Стипендии за студиски престој на високообразовните установи во Чешката Република

Во тек е јавен конкурс за доделување на стипендии за академската 2017/2018 година за студиски престои на државните високообразовни установи во Чешката Република во времетраење од 2 до 10 месеци.

Стипендиите се доделуваат врз основа на потпишана Спогодба помеѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерството за образование, млади и спорт на Република Чешка за соработка на полето на образованието и се наменети за македонските дипломирани и активни студенти на додипломски студии, кандидати запишани на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници.

Средствата ги покриваат трошоците за школарина, сместување и исхрана.

Подетални информации во врска со потребната документација, критериумите, условите и формуларите за пријавување се достапни на http://www.msmt.cz/eu-and-international-affairs/scholarships-for-the-academic-year-2017-2018

Крајниот рок за аплицирање до Министерство за образование и наука на Република Македонија, ул. “Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје е 24.03.2017 година.

Лице за контакт: Гоце Видановски (02) 3140 185 и 076 485 061.

Конкурс за доделување на 20 целосни стипендии за додипломски, постдипломски и докторски студии на државните високообразовни установи во Унгарија

Програмата Стипендиум Хунгарикум (Stpendium Hungaricum) на Владата на Унгарија за академската 2017/2018 година, предвидува да бидат доделени вкупно 20 стипендии на кандидати од Република Македонија и тоа:

- 7 стипендии за додипломски студии по економија, инженерство, технологија, медицина, уметности и природни науки; 

- 7 стипендии за постдипломски студии по економија, инженерство, технологија, медицина, уметности и природни науки;

- 2 стипендии за едноциклусни студии од областите од интерес;

- 4 стипендии за докторски студии од областите од интерес.

Доколку студиите се изведуваат на унгарски јазик, прифатените кандидати треба задолжително да посетуваат едногодишни подготвителни курсеви за изучување на унгарскиот јазик, пред отпочнувањето на студиите.

Доколку пак, студиите се изведуваат на некој странски јазик, потребно е прифатените кандидати да го познаваат тој јазик на ниво кое го бара соодветната високообразовна установа. 

Стипендијата ги покрива трошоците за:

- Школарина

- Сместување во студентски кампус на институцијата домаќин, или месечен надоместок од 40.000 ХУФ

- Здравствено осигурување

- Месечна стипендија, согласно постојната законската регулатива која се однесува на унгарските студенти, вклучувајќи ја и годината во која се посетува подготвителен курс за изучување на унгарскиот јазик.

Патните трошоци се на товар на кандидатите.

Сите подетални информации за начинот, критериумите и потребните документи за аплицирање и студирање, како и листата на државни високообразовни установи во Унгарија може да се обезбедат на www.stipendiumhungaricum.hu каде воедно се поднесува и електронската апликација и сите неопходни документи, заклучно со 31 март 2017 година. Истовремено, секој кандидат задолжително својата апликација треба да ја достави и до Министерството за образование и наука на Република Македонија на електронската адреса katerina.sumanovska@mon.gov.mk.

За дополнителни прашања можете да се обратите на mariann.veres@tpf.hu

Стипендии за студирање во Русија

Амбасадата на Руската Федерација распишува конкурс за прием на државjани на Република Македониjа за студии на високообразовни институции на Руската Федерациjа во 2017/2018 академска година. На запишаните студенти од Македонија Руската Влада ќе им обезбеди стипендија и други услови за студирање и сместување какви што се предвидени и за руските државјани.

Заинтересирани кандидати треба да ги поднесат следните документи:

- пријава (Application Form) со приложена фотографија во боја, пополнета на руски или англиски јазик;

- фотокопии од страниците на пасошот со основните податоци кои се потребни за издавање виза. Пасошот треба да има рок на важење не помалку од 18 месеци сметано од денот на првиот влез во Русија;

- лекарско уверение заверено од официјална здравствена установа;

- потврда за извршен тест за ХИВ-вирусот заверена од официјална здравствена установа;

- фотокопија од документот за завршено образование заверена на нотар, со листа на наставните предмети и оценки од испитите.

Доколку кандидат сѐ уште го нема добиено документот за завршено образование, треба да поднесе уверение со тековни оценки заверено од својата образовна установа;

- кандидатите за аспирантурата (постмагистерски студии) покрај горенаведените документи, треба да достават список на објавените научни трудови (доколку има) и краток реферат на руски јазик по темата на идното научно истражување.

Сите документи треба да имаат превод на руски jазик и да бидат заверени на нотар. Шифрите и точните називи на одбраната специјалност за пополнување на Пријавата, како и информации за сите државни високообразовни институции на Руската Федерација кои учествуваат во програмата, се достапни на сајтот http://www.russia-edu.ru/.

Пријавата се пополнува во електронска форма и се поднесува со приложување на скенирани (горе наведените) документи непосредно на сајтот http://www.russia.study/ (потребна регистрација).

Рокот на пријавување е до 26 февруари 2017 година.

Сите уредно пријавени кандидати ќе бидат поканети за интервју кое ќе се одржи на 27 февруари 2017 година во Рускиот центар при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје (ул.Митрополит Теодосиј Гологанов, бр.28). На интервјуто кандидатите треба да дојдат со оригиналите на поднесените документи.

Конечната одлука за прием на кандидатите кои успешно ќе го поминат конкурсот, ја донесуваат самите образовни установи (факултети) за кои кандидатите аплицирале во своите пријави. Секој кандидат може да аплицира за студии на најмногу 6 универзитети (не повеќе од два во еден федерален округ на Руската Федерација). Доколку кандидатот, од било кои причини, биде одбиен од сите образовни установи за кои аплицирал, за местото на неговите студии (факултет) ќе одлучи Министерството за образование и наука на Руската Федерација.

Познавањето на руски јазик не е задолжително за пријавувањето. Кандидатите кои не го знаат доволно рускиот јазик, имаат можност да го изучуваат и да се подготват преку дополнителна програма на државните високообразовни институции на Руската Федерација. Обуката трае една година, не се вклучува во рокот на студиите по основната образовна програма и е на трошок на Руската страна.

Руската Влада не ги покрива патните трошоци на кандидатите. Образовните институции (факултети) немаат обврска околу обезбедување престој во Русија на членовите на семејствата на странските студенти, постдипломци или стажанти.

За добивање виза кандидатот треба да се запознае со финансиските услови за престој во Русија и да го потврди тоа со својот личен потпис.

Подетални информации за условите на доделување државни стипендии за студии во високообразовни установи на Руската Федерација се достапни на сајтот: http://минобрнауки.рф/ или http://rs.gov.ru/.

Конкурс за стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2017 година

Британскиот фонд за стипендии – British Scholarship Trust за 2017 година за млади истражувачи од Република Македонија доделува до 6 стипендии за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) на соодветни високо образовни и научни истражувачки институции во Велика Британија.

Стипендијата изнесува 900 фунти месечно за универзитети надвор од Лондон, односно 1000 фунти месечно за универзитети лоцирани во Лондон, за покривање на трошоците за сместување и исхрана. Патните трошоци паѓаат на товар на кандидатите. 

Услови за конкурирање:
- Завршени академски универзитетски студии од прв циклус со просечен успех над 8,00;
- Одлично познавање на англиски јазик; 
- Да не се постари од 30 години;
- Да имаат обезбедена согласност од соодветна институција од Велика Британија за реализација на студискиот престој.

Потребни документи за конкурирање:
1. Молба, вклучително адреса на живеење, е- mail и контакт телефон ;
2. Биографија (CV);
3. Предлог програма за истражување, на една страна, формат А4;
4. Согласност од институцијата во Велика Британија за прифаќање на студискиот престој;
5. Копие од диплома за завршено образование;
6. Две препораки од универзитетски професори или истражувачи, во запечатени пликови; 
7. Потврда за познавање на англискиот јазик ( ТОЕФЕЛ, ИЕЛТС или др.) и 
8. Потполнет формулар (од www.britishscholarshiptrust.org) и две фотографии.

Потполнетиот формулар и потребните документи (на англиски јазик), треба да се поднесат во Министерството за образование и наука на адреса: 
Ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54 -1000 Скопје, Сектор за наука и иновации.

Крајниот рок за поднесување на документите е 15 март 2017 година.

Подетални информации може да се најдат на www.britishscholarshiptrust.org или во Министерството во канцеларија 1410, на телефонскиот број 02 3140-185 или на e-mail: chawkesworth304@btinternet.com, katerina.sumanovska@mon.gov.mk

Стипендии за студирање во Индонезија

Се информираат сите заинтересирани граѓани дека за академската 2017/2018 година достапни се две програми за доделување на стипендии за студии во Индонезија и тоа:

- Дармасисва програмата на Владата на Индонезија преку која се доделуваат стипендии за студии поврзани со изучување на индонезискиот јазик, уметност и култура на еден од 59-те универзитети кои се лоцирани во Индонезија. Аплицирањето и поднесувањето на потребните документи се врши исклучително по електронски пат, на интернет страницата http://darmasiswa.kemdikbud.go.id/, каде може да се обезбедат и дополнителни информации околу износот и условите за користење на стипендијата.

- БИПА програмата на УМП Универзитетот (Universitas Muhammadiyah Purwokerto) за изучување на индонезискиот јазик, уметност и култура, преку програми во времетраење од 1, 2, 3 или 6 месеци. Повеќе информации за овој тип на стипендии може да се обезбедат на http://international.ump.ac.id/index.php/international-programs/bipa/bipa-scholarship. Апликацијата и потребните документи се доставуваат на електронската адреса bipaump@gmail.com.

Прикажани 1 - 5 од 62 резултати.
Предмети по страница 5
на 13

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области