на нотар) и нејзин превод на англиски јазик од овластен судски преведувач; 
(6) Потврда за положен приемен испит на факултет (доколку постои - оригинал или фотокопија заверена на нотар) и нејзин превод на англиски јазик од овластен судски преведувач.
(7) Пријава (веб страница на МОН);


Сите документи се приложуваат во 2 примероци (1 оригинал и 1 обична фотокопија) во архивата на Министерството за образование и наука (поранешна зграда на Нова Македонија – приземје) или по пошта на адреса: Министерство за образование и наука, Сектор за наука и иновации, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.

Потребните документи за поднесување на кандидатитурите, како и подетални информации може да се најдат тука.

Лице за контакт: Јулијана Балевска, Сектор за наука и иновации, e-mail: julijana.balevska@mon.gov.mk тел: +389 2 3140 186.


Краен рок за пријавување: 20 мај 2016 година

Стипендии за студирање во Русија

Амбасадата на Руската Федерација распишува конкурс за прием на државjани на Република Македониjа за студии нависокообразовни институции на Руската Федерациjа во 2016/2017 академска година. На запишаните студенти од Македонија,Руската Влада ќе им обезбеди стипендија и други услови за студирање и сместување какви што се предвидени и за руските државјани.

Заинтересирани кандидати треба да ги поднесат следните документи:

- пријава (ApplicationForm) со приложена фотографијаво боја, пополнета на руски или англиски јазик. Образецот на Пријавата може да се симне од сајтот http://www.russia.study/ или од сајтот на Амбасадата www.macedonia.mid.ru;

- фотокопии од страниците на пасошот со основните податоци кои се потребни за издавање виза. Пасошот треба да им рок на важење не помалку од 18 месеци сметано од денот на првиот влез во Русија;

- лекарско уверение заверено од официјална здравствена установа;

- потврда за извршен тест за ХИВ-вирусотзаверена од официјална здравствена установа;

- фотокопија од документот за завршено образование заверена кај нотар, со листа на наставните предмети и оценки од испитите. Доколку кандидат сеуште го нема добиено документот за завршено образование, треба да поднесе уверение со тековни оценки заверено од својата образовна установа;

- кандидати за аспирантурата (постмагистерски студии) покрај горенаведените документи, треба да достават список на објавените научни трудови (доколку има) и краток реферат на руски јазик по темата на идното научно истражување.

Сите копии треба да имаат превод на руски jазик и да бидат заверени кај нотар. Шифрите и точните називина одбраната специјалност за пополнување на Пријавата, како и информации за сите државни високообразовни институции на Руската Федерација кои се дел од програмата, се достапни на сајтот http://www.russia-edu.ru/.

          Пријавата се пополнува во електронска форма и се поднесува со приложени скенирани документи непосредно на сајтот http://www.russia.study/ (потребна регистрација).Истите може да се поднесат и во хартиена форма во Амбасадата на Руската Федерација. 

Пријавата се пополнува во електронска форма и се поднесува со приложени скенирани документи непосредно на сајтот http://www.russia.study/ (потребна регистрација).Истите може да се поднесат и во хартиена форма во Амбасадата на Руската Федерација.

Рокот на пријавување е до 20 март 2016 година.

          Сите уредно пријавени кандидати ќе бидат повикани на интервјукое ќе се одржи на 21 март 2016 година.

Оригиналните документи чиишто копии ќе бидат поднесени за учество во конкурсот треба да се достават до Амбасадата не подоцна од денот на одржувањето на интервјуто.

Конечната одлука за прием на кандидатите кои успешно ќе го поминатконкурсот, ја донесуваат самите образовни установи (факултети) за кои,кандидатите аплицирале во своите пријави. Секој кандидат може да аплицира за студии на најмногу 6 универзитети. Доколку кандидатот, од било кои причини, биде одбиен од сите образовни установи за кои аплицирал, за местото на неговите студии (факултет) ќе одлучи Министерството за образование и наука на Руската Федерација.

Познавањето на руски јазик не е задолжително за пријавувањето. Кандидатите кои не го знаат доволно рускиот јазик, имаат право на обука односно дополнителна програма за негово изучување,, на некоја од државните високообразовни институции на Руската Федерација. Обуката не е вклучена во рокот на студиите по основната образовна програма. Истата трае една година и трошокот го покрива Руската страна.

Руската Влада не ги покрива патните трошоцина кандидатите. Образовните институции (факултети) немаат обврска околу обезбедување престој во Русија на членовите на семејствата на странските студенти, постдипломци или стажанти.

За добивање виза,кандидатот треба да се запознае со финансиските услови за престој во Русија и да го потврди тоа со својот личен потпис.

Подетални информацииза условите на доделување државни стипендии за студиина високообразовни установи на Руската Федерација се достапни на сајтот: http://минобрнауки.рф/ или http://rs.gov.ru/

Прикажани 6 - 10 од 63 резултати.
Предмети по страница 5
на 13

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области