СООПШТЕНИЕ за доделување стипендии за додипломски и последипломски студии во Индија за студиската 2012/2013 година

 

Министерството за образование и наука соопштува дека групата на институти од Пенџаб Колеџот за техничко образование(Punjab College of Technical Education) на Индија за студиската 2012/2013 година доделува 8 целосни стипендии за студенти од Република Македонија за следниве студиски програми:

• Додипломски редовни студии за авијатика, туризам и угостителство,во траење од 3 години (B.Sc. Airlines, Tourism and Hospitality);

• Магистерски студии за информациона технологија, во траење од 2 години (M.Sc.IT -Information Technology);

• Додипломски студии за бизнис администрација во траење од 3 години (BBA-Bachelors in Business Administration);

• Додипломски студии за компјутерски апликации, во траење од 3 години, (BCA -Bachelors in Computer Application) и

• Додипломски студии за биотехнологија, во траење од 3 години, (B.Sc.Biotechnology)

 

Исто така Пенџаб колеџот за техничко образование ќе додели 2 целосни стипендии и 8 делумни стипендии ( при што 70% ги обезбедува ПЦТЕ, а останатите 30% паѓат на товар на кандидатите , во износ од околу 1600 УСА долари), за следниве студиски програми:

 

• Магистратура во бизнис администрација , во траење од 2 години (MBA-IB-International Business Super Specialization );

• Постдипломски студии за менаџмент, во траење од 2 години (PGDM-Post Graduate Diploma in Management );

• Додипломски редовни студии за туризам и угостителство, во траење од 4 години (BHMCT-Bachelors in Hotel Management & Catering Tech);

• Додипломски студии за фармација, во траење од 3 години (B.Pharma-Bachelors in Pharmacy);

 

Рокот за пријавување на кандидатите е најдоцна до 10.05.2012 година.

Некомплетните и по рокот доставените апликации нема да бидат земени во предвид.

 

Подетални информации за условите, критериумите и формуларите за аплицирање може да се добијат на страната на Панџаб Колеџот за техничко образование www.pcte.edu.in и email:info@pcte.edu.in или во Министерството за образование и наука на Република Македонија контакт лице:

 

Едмонд Метај
Email: edmond.metaj@mon.gov.mk
Контакт тел:02 3140 183 и 076 298 314

 

Заинтересираните кандидати целосно пополнетите апликации да ги достават во Министерство за образование и наука на Република Македонија на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин" бб-Скопје.

Конкурс за доделување на 10 стипендии за учење на словачки јазик со подготовки за полагање на квалификациони испити на Универ. Комениус, Братислава

 

Владата на Република Словачка за учебната   2012 / 2013  година доделува 10 (десет) стипендии во траење од 10 месеци за учење на словачки јазик  со подготовки за полагање на квалификационите испити на Универзитетот Комениус во Братислава. По завршување на подготвителниот курс за словачки јазик, кандидатите имаат право да се запишат на додипломски, последипломски или докторски студии од областа на техничките науки на државните универзитети во Република Словачка, под истите услови кои важат за словачките граѓани.

 Кандидатите треба  да ги поднесат следниве документи во два примероци:

-Пријавен лист (Application form) пополнет на англиски или словачки јазик;

-Документ за завршено образование,преведен на англиски или словачки јазик со апостил и заверен  кај нотар;

- Диплома за  завршено образование од  додипломски или последипломски (магистерски студии),преведени на англиски или словачки јазик со апостил и заверени  кај нотар;

- Уверение за положени испити преведено на англиски или словачки јазик и заверено кај нотар;

- Извод од матичната книга на родените (на меѓународен образец);

- Кратка биографија ( CV );

- Лекарско уверение (Medical Certificate) не постаро од 30 дена од денот на поднесување на документите);

- Потврда за неосудуваност (не постара од 90 дена од денот на поднесување на документите);

- Копија од првите две страни од патната исправа.

 

Курсот за учење на словачки јазик со подготовки за полагање на квалификационите испити,прифатените кандидати ќе го започнат на 3 септември  2012 година. Стипендијата  за изучување на словачкиот јазик изнесува  280 евра  месечно, за трошоци за сместување, исхрана и други трошоци. Студентите на додипломски и последипломски студии  добиваат  еднократен надоместок во износ од 35 евра.

Краен рок за пријавување е  18. 05. 2012 година.

После рокот доставени документи, како и некомплетни документи нема да се земат во предвид.

Апликација: http://www.minedu.sk/index.php?lang=en&;

Интервју со кандидатите: 23.05.2012 година во 10 часот,канцеларија 1401,

14 кат,Министерство за образование и наука,бул.Мито Хаџивасилев-Јасмин б.б. Скопје.

Подетални информации и пропишаните обрасци  може да се најдат во текстот на Конкурсот објавен на интернет страната на Министерството: http://www.mon.gov.mk (конкурси) или   на  тел: 02 3140 185 (лице за контакт: Гоце Видановски 076-485061). Дополнителни информации за условите на студирање во Република Словачка може да се најдат на веб страните:www.studyin.skwww.minedu.skwww.portalvs.sk и  www.migration.sk.

КОНКУРС за доделување на 20 (дваесет) стипендии на Владата на Руската Федерација

 

Владата на Руската Федерација за академска 2012/2013 година ќе додели 20 (дваесет) државни стипендии, од кои 17 (седумнаесет) за додипломски, магистерски и специјалистички студии и 3 (три) за последипломски студии.

Кандидатите треба да одберат специјалност за своите студии од листите на специјалности. Одобрени се три стипендии за студии по медицина. Руската страна за македонските државјани обезбедува:
- висината на стипендијата (месечно) ќе биде еднаква како и стипендијата на руските студенти во соодветната категорија;
- условите и висината на цената за сместување во студентските домови се еднакви како и за руските студенти;
Потребни документи за пријавување:
• пријава (Application Form) со фотографија, со наведена шифра и полн назив на одбраната специјалност, пополнета на руски јазик;
• копија од документот за завршено образование, преведена на руски јазик и заверена на нотар со листа на наставните предмети и оценки добиени на испитите;
• лекарско уверение, заверено од официјална државна здравствена установа, преведено на руски јазик;
• потврда за извршен медицински тест за ХИВ-вирусот, заверена од официјална државна здравствена установа; преведена на руски јазик;
• копија од изводот од матичната книга на родените со апостил, заверена кај нотар, преведена на руски јазик;
• копии од страниците на пасошот со основните податоци за составување покана за студии (број на пасошот, со рок на важење не помалку од 1,5 година до влегувањето во Руската Федерација);
• 1 фотографија 4 х 6 см.
Пријавата да се пополни на руски јазик ако се познава добро рускиот јазик, односно само на англиски јазик ако не се познава добро рускиот јазик (дополнително ќе се пополни пријавата на руски јазик за да не се направат грешки во пополнувањето).
Документите да се достават во 1 (еден) примерок заверен на нотар, преведен на руски јазик и заверен во конзулатот на Руска Амбасада и 1 (еден) примерок обична фотокопија од преведените документи .
Кандидатите за додипломски студии треба да имаат завршено 4 годишно средно образование еквивалентно на руското завршено општо образование со оценки по предметите од одбраната струка не пониски од 80% од максималната оценка и со преодни оценки по сите останати предмети.
Кандидатите за магистерски и специјалистички студии треба да имаат диплома за завршено високо образование и уверение за положени испити.
Кандидатите за последипломски студии треба добро да го познаваат рускиот јазик и треба освен горенаведените документи да ја достават дипломата за високо образование на ниво на магистер по науки/уметности и уверение на положените предмети со оценки, како и список на објавените научни трудови (доколку ги има) и краток реферат по тема на идното истражување (не повеќе од две страници).

Краен рок за поднесување на документите е 18.04.2012 година, до Министерството за образование и наука, Сектор за наука и технолошко - технички развој , бул. Мито Хаџивасилев Јасмин б. б., 14 кат, канцеларија 1410, тел. 3140185 (Гоце Видановски).

Интервју со пријавените кандидати ќе се одржи на 20.04.2012 година во 10 часот, во Министерството за образование и наука бул. Мито Хаџивасилев Јасмин б. б., Скопје.

Конкурсот е објавен и на веб страната на Министерството за образование и наука  www.mon.gov.mk и на веб страната на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија  www.russia.org.mk.

Апликација и листа на специјалности: www.russia.edu.ru/enter/2012/

К О Н К У Р С за доделување на стипендии за едносеместрални додипломски/дипломски студии и студискo усовршување во Р.Хрватска за академската 12/13 год

 

1. Две едносеместрални стипендии за додипломски/дипломски студии за изучување на хрватскиот јазик и литература,
2. Стипендии за студиски престои, со поодделно траење од 1-2 месеци

Потребна документација за пријавување:

1. образец за пријавување;
2. биографија;
3. опис на студирање и истражување во Хрватска;
4. копија на средношколскота дипллома;
5. уверение за положени испити со оценки и пресметана просечна оценка ( за студенти );
6. препорака од двајца професори;
7. писмена согласност од институцијата во Хрватска (за точка 2 од конкурсот);
8. список на објавени трудови (за точка 2 од конкурсот);
9. здравствена потврда (за едносеместралните стипендии);
10. потврда за познавање на хрватски јазик.

Документите се доставуваат во три примероци.

Краен рок за пријавување е 30 април 2012 година.

 

Обрасците за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации можат да се добијат во Министерство за образование и наука, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин б.б. Скопје, тел. 3140 189 и на веб страницата на Министерството (http://www.mon.gov.mk).

 

Образец за пријавување

Известување за разни видови стипендии на Амбасадата на Словачка во РМ преку Словачката национална програма за студии

 

Министерството за образование и наука известува дека Амбасадата на Словачка во РМ објавува повик за аплицирање на Словачката национална програма за студии на Словачките државни универзитети за академската 2012/2013година за студии за странски универзитетски студенти, докторски студии, универзитетски професори и истражувачи од Република Македонија.

Деталните информации за условите за аплицирање за стипендии се на следниот линк:http://www.scholarships.sk/en/main/programme-terms-and-conditions/foreign-applicants


Листата на Словачки државни универзитети, со студиските програми и контакт информации, е достапна на следниот линк.


Аплицирањето се одвива електронски на следниот линк: www.scholarships.sk, а потребните документи се доставуваат по пошта на следната адреса: SAIA, n.o., Námestie Slobody 23, 812 20, Bratislava 1, Slovakia.

 

Краен рок за пријавување на кандидатите е 30 април 2012 година.

Прикажани 56 - 60 од 63 резултати.
Предмети по страница 5
на 13

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области