«Назад

Конкурс за доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус на првите двеста рангирани универзитети од Шангајскиот Џио Тонг универзитет

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/00, 44/02,82/08,167/10 и 51/11),  член 49од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13,30/13и 120/13) и член 2, став 1, алинеја 2 од Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии на студенти кои студираат во странство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/13) , Министерството за образование и наука распишува

 

Конкурс за доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус на првите сто рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет

за академската 2014/2015 година.

 

Министерството за образование и наука за академската 2014/2015 година ќе додели стипендии за додипломски студии од прв циклус за кандидати примени на додипломски студии на првите сто рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет.

 

 I.УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:

 

Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:

1.    Да  има завршено соодветно средно училиште, при тоа до денот на пријавувањето да остварил успех во средно образование од најмалку 4.50, а доколку учи средно образование во странство, да остварил еквивалентен просечен успех од најмалку 4,50;

2.    Да е примен на додипломски студии од прв циклус за прв пат во прва година во академската 2014/2015 година на еден од првите сто рангирани универзитети, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при  Шангајскиот Џио Тонг Универзитет

3.    Да  има доказ за активно познавање на јазикот на кој се изведува наставата,

4.    Да не е корисник на стипендија од друг даватели,

5.    Да е државјанин на Република Македонија.

 

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

 

·  Пријава

·  Свидетелства за завршени I, II, III и IV година од средно образование, и/или потврда за запишана IV година, а дипломата за завршено средно образование и постигнатиот успех дополнително да се достави при потпишување на договор (заверени на нотар).

·  Доколку кандидатот за доделување на стипендија средното образование го има завршено во странство да се достави доказ за извршена нострификација од страна на Министерството за образование и наука

·  Потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на додипломски студии од прв циклус во академската 2014/2015 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите и висината (цената) на уписнината

·  Уверение-потврда за активно познавање на јазик (TOEFL, IELTS, DELFT или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје, освен за кандидатите кои дел од своето средно образование го завршиле на јазикот на кој се изведува наставата,

·  Своерачно потпишана изјава дека кандидатот не е корисник на стипендија за додипломски студии од прв циклус од други даватели (заверена на нотар).

·  Мотивациско писмо;

·  Меница во форма на нотарски акт како средство за обезбедување на исплатените средства;

·  Уверение за државјанство на Република Македонија.

 

Документите кои се издаваат од институции од другите земји потребно е да бидат преведени на македонски јазик од соодветен овластен судски преведувач.

 

Потребните документи за доделување на стипендиите за додипломските студии од прв циклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

 

III.ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

На корисниците на стипендијата ќе им бидат подмирени трошоците согласно член 5 од Правилникот за видот на студентските стипендии и начинот на доделување на студентските стипендии на студенти кои студираат во странство

 

IV. ОБВРСКИ НА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ

 

1.     Избраниот  кандидат со договор се обврзува дека доколку ја добие стипендијата, за секоја година помината на студии во странство ќе работи две години во Република Македонија. По завршувањето на студиите и враќањето во Република Македонија кандидатот е должен шест месеци да биде на располагање за вработување во органите на државната управа, како и во државните високо-образовни и научни установи при што неговата работна позиција ќе биде соодветна на видот и степенот на неговите образовни квалификации. Доколку во периодот од шест месеци на кандидатот не му е понудена соодветно вработување во органите на државната управа, државните високо-образовни и научни установи тој може да бара вработување во приватниот сектор во Република Македонија.

2.    Кандидатот ќе бидат ослободен од обврската да се врати во Република Македонија по завршувањето на студиите, доколку во рок од три месеци од дипломирањето се вработи во компанија од Fortune top 500 листата во странство. Во ваквите случаи тие можат да останат во странство максимум три години со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство, по што се обврзани да се вратат во Република Македонија и да ја одработат обврската специфицирана во обврската број 1.

3.    Во случај кандидатот да одлучи по завршувањето на студиите , со цел стекнување на меѓународно корпоративно искуство да не се врати во Република

Македонијаи не ја исполни обврската од став 1,  , потребно е да ги врати сите исплатени средства доделени за стипендија во износ три пати поголем од износот на стипендијата, најдоцна во рок од една година од завршувањето на студиите.
             
 

V. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Рокот за пријавување на кандидатите за користење на стипендии за студии од прв циклус во странство е најдоцна до 1 септември 2014 година.

Документите да се достават на адреса или во писарницата на:
Министерство за образование и наукаул.„Св. Кирил и Методиј” бр. 54
(Зграда на Нова Македонија), 1000 Скопје (со назнака “Стипендии за додипломски студии од прв циклус”)

 

Комисијата формирана во врска со Конкурсот за доделување стипендии за додипломски студии од прв циклус за академската 2014/2015 година за кандидати примени на додипломски студии на првите сто универзитети во светот, односно првите двеста рангирани универзитети од областа на техничките науки според последната објавена ранг-листа на глобалните универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг универзитет, должна е веднаш по приемот на комплетната документација од кандидатот, а најдоцна во рок од 15 дена, да одлучи дали кандидатот ги исполнува или не сите предвидени услови од Конкурсот, односно дали на кандидатот му се доделува или не стипендијата.

 

Некомплетните документи и документите доставени по крајниот рок нема да се разгледуваат.

 

Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука или на телефон (00389-02) 3227 761, Биљана Зафировска, e-mail: biljana.zafirovska@mon.gov.mk

Коментари
Trackback URL:

Додади коментар

Dali brojot na stipendii e ogranicen I dali site koi ke se zapisat na prvite 100 odnosno 200 univerziteti sigurno dobivaat stipendija , dokolku drugite uslovi gi ispolnuvaat.

Пратено на 17.11.14 07:00.

Прати одговор Најактивни
Дали истиов конкурс ќе биде објавен и за академска 2015/2016?

Пратено на 21.2.15 16:40.

Прати одговор Најактивни
Почитувани
Би сакал да поставам едно прашање во врска со конкурсот за студирање во странство на првите 200 универзитети , дали и кога ќе биде објавен конкурсот.

Пратено на 18.3.15 20:49 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Koga veke ednas ke se objavi konkursot za 2015/2016 godina ili nema da se objavi , treba da znaeme

Пратено на 24.3.15 11:41.

Прати одговор Најактивни
Родители и идни студенти, бидејќи од МОН не излегуваат со информација дали годинава ќе се доделуваат стипендии за студирање во странство од проверени информации блиски до Владата , братучедите и фамилијата би сакал да ве информирам дека пари се обезбедени и стипендии ќе има. Парите се на пат преку Унгарија и ќе дојдат само се чека да донесат Ариел од Екстра маркет од кај Мијалков за да се исперат..
не чекајте стипендии владата е во хаос нив му е само умот како да се спасат од ова дереџе во кое се најдени и ќе мислат на стипендии на вашите деца , како да не.

Пратено на 2.4.15 14:52.

Прати одговор Најактивни
Ni traga ni glas za stipendii ovaa godina , dali sme ostaveni na cedilo emoticon ?

Пратено на 2.5.15 23:31.

Прати одговор Најактивни

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области