«Назад

Конкурс за доделување 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка на ученици од јавните и приватните средни училишта за 2015/16

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управата (“Службен весник на Република Македонија” бр.58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11), член 54 став 3 од Законот за ученичкиот стандард (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11,15/13, 41/14и 146/15) и Решение за распишување Конкурс за доделување 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година, Министерството за образование и наука распишува

 

КОНКУРС

за доделување 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонијаза учебната 2015/2016 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2015/2016 година ќе додели 400 (четиристотини) стипендии за социјална подршка на ученици од јавните и приватните средни училишта во Република Македонија.

 

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран успех од најмалку 4,00;

2. да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран успех од најмалку 4,00;

3. да не повторувале година во текот на образованието;

4. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

5. да се државјани на Република Македонија.

Критериум за доделување на стипендиите се:

-остварениот успех,

-материјалната состојба на потесното семејство на ученикот,

-освоени награди на меѓународни/државни натпревари освоени во текот на претходните две учебни години за учениците од прва година, односно во текот на претходната учебна година за учениците од II, III иIVгодина и

-социјалната положба на потесното семејство на ученикот.

Еден ученик може да добие најмногу 100 бодови и тоа: за остварениот успех во текот на школувањето може да се добие најмногу до 25 бодови, од освоени награди најмногу до 10 бодови, за остварените приходи (месечни и годишни) од членови на потесното семејство најмногу до 60 бодови и по 5 бодови добиваат учениците – деца на самохрани родители, деца на корисници на социјална помош и деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок кај кои вкупните приходи во семејството се до нето минималната плата утврдена во Република Македонија.

За награди освоени на државно ниво ќе се признаваат само награди доделени од акредитирани здруженија на наставници од страна на Министерството за образование и наука кои организираат натпревари на ученици.

Под меѓународен натпревар се подразбира меѓусебен натпревар помеѓу ученици од најмалку десет различни држави.

 

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Учениците кои се пријавуваат по конкурсот, треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот konkursi.mon.gov.mk, почнувајќи од 03.11.2015 година до 15.11.2015 година.

Пред започнување со електронското пријавување, задолжително да ги комплетирате сите потребни документи од точка III на овој Конкурс.

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 14.12.2015 година на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk.

 

III. МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

 

Учениците, кои се пријавиле електронски на конкурсот, до Министерството за образование и наука на ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје, од 16.11.2015– 27.11.2015 година, од 09-15 часот, ги доставуваат следните документи:

  1. Евидентен лист;
  2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2015/2016 година;
  3. Идентификационен број од успешно пополнета електронската пријава;
  4. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието(кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение);
  5. Заверени на нотар фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари;
  6. Потврди за остварена плата на вработените членови на семејството  за месец септември 2015година или доколку за овој месец не е исплатена плата, да се достави потврда за последната исплатена плата (за родителите-старатели вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели вработени во приватни фирми да се достави потрда за плата како и заверена декларација за прием на платата); за пензионираните членови на семејството да се достави документ за висина на пензија-чек; за разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход, за корисници на социјална помош да доставуваат последно решение или последен чек, за инвалидитет да се достави лекарска белешка, додека за браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција;
  7. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk;
  8. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk;
  9. Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет порталот stipendii.mon.gov.mk;

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно потпишани договори за соработка, ќе ги обезбеди следните документи:

-Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени годишни приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели на кандидатот

-потврда дека се невработени или примаат/не примаат паричен надоместок невработените членови на потесното семејство од Агенцијата за вработување на Република Македонија;

-извод на родени за брат/сестра под 6 годишна возраст, како и извод на умрените за починат родител од Управата за водење на матични книги;

-уверение за државјанство на Република Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е:

-некомплетна и/или

-ненавремено доставена.

Наградите-дипломите каде што нема прецизно  утврдено освоено место, односно награди-дипломи и пофалници за учество на натпревари без освоено место, наградите-дипломите  кои не се освоени во претходните две учебни години за учениците од I година,  или во претходната учебна година кај учениците од II,III и  IV година нема да се земат во предвид.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако Комисијата утврди дека податоците кои се внесени во електронската пријава не се идентични со податоците од доставената документација.

Комисијата може да утврди дополнителни критериуми доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови.

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

 

Висината на стипендијата ќе изнесува 2.200,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година.     

 

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија


Изјава за користење на личните податоци


Евидентен лист


Изјава за индентичност на податоците

 

Në bazë të nenit 55 paragrafi 1 të Ligjit për organizim dhe punë të organeve të administratës shtetërore (“Gazeta Zyrtare e RM nr. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 dhe 51/11), nenit 54 paragrafi 3 të Ligjit për standardin e nxënësit (“Gazeta Zyrtare e RM nr. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14 dhe 146/15) dhe Vendimit për publikim të konkursit për ndarje të 400 (katërqind) bursave për ndihmë sociale për nxënësit nga shkollat publike dhe private të mesme në Republikën e Maqedonisë për vitin shkollor 2015/2016, Ministria e arsimit dhe shkencës shpall

KONKURS

Për ndarje të 400 (katërqind)bursave për ndihmë sociale për nxënës nga shkollat publike dhe private të mesme në Republikën e Maqedonisë

Për vitin shkollor 2015/2016

 


Ministria e Arsimit dhe Shkencës për vitin shkollor 2015/2016 do të ndajë 400 (katërqind) bursa për ndihmë sociale për nxënës nga shkollat publike dhe private të mesme në Republikën e Maqedonisë

 

I.        KUSHTET PËR NDARJE TË BURSAVE

Të drejtë bursës kanë kandidatët që mësojnë në shkollat publike dhe private të mesme në Republikën e Maqedonisë dhe i plotësojnë kushtet në vijim:

1. të jenë nxënës të rregullt të vitit të I, të cilët gjatë arsimit fillor kanë arritur sukses të vazhdueshëm prej së paku 4,00;

2. të jenë nxënës të rregullt të vitit të II, III dhe IV, të cilët gjatë arsimit të mesëm të kenë arritur sukses të vazhdueshëm prej së paku 4,00;

3. të mos kenë përsëritur vit gjatë arsimit;

4. të mos jenë shfrytëzues të bursës nga institucione apo firma të tjera;

5. të jenë shtetas të Republikës së Maqedonisë.

 

Kriteret për ndarje të bursave janë:

-       suksesi i realizuar,

-       gjendja materiale e familjes më të ngushtë të nxënësit,

-       çmim të fituar në garat vendore ose ndërkombëtare dhe

-       gjendja sociale e familjes më të ngushtë të nxënësit.

 

Një nxënës mund të fitojë më së shumti 100 pikë edhe atë: për suksesin e realizuar gjatë shkollimit mund të fitohet më së shumti deri në 25 pikë, nga çmimet e fituara më së shumti deri në 10 pikë, për të hyrat e realizuara (mujore dhe vjetore) nga anëtarët e familjes më të ngushtë më së shumti deri në 60 pikë dhe nga 5 pikë fitojnë nxënësit – fëmijë të prindërve kryefamiljar, nxënës të shfrytëzuesve të ndihmës sociale dhe nxënës të shfrytëzuesve të kompensimit në bazë të tepricës teknologjike tek të cilët të hyrat e përgjithshme në familje janë deri në neto pagesën minimale të përcaktuar në Republikën e Maqedonisë.

 

Për çmimet e fituara në nivel shtetëror do të pranohen vetëm çmimet e ndara nga shoqatat e akredituara të mësimdhënësve nga ana e Ministrisë së arsimit dhe shkencës të cilët organizojnë gara për nxënësit.

 

 

II. MËNYRA DHE AFATI I PARAQITJES

Nxënësit të cilët paraqiten në konkurs, duhet të plotësojnë fletëparaqitjen elektronike të vendosur në internet portalin http://stipendii.mon.gov.mk, duke filluar prej 03.11.2015 deri më 15.11.2015.

Para fillimit të paraqitjes elektronike, është e domosdoshme të kompletoni të gjitha dokumentet e nevojshme nga pika III e këtij Konkursi.

Rang lista me kandidatët e zgjedhur do të publikohet më 14.12.2015 në internet portalin http://stipendii.mon.gov.mk.

 

III. VENDI DHE AFATI I DORËZIMIT TË DOKUMENTEVE

Nxënësit të cilët janë paraqitur në mënyrë elektronike gjatë konkursit, është e nevojshme në Ministrinë e arsimit dhe shkencës në rr. “Kiril i Metodi” nr. 54 – Shkup, prej datës 16.11.2015 – 27.11.2015 prej ora 09-15, ti sjellin dokumentet në vijim:

1.                    Listë evidentuese;

2.                    Vërtetim se është nxënës i rregullt në vitin shkollor 2015/2016;

3.                    Numër identifikimi të fletëparaqitjes së plotësuar me rregull elektronike;

4.                    Kopje të vërtetuara në noter të dëftesave për vitet e kaluara të mbaruara të arsimit (kandidatët e vitit të I dorëzojnë kopje të dëftesave prej klasës së VI deri të klasës së IX);

5.                    Diploma origjinale për vërtetim dhe kopje të vulosura në noter për çmimet e fituara në garat vendore dhe/ose ndërkombëtare;

6.                    Vërtetim për neto rrogën e realizuar të të punësuarve në familje për muajin shtator 2015 ose përderisa për këtë muaj nuk është paguar rrogë të dorëzohet vërtetim për rrogën e fundit të paguar (për prindërit-kujdestarët të punësuar në institucione shtetërore dhe publike të dorëzohet vërtetim për rrogë të vërtetuar nga organi përgjegjës, ndërsa për prindërit-kujdestarët të punësuar në firma private të dorëzohet vërtetim për rrogë si dhe deklaracion për pranim të rrogës); për anëtarët e pensionuar të familjes të dorëzojë dokument për shumën e pensionit; për prindërit e shkurorëzuar të dorëzohet dëshmi për shkurorëzim dhe nëse kandidati pranon alimentacion të njëjtën ta tregojë si të hyrë mujore, për shfrytëzuesit e ndihmës sociale të dorëzojnë vërtetim të fundit ose çekun e fundit, për invaliditet të dorëzojë vërtetim të mjekut, ndërsa për vëllezërit/motrat e kandidatit, të cilët janë nxënës/studentë, dorëzohet vërtetim nga shkolla, gjegjësisht nga fakulteti ose institucion tjetër;

7.                    Deklaratë të nënshkruar nga prindi ose kujdestari se kandidatit nuk është shfrytëzues i bursave ose kredive të tjera, të publikuar në internet në portalin http://konkursi.mon.gov.mk;

8.                    Deklaratë të nënshkruar nga prindi – kujdestari se dokumentet e dorëzuara janë të vërteta dhe të dhënat në atë janë identike me të dhënat të futura në fletëparaqitjen elektronike të publikuar në internet portalin http://stipendii.mon.gov.mk;

9.                    Deklaratë të nënshkruar nga prindi – kujdestari për përpunimin e të dhënave personale të kandidatit dhe familjen e tij të ngushtë (prindër-kujdestar, vëllezër, motra), me të cilën pajtohet Ministria e arsimit dhe shkencës me detyrë zyrtare të sigurojë dokumentet e nevojshme nga institucionet publike me të cilët ka nënshkruar marrëveshje bashkëpunimi, të publikuar në internet portalin http://stipendii.mon.gov.mk;

 

Ministria e arsimit dhe shkencës zyrtarisht, në pajtim me marrëveshjet e nënshkruara për bashkëpunim, do të sigurojë dokumentet në vijim:

- Certifikatë nga Drejtoria e të Hyrave Publike, për të hyrat e realizuara vjetore në baza të ndryshme për vitin paraprak (të hyra nga veprimtari të pavarura, të hyra për veprimtari bujqësore, të hyra nga prona dhe e drejta pronësore, të hyra nga kapitali, fitime kapitale, fitime nga lojërat e fatit dhe lojërat e tjera shpërblyese, dhe të hyra të tjera) për të dy prindërit – kujdestarët e kandidatit;

vërtetim se janë të papunë ose pranojnë/nuk pranojnë kompensim në të holla anëtarët e papunë të familjes më të ngushtë nga Agjencia për punësim e Republikës së Maqedonisë;

-certifikatë të lindjes për vëllezërit/motrat nën moshën 6 vjeçare, si dhe certifikatë të vdekjes për prindërit e vdekur nga Drejtoria e librave të amzës;

-certifikatë të shtetësisë të Republikës së Maqedonisë nga Ministria e punëve të brendshme.

 

Kandidatët nuk do të rangohen nëse dokumentacioni i dorëzuar është:

-i pakompletuar dhe/ose 

-i dorëzuar pas afatit.

Çmimet-diplomat ku nuk ka vend të zënë të specifikuar në garat shtetërore ose ndërkombëtare, gjegjësisht çmime dhe mirënjohje për pjesëmarrje në gara pa vend të zënë, nuk do të merren parasysh.

Kandidatët nuk do të rangohen nëse Komisioni përcakton se të dhënat të cilat janë të futura në fletëparaqitjen elektronike nuk janë identike me të dhënat nga dokumentacioni i shtruar.

Komisioni mund të përcaktojë kritere shtesë nëse ka më shumë kandidatë me numër të njëjtë të pikëve.

 

IV. SHUMA E BURSËS

Shuma e bursës do të arrijë 2.200,00 denarë në muaj për nëntë muaj gjatë vitit shkollor.

 

Коментари
Trackback URL:

Додади коментар

Vo makedonskata verzija za konkursot za 400 stipendii za socijalna poddrska na ucenici se povtoruva verzijata za stipendijata za talentirani 50 ucenici. Bi ve zamolil da ja objavite soodvetnata verzija na konkursot za 400 stipendii.

Пратено на 2.11.15 13:19.

Прати одговор Најактивни
Дали важат наградите освоени на математичкиот натпревар Кенгур за да се пријавам на конкурсот за доделување на 400 стипендии ?

Пратено на 3.11.15 07:10.

Прати одговор Најактивни
Дали е неопходно да се имаат дипломи од натпревари?

Пратено на 3.11.15 10:51.

Прати одговор Најактивни
За ученици во III година кои аплицираат прв пат, дали треба да се завери свидетелство само од II година, или и од I и II година?

Пратено на 3.11.15 18:31.

Прати одговор Најактивни
treba za I i II godina

Пратено на 3.11.15 18:57 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Веќе доставив документи за продолжување на стипендијата како да знам дека сум повторно еден од кандидатите за оваа година,и дали повторно треба да правам електронска пријава?

Пратено на 3.11.15 22:38.

Прати одговор Најактивни
Веќе доставив документи за продолжување на стипендијата како да знам дека сум повторно еден од кандидатите за оваа година,и дали повторно треба да правам електронска пријава? Филип

Пратено на 4.11.15 08:07.

Прати одговор Најактивни
како и каде да ги пратам во електронска форма документите за стипендија ?

Пратено на 4.11.15 09:31.

Прати одговор Најактивни
Ако може да ми кажеш кај треба да се прати електронската пријава ?

Пратено на 4.11.15 09:46 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
кај можи да ја најдам електронската пријава?

Пратено на 4.11.15 17:00.

Прати одговор Најактивни
Za 2god treba zavereno na notar samo sveditelstvo od 1va ili i od osnovno?

Пратено на 9.11.15 20:55.

Прати одговор Најактивни
Дали во успехот влегуваат и отценките од екстерното тестирање ?

Пратено на 12.11.15 19:21.

Прати одговор Најактивни
Јас отидов во УЈП и од таму ми кажаа дека не треба да извадам документи за приходите на моите родители и дека истите ќе стигнат по службен пат. За електронска пријава се потребни податоци за приходи, а ги немам. Дали вие останати извадивте документи за приходи и дали ги потполнивте тие места во електронската пријава?

Пратено на 12.11.15 20:09 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Dali dostavuvanjeto na dokumentite treba da e lichno roditelot ili mozhe nekoe drugo vozrasno lice?

Пратено на 13.11.15 10:32.

Прати одговор Најактивни
ne

Пратено на 14.11.15 17:14 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Dali treba site diplomi da bidat zavereni?

Пратено на 16.11.15 18:52 во одговор на .

Прати одговор Најактивни
Кога ќе излезат резултатите?

Пратено на 15.12.15 10:54.

Прати одговор Најактивни

НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ НАЈНОВИ АКТИВНОСТИ

Прикажани 1 - 5 од 10 резултати.
на 2

   

СТИПЕНДИИ КУРСЕВИ
СЕМИНАРИ/НАУЧНИ
КОНФЕРЕНЦИИ
РЕЗУЛТАТИ КОНТАКТ FOREIGN STUDENTS
           
Во Р.Македонија По држави По држави      
Надвор од Р.Македонија По области По области